ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/12 стр. 10-11
  • Балоло — „пацифички кавијар“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Балоло — „пацифички кавијар“
  • Разбудете се! 2002
  • Сличен материјал
  • Фасцинантниот свет на црвите
    Разбудете се! 2003
  • Содржина
    Разбудете се! 2002
  • Јеховиното име на Пацификот
    Разбудете се! 2004
  • Гасеници за ручек?
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/12 стр. 10-11

Балоло — „пацифички кавијар“

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! НА ФИЏИ

ДАЛИ сакате морска храна? Ако да, придружете ни се во едно село на еден оддалечен остров на Фиџи, каде што ќе уживаме во егзотична гозба. Додека слушаме како брановите нежно удираат во чамците, забележуваме една подземна печка, наречена лово, ископана во близина на брегот. Запален е оган за да се загреат посебно избрани камења, врз кои ќе се готви главното јадење.

Но, кој ќе го донесе главното јадење? Никој! Наместо тоа, едноставно ќе чекаме главното јадење само да дојде кај нас. Ако претчувствувате дека има нешто необично во овој оброк, во право сте. Нашата толку очекувана гозба ќе биде чинија размрдани, вкусни црви! Овие црвенкасто⁠-​кафеави (мажјаците) и сино⁠-​зелени (женките) морски црви го добиле називот пацифички кавијар. Овде, на островите Фиџи, овој необичен кулинарски деликатес е наречен балоло.a

Еднаш или двапати годишно, во текот на една до три ноќи додека месечината е во својата последна четврт, балоло црвите масовно испливуваат на површината на морето.b Предвидливите термини на ова мрестење не можат сосема да се разберат, но научниците сметаат дека тоа можеби е поврзано со покачувањето на морските температури, со месечевите мени или со должината на денот. Методите на предвидување вклучуваат набљудување на времето, набљудување на цветањето на извесни растенија и различните услови на морето. Неодамна, морските биолози ја предвиделе појавата на балоло црви врз основа на месечевите мени и метонскиот циклус.c

Во селото, звукот на пеењето придружено со укулеле и гитари е прекинат со известувањето дека црвите почнале да испливуваат. Да им се придружиме на мажите, жените и децата што тргнуваат кон морскиот гребен. Некои носат исулу (платно што се завиткува околу телото, кое го носат мажите и жените) во светли бои и прекрасен салусалу (миризлив цветен венец). Со оглед на тоа што ќе зачекорат во океанот, овие луѓе се необично убаво облечени.

Неколкумина одлучуваат да учествуваат во овој настан седејќи во кану, но ние одлучуваме да ѝ се придружиме на групата што зачекорува од брегот. Наскоро сме влезени до половината во топлата тропска вода. Одеднаш, стануваме свесни дека на површината насекаде околу нас испливуваат илјадници и илјадници црви!

Сега нѐ обзема возбудата на она што е наречено „една од најнеобичните реткости во историјата на природата на Јужниот Пацифик“. Се користи секое можно средство за да се фатат размрданите суштества кога ќе се појават на површината — кофи, рачни мрежи, мрежи за комарци, плетени кошници од кокосови лисја, па дури и голи раце. Еден посетител набљудувал некој жител на Фиџи со разбушавена, кадрава коса како ја нурнува главата во размрданата маса и ги истресува во едно бротче црвите што му се заплеткале во косата! Некои нестрпливи учесници веднаш го пробуваат уловот и може да се види како енергично џвакаат додека продолжуваат да собираат.

Изгледа дека исто толку брзо како што започна, овој зачудувачки спектакл заврши — барем за една година. Одлучуваме да ја одбиеме можноста да јадеме незготвени црви, но им се придружуваме на нашите пријатели на брегот кога првпат го вкусуваме овој „пацифички кавијар“ штом го извадија од подземната печка. Богати со витамини и минерали, балоло црвите можат да се сварат, да се испечат или да се испржат. Штом се зготват, траат цела седмица или подолго. Но, признаваме дека нивниот вкус на риба не е за секого.

Дојде време да си заминеме и им се заблагодаруваме на нашите домаќини од селото за нивната срдечна островска гостољубивост. Додека размислуваме за испливувањето на балоло црвите, за предвидливите термини и за меѓусебната зависност на сите живи суштества на морскиот гребен, му се восхитуваме на Творецот на таквите различни животни циклуси (Откровение 4:11).

Ако планирате да ги посетите островите Фиџи, можеби ќе сакате да пробате чинија од овие вкусни прстенести црви. Од друга страна, пак, можеби повеќе ќе сакате да си понесете свој ручек! Што и да одлучите, можете да бидете уверени дека во времето на балоло островјаните ќе чекаат да надојде фасцинантниот „пацифички кавијар“.

[Фусноти]

a Други јазици го користат самоанскиот назив палоло.

b Нешто слично се случува и на други места во јужните и во западните региони на Пацификот, вклучувајќи ги Куковите Острови, Самоа, Соломоновите Острови, Тонга и Вануату. Освен тоа, се известува дека во други делови од светот има масовна појава на прстенестите црви, вклучувајќи го Малајскиот Архипелаг, Мексиканскиот Залив, Карибите и Јапонија.

c Метонски циклус е период од 19 години.

[Рамка/слика на страница 11]

Дали навистина јадат црви?

Можеби ќе се изненадите и истовремено ќе Ви олесни кога ќе дознаете дека оваа необична ловечка експедиција не е тоа што изгледа. Разгледајте зошто.

Делот кај опашката на балоло црвите драстично се менува и брзо прераснува во органи за репродукција наречени епитоки. Тие содржат полови клетки наречени гамети. Делот на опашката, опремен со очи и со екстремитети како весла, се одвојува од црвот и се издига на површината на морето. Ако не го фати некој гладен човек или морски грабливец, растворливите надворешни слоеви експлодираат, при што исфрлаат јајца и сперма за некој брилијантно смислен „случаен“ состанок. Нивниот огромен број гарантира дека доволно од нив ќе се оплодат, и покрај она што ќе го уловат човекот и животните. Оние што преживуваат како ларви што слободно пливаат наоѓаат соодветен корал, каде што се сместуваат за да го започнат својот животен циклус.

Значи, кога јадеме балоло, ги јадеме само деловите на опашот на црвите што сѐ уште живеат на морскиот гребен.

[Извори на слики на страница 10]

Горе: Sekove Bigitibau; лево, во средината и страница 11: Paul Geraghty

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели