ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/14 стр. 12-13
  • Како да го намалиш ризикот од дијабетес

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го намалиш ризикот од дијабетес
  • Разбудете се! 2014
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е дијабетес?
  • Предизвикот на лекувањето
    Разбудете се! 2003
  • Дијабетес — „тивок убиец“
    Разбудете се! 2003
  • Како може Библијата да им помогне на болните од дијабетес
    Разбудете се! 2003
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 9/14 стр. 12-13
Брачен пар што џогира

Како да го намалиш ризикот од дијабетес

БРОЈОТ на заболени од дијабетес мелитус толку нагло расте што оваа болест доби размери на глобална епидемија. Има два главни типа дијабетес. Тип 1 се појавува претежно во детството и засега лекарите не знаат како да го спречат. Но, во оваа статија ќе зборуваме за дијабетес тип 2 од кој страдаат околу 90 отсто од дијабетичарите.

Порано се сметаше дека само возрасните заболуваат од дијабетес тип 2, меѓутоа сега се знае дека и деца страдаат од оваа болест. Сепак, експертите тврдат дека може да се намали ризикот од дијабетес тип 2. Од помош може да ти биде ако дознаеш нешто повеќе за оваа подмолна болест.a

Што е дијабетес?

Дијабетесот е заболување кое се карактеризира со зголемено ниво на шеќер во крвта. При оваа болест доаѓа до нарушување на нормалниот процес со кој шеќерот се транспортира од крвотокот до клетките, кои го користат за енергија. Ова предизвикува оштетување на виталните органи и нарушување на циркулацијата на крвта, што може да води до ампутација на ножен прст или на стапалото, до слепило или до бубрежни болести. Голем број дијабетичари умираат од инфаркт или од мозочен удар.

Прекумерната тежина е еден од главните ризик-фактори за дијабетес тип 2. Експертите сметаат дека масното ткиво наталожено на стомакот и половината може да биде показател за зголемен ризик од дијабетес. Меѓутоа, она што го спречува телото да го регулира нивото на шеќер во крвта најверојатно се мастите во панкреасот и во црниот дроб. Како да го намалиш ризикот?

Три чекори што можат да го намалат ризикот од дијабетес

1. Доколку спаѓаш во ризична група, провери го нивото на шеќер во крвта. На дијабетес тип 2 обично му претходи фазата позната како предијабетес — состојба при која шеќерот во крвта е благо покачен. И двете состојби се штетни, но има една разлика: дијабетесот може да се контролира, но сѐ уште е неизлечива болест. Од друга страна, некои предијабетичари успеваат да го доведат шеќерот до нормала. Предијабетесот не мора да биде проследен со очигледни симптоми. Значи, некој може да има предијабетес без да знае. Според некои истражувања, во целиот свет има околу 316 милиони заболени од предијабетес, а многумина од нив не се ни свесни за тоа. На пример, само во САД, околу 90 отсто од нив не знаат дека имаат предијабетес.

Меѓутоа, предијабетесот не е безопасен. Освен што му претходи на дијабетес тип 2, предијабетесот од неодамна се поврзува и со зголемен ризик од деменција. Ако имаш прекумерна тежина, ако не си физички активен или ако некој од семејството има дијабетес, можно е веќе да имаш предијабетес. Тоа може да се утврди со мерење на шеќерот во крвта.

2. Храни се здраво. Од голема помош може да ти биде ако се држиш за следниве совети секогаш кога е можно: јади помали оброци од обично. Наместо засладени овошни сокови и газирани пијалаци пиј вода, чај или кафе. Јади — но во умерени количини — интегрален леб, ориз и тестенини, а не индустриски преработена храна. Исто така, јади јаткасти и мешункасти плодови, месо со помалку масти и риба.

1. Салата; 2. Вага за мерење

3. Биди физички активен. Со вежбањето може да го намалиш шеќерот во крвта и да одржуваш здрава телесна тежина. Еден експерт препорачува дел од времето за гледање телевизија да се користи за вежбање.

Гените не можеш да си ги смениш, но можеш да си го смениш начинот на живот. Вреди да вложиме труд за да си го подобриме здравјето.

a Разбудете се! не се залага за некој посебен режим на вежбање и исхрана. Секој треба да се посоветува со лекар и добро да размисли пред да донесе одлуки во врска со своето здравје.

‚Веднаш презедов нешто‘ — интервју

Како сфати дека си во опасност да добиеш дијабетес?

Кога најдов нова работа, требаше да направам систематски преглед. Тогаш лекарот ми кажа дека ако итно не преземам нешто, наскоро ќе станам дијабетичар. Четири фактори беа против мене: припаѓам на високоризична етничка група, во семејството имав случаи на дијабетес, имав прекумерна тежина и не вежбав. Бидејќи ништо не можев да сменам во врска со првите два фактора, решив да направам нешто во врска со другите два.

Што направи?

Отидов кај ендокринолог кој ми објасни која е врската помеѓу исхраната, вежбањето, телесната тежина и дијабетесот. Одлучив да го сменам стилот на живеење. Пред оброците почнав да јадам зеленчук. Тоа ме заситуваше во извесна мера, па така јадев помалку од работите што не се толку здрави. Исто така, станав физички поактивен, нешто што со години го занемарував.

Што постигна со тоа?

За 18 месеци изгубив една десеттина од тежината и одлично се чувствувам. Решен сум да не се вратам на нездравите навики. Дијабетесот во никој случај не смее да се сфати несериозно!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели