ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/07 стр. 26-27
  • Гасеници за ручек?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гасеници за ручек?
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Јадење што тешко се заборава
    Разбудете се! 2012
  • Набљудување на светот
    Разбудете се! 1998
  • Фасцинантниот свет на црвите
    Разбудете се! 2003
  • Балоло — „пацифички кавијар“
    Разбудете се! 2002
Разбудете се! 2007
g 5/07 стр. 26-27

Гасеници за ручек?

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЗАМБИЈА

НЕКОИ луѓе не можат ни да замислат да јадат црви. Но, многу други ги сметаат за вистински деликатес. Во некои делови на Африка, омилена храна е гасеницата на молецот самовила (Imbrasia belina). Таму овој инсект е познат како црвот мопане, име што му е дадено според дрвото мопане, кое му е омилено живеалиште. Жителите на многу селца едвај чекаат да дојде време да ги соберат овие хранливи и вкусни подвижни залачиња. Кит Леџет, од Друштвото за заштита на Калахари, вели: „Тие се многу важен извор на протеини“. Црвите играат многу важна улога и во еколошката заштита на честопати сушните и прилично неплодните шуми во саваните.

Кога летните дождови во почетокот на ноември ќе почнат да ја заплиснуваат јужна Африка, земјата живнува. Милиони кожурци што престојуваат под земјата се преобразуваат во убави молци. За само неколку седмици, од малечки јајца младите ќе се претворат во ларви, а потоа во разнобојни, полнички „колбавчиња“.

Во подрачјата каде што основна храна се маниоката и пченката кои се богати со скроб, овие гасеници се вкусен додаток во исхраната. Иако можеби на повеќето од нас не би ни паднало на ум да јадеме гасеници, вредно е да се спомне дека тие содржат над 60 проценти протеини и затоа се многу корисна храна, особено на места каде што квалитетната протеинска храна е скапа или ја нема доволно. Една порција гасеници што се користат во исхраната има иста хранлива вредност како и една порција месо или риба, и задоволува отприлика три четвртини од дневните потреби од протеини, витамини и минерали. Да, овие мали животинчиња се многу хранливи!

Луѓето што јадат гасеници сигурно не сфаќаат зошто на други места земјоделците користат скапи хемиски препарати за да ги уништат овие хранливи инсекти. Иако овие животинчиња се хранат со невкусни, а понекогаш и отровни лисја, самите тие стануваат многу вкусна храна. И за сето тоа на тамошните земјоделци не им е потребна ниту скапа опрема ниту ветеринарни услуги. Бидејќи се собираат рачно, гасениците се многу доходовна култура во која се вложува многу мал труд.

Црвот мопане многу придонесува за плодноста и за еколошката рамнотежа во африканската дивина. Иако африканскиот слон е познат по својата големина и огромен апетит, тој јаде сосема малку во споредба со малиот црв мопане. Во текот на својот краток животен век, кој трае само шест седмици, ордите гасеници јадат околу десет пати повеќе растенија и исфрлаат речиси четири пати повеќе органско ѓубриво отколку слоновите што пасат на истото тоа подрачје. Не е ни чудо што гасеницата се зголемува за зашеметувачки 4.000 пати! Затоа, не изненадува тоа што неконтролираното собирање на овој црв влијае врз плодноста на почвата и врз еколошката рамнотежа на земјата.

Како се собираат овие гасеници? Црвите мопане се собираат двапати во годината. Првиот пат ги собираат жените од селата во текот на дождовната сезона. Тоа собирање трае неколку седмици. Потоа црвите се чистат, се варат и се оставаат да се сушат. Меѓутоа, при собирањето и подготовката на некои други гасеници што служат како храна мора многу да се внимава. Треба да се отстранат заштитните влакна или боцки кои ги има на телото на некои видови. Мора да се внимава и при готвењето бидејќи некои гасеници се хранат со растенија кои се отровни за луѓето. Откако ќе се преработат, исушените гасеници може да се јадат како крцкава закуска, но најчесто се варат како чорба или се пржат со домати и кромид.

Можеби помислата да јадеш гасеници ти звучи како вистинска авантура. Но, може и да ти се згади од тоа. Можеби сепак ќе решиш да го прескокнеш овој егзотичен оброк. Сепак, не заборавај: тие се важен извор на протеини и им носат дополнителен приход на многу семејства во Африка.

[Слика на страница 26]

Бидејќи е богат со протеини, црвот мопане е многу корисна храна

[Слика на страница 27]

Во текот на својот краток животен век од само шест седмици, црвот мопане се зголемува за 4.000 пати

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели