ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/11 стр. 13-15
  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што е перфекционизам?
  • Зошто настануваат проблеми кога се обидуваш да бидеш совршен
  • Зошто да се надвладее перфекционизмот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали сум перфекционист?
    Младите прашуваат
  • Како да се ослободам од перфекционизмот?
    Разбудете се! 2003
  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/11 стр. 13-15

Младите прашуваат . . .

Зошто мислам дека треба да бидам совршен?

„Бидејќи татко ми беше наставник, сите очекуваа од мене да имам само петки. Понекогаш плачев додека не заспиев“ (Лија).a

„Јас сум перфекционист. Морам да бидам најдобар во која и да било работа или да ја правам сосема поинаку од кој и да е друг, инаку ми е бесмислена“ (Калеб).

ДАЛИ мислиш дека секогаш треба да бидеш совршен? Дали постојано си загрижен дека никогаш не си доволно добар, без оглед на тоа колку се трудиш? Дали не можеш да прифатиш никаква критика? Кога работите ќе тргнат лошо, дали си префрлуваш, обвинувајќи се дека си глупав, дека не си доволно добар или дека не вредиш? Ако сакаш нешто да биде направено како што треба, дали сметаш дека мора да го направиш сам? Дали понекогаш толку се плашиш од неуспех што одложуваш или се парализираш?

Какви се твоите односи со другите? Дали си останал без пријатели затоа што никој околу тебе не е доволно совршен? Дали си опседнат со мааните и недостатоците на другите? Ако одговорот на кое и да е од овие прашања е потврден, тогаш можеби се бориш со нешто што се вика перфекционизам. Ако е така, не си единствениот. Ова е вообичаена карактеристика на младите — особено на младите што се талентирани или се одлични ученици.b

Што е причина за перфекционизмот? Истражувачите имаат само теории. Книгата Perfectionism​—What’s Bad About Being Too Good? (Перфекционизам — што има лошо во тоа да бидеш премногу добар?) укажува: „Перфекционизмот не е болест; не се заразуваш од него. Перфекционизмот не е наследен; не си роден со него. Според тоа, како стануваш перфекционист? Некои стручњаци сметаат дека перфекционист се станува во детството. Притисокот од семејството, притисокот што си го наметнуваш самиот, притисокот од околината, притисокот од медиумите и нереалистичните примери за имитирање се таа ‚голема сила‘ што тера некои луѓе цел живот да бидат загрижени, да чувствуваат вина и премногу да работат“.

Која и да е причината, потребата секогаш да бидеш совршен може да ти го уништи животот. Да го погледнеме одблизу перфекционизмот и зошто може да ти наштети.

Што е перфекционизам?

Перфекционизмот вклучува повеќе отколку само човек да се труди да биде што подобар или да се гордее со добро извршената работа. Впрочем, во Пословици 22:29 Библијата го пофалува човекот што е „вешт во својата работа“ (NW). Исто така, Библијата спомнува во поволно светло повеќе поединци што биле многу добри во различни вештини (1. Самоил 16:18; 1. Цареви 7:13, 14). Значи, добро е да се трудиш да бидеш што подобар, да си поставуваш високи, но реални цели. На тој начин човек може „да биде задоволен со својата работа“ (Проповедник 2:24).

Меѓутоа, перфекционистот го пропушта таквото задоволство. Тој има сосема нездраво гледиште за успехот. Според некои стручњаци, перфекционизмот вклучува „недостижни цели (то ест, совршенство) и постојано незадоволство, без оглед на тоа колку добро ќе се направи нештото“. Како резултат на тоа, перфекционизмот е „постојан извор на стрес, при што човек честопати има чувство дека е неуспешен“. Според тоа, едно дело го дефинира перфекционизмот како „неразумно верување дека ти и/или сѐ што е околу тебе мора да биде совршено“. Тоа е еден „општ став дека што и да се обидеш да направиш во животот мора да биде совршено до најситен детаљ и без никакви отстапки, грешки, пропусти или недоследности“.

Но, зар Исус не рекол: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот небесен Татко“? (Матеј 5:48). Да, но Исус не сакал да каже дека човек може да биде совршен во апсолутна смисла на зборот. Всушност, Библијата поучува дека „сите згрешија и не ја достигнуваат Божјата слава“ (Римјаните 3:23). Според тоа, што сакал да каже Исус? Во Библијата, зборот „совршен“ ја пренесува мислата да се биде потполн (Матеј 19:21). Кога Исус рекол дека мораме да бидеме совршени, тој зборувал за љубовта и ги охрабрил своите следбеници нивната љубов да биде уште попотполна. Како? На тој начин што ќе покажуваат љубов дури и кон своите непријатели. Библискиот писател Лука ги запишал Исусовите зборови: „Бидете и понатаму милосрдни, како што вашиот Татко е милосрден“ (Лука 6:36).

Меѓутоа, перфекционистите се измачуваат со погрешната претстава дека е возможно да се биде совршен во апсолутна смисла. Затоа можеби имаат големи барања од другите луѓе. Според книгата Never Good Enough​—Freeing Yourself From the Chains of Perfectionism (Никогаш доволно добар — како да се ослободите од синџирите на перфекционизмот), перфекционистите се „луѓе што ги фрустрира начинот на кој другите ја вршат својата работа . . . Тие мислат дека луѓето околу нив ниту се заинтересирани добро да ја завршат работата ниту се гордеат со она што го постигнале“.

На пример, Карли е одлична ученичка и запишана е во една програма за талентирани ученици. Меѓутоа, во личните односи не е толку успешна. Затоа што сака сѐ да биде совршено, таа ги изгубила повеќето пријатели. „Мислам дека беа премногу несовршени“, објаснува Карли.

Некои можеби бараат совршеност, но не од другите туку од себе. Книгата Никогаш доволно добар објаснува дека таквите мислат дека „тие или нивните постапки не се доволно добри . . . и особено се загрижени за тоа што ќе мислат другите за нив “.

Зошто настануваат проблеми кога се обидуваш да бидеш совршен

Значи, далеку од тоа да биде здрава или корисна, потрагата по совршенство честопати е нездрава и штетна. И, наместо да води до тоа некој да биде што подобар, таквиот став честопати води до неуспех. Даниел, еден христијанин, се сеќава дека работел долго и напорно на една усна презентација што му била доделена да ја изнесе пред еден клас во локалната Сала на Царството на Јеховините сведоци. Многу од присутните го пофалиле за добро извршената работа. Потоа Даниел добил некои тактични, корисни совети од инструкторот. Библијата нѐ охрабрува ‚да слушаме совет и да примаме поука‘ (Пословици 19:20). Но, наместо да ја прими изградувачката критика, Даниел се чувствувал како губитник. „Сакав да се пикнам во некоја дупка“, си спомнува тој. Следните неколку седмици не можел мирно да спие.

Значи, перфекционизмот може да го отежне процесот на учење. Во една статија што се појави на една Веб-страница за младите, една девојка по име Рејчел пишува: „Кога се запишав во средно училиште, бев решена да постигнам добар успех. Секогаш бев одлична ученичка и не гледав причина зошто тоа би се променило“. Но, Рејчел наскоро увидела дека тешко ѝ оди алгебра и добила „само“ 4+. „За сите други тоа беше добра оценка“, си спомнува Рејчел, „но за мене . . . тоа беше срам. Ме фати паника и се загрижив . . . Се плашев да побарам помош од наставникот затоа што си мислав дека, ако признаам дека ми треба помош за да ја напишам домашната задача, тоа ќе значи дека признавам дека не разбирам . . . Понекогаш речиси бев убедена дека е подобро да умрам отколку да потфрлам“.

Поради стравот од неуспех, некои млади помислувале дури и на самоубиство. За среќа, повеќето млади не размислуваат да преземат таков драстичен чекор. Но, како што забележува стручњакот за ментално здравје, Силвија Рим, тие можеби ќе се обидат да го избегнат неуспехот на тој начин што воопшто нема да ризикуваат. Според Рим, некои перфекционисти „не ги предаваат своите писмени задачи, не се гордеат со својата работа, ја забораваат домашната задача и наоѓаат изговори“.

Од друга страна, пак, други млади можеби одат во крајност за да си го осигураат успехот. „Останував доцна во ноќта и работев на школските проекти за да бидат како што треба“, признава Даниел. Проблемот е во тоа што таквите крајности честопати водат до сосема спротивен резултат. Сосема е веројатно поспаниот ученик да има и послаб успех.

Затоа, не зачудува многу што перфекционизмот е поврзан со хроничен гнев, ниска самопочит, чувство на вина, песимизам, нарушувања во исхраната и депресија. Но, најсериозно од сѐ е тоа што перфекционизмот може да ѝ наштети на духовноста. На пример, Библијата им заповеда на христијаните да зборуваат за својата вера пред другите (Римјаните 10:10; Евреите 10:24, 25). Меѓутоа, младата Вивиен се воздржувала да коментира на христијанските состаноци затоа што се плашела дека нема да се изрази баш најдобро. Младата Лија кажала дека има слични стравови. Таа вели: „Ако кажам нешто погрешно, другите ќе донесат погрешен заклучок за мене. Затоа, не кажувам што мислам“.

Значи, јасно е дека потребата да се биде совршен е штетна и нездрава. А ако кај тебе постои некоја од карактеристиките што се опишани во оваа статија, можеби ја согледуваш потребата да направиш извесни промени во твоето размислување. Во идната статија од оваа рубрика ќе зборуваме како можеш да го направиш тоа.

[Фусноти]

a Некои имиња се променети.

b Според едно истражување, 87,5 проценти од талентираните ученици во едно училиште имале склоност да бидат перфекционисти.

[Слика на страница 14]

Поради стравот од неуспех некои млади не можат да си ги завршат задачите

[Слика на страница 15]

Перфекционизмот може да води до депресија и ниска самопочит

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели