ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/11 стр. 3-4
  • Дијабетес — „тивок убиец“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дијабетес — „тивок убиец“
  • Разбудете се! 2003
  • Сличен материјал
  • Како да го намалиш ризикот од дијабетес
    Разбудете се! 2014
  • Предизвикот на лекувањето
    Разбудете се! 2003
  • Како може Библијата да им помогне на болните од дијабетес
    Разбудете се! 2003
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/11 стр. 3-4

Дијабетес — „тивок убиец“

КОГА имал 21 година, Кен почувствувал чудна, незгаслива жед. Исто така, имал потреба често да мокри — со текот на времето дури и на секои 20 минути. Наскоро почнал да чувствува тежина во рацете и нозете. Бил хронично уморен и видот почнал да му се замаглува.

Пресвртница настапила кога Кен се заразил со некој вирус. Кога отишол на лекар се потврдило дека Кен немал само грип — тој имал и дијабетес мелитус од типот I — накратко, дијабетес. Ова хемиско нарушување ја спречува способноста на телото да користи извесни хранливи материи, главно еден вид шеќер во крвта наречен гликоза. Кен останал шест седмици во болница пред да му се стабилизира нивото на шеќерот во крвта.

Ова се случило пред повеќе од 50 години, а во текот на изминатиов половина век начините на лекување значително се подобриле. Сепак, Кен сѐ уште има дијабетес, и тој не е единствениот. Се проценува дека во целиот свет оваа болест ја имаат преку 140 милиони луѓе, а според Светската здравствена организација, до 2025 оваа бројка може да се зголеми за двапати. Се разбира, стручњаците се загрижени поради раширеноста на дијабетесот. „Гледајќи ги бројките почнуваме да сфаќаме дека ова би можело да биде почеток на една епидемија“, вели д-р Робин С. Голанд, помошник директор на еден центар за лекување во Соединетите Држави.

Разгледајте ги овие кратки извештаи од светот.

АВСТРАЛИЈА: Според австралискиот Меѓународен институт за дијабетес, „дијабетесот претставува еден од најтешките здравствени проблеми во 21 век“.

ИНДИЈА: Најмалку 30 милиони луѓе имаат дијабетес. „Пред 15 години немавме речиси ниту еден пациент помлад од 40 години“, вели еден лекар. „Денес секој втор пациент ѝ припаѓа на оваа старосна група.“

СИНГАПУР: Речиси една третина од населението на возраст од 30 до 69 години има дијабетес. Поставена е дијагноза и кај многу деца — некои дури и на возраст од десет години.

СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ: Заболени се приближно 16 милиони луѓе, а секоја година се дијагностицираат околу 800.000 нови случаи. Милиони луѓе ја имаат оваа болест, но сѐ уште не се свесни за тоа.

Лекувањето на дијабетесот е отежнато поради тоа што некој може да ја има оваа болест долго време пред таа да се дијагностицира. „Бидејќи почетните симптоми се прилично благи“, забележува списанието Asiaweek, „честопати се случува некој да не препознае дека има дијабетес.“ Затоа дијабетесот е наречен тивок убиец.

Со оглед на раширеноста и сериозноста на оваа болест, во следните статии ќе се задржиме на овие прашања:

● Што го предизвикува дијабетесот?

● Како можат оние што го имаат ова заболување да се справат со него?

[Рамка/слика на страница 4]

Од каде доаѓа името

Терминот „дијабетес мелитус“ доаѓа од еден грчки збор што значи „протекува“ и од еден латински збор што значи „сладок како мед“. Овие зборови соодветно го опишуваат ова нарушување, бидејќи водата минува низ човекот што има дијабетес како да протекува од устата преку уринарниот тракт и веднаш се исфрла од телото. Освен тоа, урината е слатка поради тоа што содржи шеќер. Всушност, пред да се откријат поефикасни техники, еден начин за да се провери дали пациентот имал дијабетес бил да се истури неговата урина во близина на некој мравјалник. Ако биле привлечени инсектите, тоа покажувало дека има присуство на шеќер.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели