ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/4 стр. 12-14
  • За побезбедна бременост

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • За побезбедна бременост
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Здравствена нега пред бременоста
  • Здравствена нега за време на бременоста
  • Успешно породување
  • Здрави мајки, здрави бебиња
    Разбудете се! 2009
  • Бременост кај тинејџерки — трагедија од светски размери
    Разбудете се! 2005
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Кој треба да одлучи за големината на семејството?
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/4 стр. 12-14

За побезбедна бременост

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

СПОРЕД Фондот за население при Обединетите нации, секоја година повеќе од половина милион жени умираат од причини поврзани со бременоста. Освен тоа, Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) забележува дека секоја година кај повеќе од 60 милиони жени доаѓа до тешки компликации во бременоста и дека кај речиси една третина од нив остануваат доживотни повреди или инфекции. Во неразвиените земји многу жени се заробени во кругот на непрекинати бремености и породувања, па така се запоставуваат и сето тоа ги остава исцрпени и болни. Да, бременоста може да биде штетна — па дури и опасна. Може ли жената да направи нешто за да има побезбедна бременост?

Здравствена нега пред бременоста

Планирање. Можеби ќе треба сопрузите и сопругите да дискутираат за тоа колку деца ќе имаат. Во неразвиените земји е вообичаено да се видат жени со мали деца како уште дојат бебе и, во исто време, веќе очекуваат друго. Со внимателно планирање и размислување може да се дозволи да помине некое време пред да се роди следното дете, што ќе ѝ донесе олеснување на жената, која ќе може да закрепне по породувањето.

Исхрана. Според Коалицијата за позитивен исход при бременоста, пред да забремени на жената ѝ се потребни најмалку четири месеци за да закрепне од дотогашната изложеност на штетни супстанции и за да си изгради добра резерва од хранливи состојки. На пример, ризикот од спина бифида (вродена деформација на ’рбетниот столб) предизвикана од погрешно затворање на невралната цевка, многу е намален кога во организмот на идната мајка има доволна количина на фолна киселина. Бидејќи невралната цевка на ембрионот се затвора од 24-от до 28-от ден од зачнувањето — долго време пред многу жени воопшто да знаат дека се бремени — некои жени што планираат да забременат земаат фолна киселина.

Друга хранлива состојка од пресудна важност е железото. Всушност, жената има двојно поголема потреба од железо за време на бременоста. Ако нивото на железо е ниско — што е случај кај многу жени во неразвиените земји — кај неа може да настане анемија предизвикана од недостиг на железо. Ваквата состојба може уште повеќе да се влоши со повеќекратни бремености, бидејќи жената нема да има време да го надомести железото помеѓу едната и другата бременост.a

Возраст. Ризикот од смртност кај бремените девојки на возраст под 16 години е повисок за 60 проценти отколку кај девојките во своите 20-ти години. Од друга страна, пак, поголема е веројатноста жените над 35 години да родат бебиња со вродени маани, како што е Дауновиот синдром. Мајките што се многу млади или, пак, се во подоцнежните години за раѓање, се посклони на предеклампсија. Ова заболување што се карактеризира со висок крвен притисок по 20-тата недела од бременоста, како и со присуство на едем и зголемено количество протеини во урината, го зголемува ризикот од смртност и кај бебето и кај мајката.

Инфекции. Уринарните, цервиковагиналните и гастроинтестиналните инфекции можат да се влошат за време на бременоста и да го зголемат ризикот од предвремено породување и предеклампсија. Најдобро е секоја инфекција да се лекува пред бременоста.

Здравствена нега за време на бременоста

Нега пред породувањето. Редовните лекарски прегледи во текот на целата бременост го намалуваат ризикот од смртност кај мајките. Дури и во земјите каде што секој не може редовно да отиде на клиника и во болница, можеби има соодветно обучени бабици.

Негата пред породувањето може однапред да му сигнализира на стручниот персонал за некои ситуации во кои можеби ќе биде потребна посебна нега. Тоа може да вклучува носење близнаци, хипертензија (висок крвен притисок), проблеми со срцето и бубрезите, и дијабетес. Во некои земји бремената жена може да прими вакцина против тетанус за да се спречи тетанус кај новороденчето. Исто така, помеѓу 26-та и 28-та седмица од бременоста можат да се направат испитувања за стрептококи од групата Б. Ако се присутни во дебелото црево, овие бактерии можат да го инфицираат бебето при породувањето.

Идната мајка треба да биде подготвена да им ги даде на медицинските лица сите можни информации, вклучувајќи и податоци за својата дотогашна здравствена состојба. Исто така, таа треба слободно да поставува прашања. Веднаш треба да побара медицинска помош ако дојде до вагинално крвавење, ненадејно воспаление на лицето, силни или постојани главоболки или болка во прстите, ненадејно оштетување или заматување на видот, силни болки во стомакот, постојано повраќање, морници или треска, промени во зачестеноста или интензитетот на движењата на фетусот, губење на течности низ вагината, болка при мокрењето или абнормално мало количество урина.

Алкохол и дрога. Ако мајката зема алкохол и дрога (вклучувајќи и тутун), се зголемува ризикот од ментална заостанатост, телесни маани, па дури и од нарушувања во однесувањето кај детето. Кај некои бебиња чии мајки земале дрога се јавуваат симптоми на одвикнување. Иако некои луѓе сметаат дека чаша вино одвреме навреме не е штетна, стручњаците обично препорачуваат целосна апстиненција за време на бременоста. Исто така, идните мајки треба да се чуваат од чадот на цигарите на другите пушачи.

Лекови. Не треба да се земаат никакви лекови освен ако не се конкретно препишани од доктор што знае за бременоста и кој внимателно ги одмерил ризиците. И некои витамински додатоци можат да бидат штетни. На пример, вишок на витамин А може да предизвика деформитети кај фетусот.

Покачување на телесната тежина. Трудницата треба да избегнува крајности. Според Krause’s Food, Nutrition and Diet Therapy, ризикот од смртност кај бебињата родени со мала телесна тежина е 40 пати поголем отколку кај новороденчињата со нормална тежина. Од друга страна, пак, ако се јаде за двајца, само може да дојде до претерана згоеност. Правилното зголемување на тежината — кое е поочигледно од второто тромесечие натаму — покажува дека идната мајка јаде токму толку колку што е соодветно на нејзините зголемени потреби.b

Хигиена и други работи. Може нормално да се продолжи со капење и туширање, но не и со вагинално промивање. Трудницата треба да избегнува контакт со секој што боледува од вирусни инфекции, како што е рубеолата. Освен тоа, за да се спречи токсоплазмоза, мора внимателно да се избегнува недоварено месо и контакт со измет од мачки. Неопходно е да се одржува основна хигиена, како што е миење раце и миење на свежата храна. Сексуалните односи обично не се ризични, освен во текот на последните седмици од бременоста или во случај на крвавење, грчеви или претходен спонтан абортус.

Успешно породување

Кај жената што се грижи за себе во текот на бременоста ќе има помалку компликации при породувањето. Се разбира, таа веќе ќе има испланирано дали повеќе сака да се породи дома или во болница. Исто така, ќе биде прилично информирана што да очекува и како да соработува со квалификувана бабица или лекар. Тие, пак, ќе знаат за информираниот избор на жената — каде што изборот е можен — за такви прашања како што се положба при породувањето, епизиотомија и користење на медицински клешти, аналгетици и набљудување на фетусот на монитор. Исто така, треба да се постигне согласност и за следниве прашања: Во која болница или клиника ќе одат ако дојде до компликации при породувањето дома? Што точно да се направи ако се изгуби премногу крв? Бидејќи крвавењето е причина за многу смртни случаи кај мајките, мора лесно да биде достапна некаква замена за крв за пациентките што не прифаќаат трансфузија. Исто така, мора однапред да се размисли што да се направи ако биде потребен царски рез.

Библијата вели дека децата се благослов од Бог, „наследство“ (Псалм 127:3, NW). Колку повеќе жената знае за својата бременост, толку подобро ќе биде за неа. Со тоа што ќе се грижи за себе пред и за време на бременоста, и однапред ќе размислува доволно за различните аспекти на породувањето, жената прави сѐ што може за да си осигура побезбедна бременост.

[Фусноти]

a Некои извори на фолна киселина и железо се: црн дроб, мешунки, зеленчук со зелени листови, ореви, лешници и бадеми, како и жита збогатени со витамини и минерали. За да се апсорбира храната богата со железо, ќе биде корисно да се комбинира со храна богата со витамин Ц, како што е свежото овошје.

b Се препорачува жената што во почетокот на бременоста имала нормална телесна тежина да качи 9 до 12 килограми до крајот на бременоста. Меѓутоа, адолесцентките или недоволно исхранетите жени треба да качат 12 до 15 килограми, а оние со преголема телесна тежина треба да качат само 7 до 9 килограми.

[Рамка на страница 14]

СОВЕТИ ЗА ТРУДНИЦИТЕ

● Обично секојдневната исхрана на трудницата треба да вклучува овошје, зеленчук (особено темно зелен, портокалов и црвен), мешунки (како што се грав, соја, леќа и слануток), жита (вклучувајќи пченица, пченка, овес и јачмен — по можност интегрални или збогатени), храна од животинско потекло (риба, пилешко, говедско, јајца, сирење и млеко, по можност обезмаслено). Маслата, рафинираниот шеќер и солта е најдобро да се земаат во умерени количини. Пијте многу вода. Избегнувајте пијалаци со кофеин, како и храна што содржи конзерванси и адитиви (како што се вештачки бои и додатоци за вкус). Штиракот, глината и други супстанции што не служат за исхрана можат да предизвикаат неисхранетост и труење.

● Чувајте се од можни опасности во околината, како што е изложеноста на рентгенски зраци и на штетни хемикалии. Ограничете ја употребата на спрејови и други препарати за домаќинството. Немојте премногу да се загревате со тоа што ќе се изложувате на превисоки температури или претерано ќе вежбате. Избегнувајте да стоите долго време и премногу да се напрегате. Заземете исправна положба кога го ставате сигурносниот појас во автомобилот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели