ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g02 8/12 стр. 24-25
  • Десет милиони книги во еден стакленик

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Десет милиони книги во еден стакленик
  • Разбудете се! 2002
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Рани почетоци
  • Огромен пораст
  • Преместувањето — предизвик
  • Ризница на знаење
  • Како да се направи теократска библиотека
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Како ни користи собраниската библиотека?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Библиотеки — порти кон знаењето
    Разбудете се! 2005
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Разбудете се! 2002
g02 8/12 стр. 24-25

Десет милиони книги во еден стакленик

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ФРАНЦИЈА

КАЧУВАЈЌИ СЕ по дрвените скалила на отворениот простор што го бие ветар, посетителот не може а да не биде импресиониран — па дури и уплашен — од четирите кули покриени со стакло што се издигаат над неговата глава. Ова не е некој обичен комплекс. Сместена на бреговите на Сена, ова е супермодерната Народна библиотека на Франција. Во извесна смисла, биле потребни векови за нејзиното создавање.

Рани почетоци

Во 1368, Шарл V собрал речиси 1.000 манускрипти во една кула во тврдината Лувр, во Париз. Но, дури по Стогодишната војна кралевите на Франција почнале да собираат една трајна збирка. Подароците и наследството од тие што сакале да ја добијат наклоноста на кралевите ја збогатиле библиотеката, а исто така и книгите што ги донеле од европските земји и од Ориентот патниците и амбасадорите или војниците како воен плен. Потоа, Франсоа I започнал еден законски систем на собирање донесувајќи еден закон во 16 век со кој се барало Кралската библиотека да биде опремена со по еден примерок од секоја книга што била издадена.

Откако била сместувана во различни кралски резиденции во провинциите, Кралската библиотека била префрлена назад во Париз, каде што била опљачкана за време на верските војни (1562—1598). Библиотеката си нашла еден потраен дом во 1721. По конфискувањето на верските и на аристократските збирки во текот на Француската револуција, библиотеката се здобила со стотици илјади книги, манускрипти и отпечатени материјали. Иако од непроценлива вредност, со оваа набавка станало сосема очигледно дека има хроничен недостиг на простор во постоечките објекти.

Огромен пораст

Во 1868 била изградена и пуштена во употреба една читална со девет стаклени куполи. Проектирана од архитектот Анри Лабруст, таа можела да собере 360 читатели и станала дом на околу 50.000 книги. На полиците во соседните складишта имало простор за уште еден милион книги. Но, во текот на шест децении, бројот на книги во оваа библиотека надминал три милиони!

Бројните реновирања и проширувања не можеле да држат чекор со дополнителните три километри полици што биле потребни секоја година за книгите и списанијата што пристигнувале. Конечно, во 1988, претседателот Франсоа Митеран најавил еден проект за изградба на можеби „најголемата и најмодерна библиотека во светот“. Нејзината цел била „да ги опфати сите полиња на спознание, да биде достапна за секого, да ги користи најновите технологии за пренос на податоци, да може да се консултира оддалеку и да биде поврзана со други европски библиотеки“.

За да се обезбеди проект за новата библиотека, се одржал еден меѓународен натпревар. Биле поднесени околу 250 идеи. На крајот бил прифатен проектот на не многу познатиот француски архитект Доминик Перо. Неговиот концепт бил едно огромно подножје со кула на секој агол во облик на исправена отворена книга. Критичарите се потсмевале на идејата да се складираат книги во стаклени кули — соларни печки, како што ги нарекле — каде што книгите ќе бидат изложени на сонце и на топлина. Како компромис, за да се заштитат книгите било одлучено да се инсталираат дрвени ролетни зад прозорците, а најскапоцените документи да се складираат едни врз други во подножјето.

Преместувањето — предизвик

Уште еден предизвик било претстојното преместување на повеќе од десет милиони книги, од кои голем број се многу трошни и ретки, како што се двата примерока на Гутенберговата Библија што се наоѓаат во библиотеката. Претходните преместувања не поминале без проблеми. Според очевидец на едно преместување на книгите во 1821, многу книги од кочиите паднале во калта на улицата. Овој пат пренесувањето требало да биде организирано на понаучна основа.

Во 1998 една екипа од професионалци започнала со гигантската задача да се преместат милиони книги. За да се спречи оштетување, кражба или губење, книгите биле транспортирани во запечатени, водоотпорни, огноотпорни витрини што ги ублажуваа потресите. Во текот на речиси една година, десет камиони, без никаква ознака како дополнителна претпазливост за безбедноста, со мака минувале низ озлогласениот париски метеж во сообраќајот за секој ден да однесат од 25.000 до 30.000 книги во нивниот нов дом.

Ризница на знаење

Новата библиотека е поделена на две нивоа. Haut⁠-​–de⁠-​jardin (горна градина) има 1.600 седишта за општата читателска публика и наменета е за да обезбеди слободен пристап до околу 350.000 книги. Rez⁠-​–de⁠-​jardin (долна градина) има 2.000 седишта, кои се резервирани за истражувачи.

Библиотеката е изградена околу една минијатурна шума. Декорот од црвени теписи и дрвени ѕидни табли и мебел уште повеќе придонесува за да се создаде топла, опуштена атмосфера што помага за концентрација и проучување. Има и една аудиовизуелна просторија каде што посетителите можат да консултираат CD⁠-​ROM⁠-​ови, филмови, аудиоснимки и илјадници дигитализирани слики и книги.

Француската библиотека има доволно полици за да се сместат нови книги во текот на следните 50-тина години. Човек не може а да не размислува за тешкиот труд што бил потребен за да се изгради и за да се зачува една таква ризница на знаење!

[Слика на страница 24]

Читалната во 1868

[Извор на слика]

© Clichè Bibliothèque nationale de France, Paris

[Извор на слика на страница 25]

©Alain Goustard/BNF. Архитект: Dominique Perrault. © 2002 Artists Rights Society (ARS), New York/ADAGP, Paris

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели