ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g03 8/12 стр. 17-19
  • Како да се ослободам од перфекционизмот?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се ослободам од перфекционизмот?
  • Разбудете се! 2003
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Совршенство — достижна цел?
  • Исправи ги своите очекувања
  • Отфрли ги погубните мисли!
  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?
    Разбудете се! 2003
  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Зошто да се надвладее перфекционизмот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Дали сум перфекционист?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2003
g03 8/12 стр. 17-19

Младите прашуваат . . .

Како да се ослободам од перфекционизмот?

„Перфекционизмот сосема завладеа со мојот живот“ (Карли).

ПЕРФЕКЦИОНИЗМОТ — верувањето дека човек мора да е апсолутно совршен во сѐ што прави — тишти многу млади луѓе.

Книгата Perfectionism—What’s Bad About Being Too Good? (Перфекционизам — што има лошо во тоа да бидеш премногу добар?) вели: „Има голема разлика помеѓу здравата желба човек добро да заврши некоја работа и нездравото настојување да постигне некаков невозможен идеал. Луѓето што настојуваат добро да ја завршат работата можеби имаат силна потреба за ред и организација и имаат високи очекувања од себеси, но тие ги прифаќаат и своите грешки и се справуваат со нив на позитивен начин . . . Перфекционистите, пак, постојано се загрижени да не згрешат нешто. Тие имаат превисоки мерила“.

Дали овој опис може да се примени и на тебе? Ако твоите мерила се неверојатно високи, лесно можеш да се откажеш да направиш нешто. Можеби ќе утврдиш дека избегнуваш да правиш нешто ново. Или, пак, можеби одложуваш да завршиш некои важни работи затоа што се плашиш дека нема да успееш. Можеби дури и ќе се чувствуваш склон да го отфрлиш секој што нема да ги задоволи твоите мерила и на крајот ќе останеш без пријатели.

Ако нешто од ова на некој начин е случај со тебе, размисли за зборовите што се запишани во Библијата во Проповедник 7:16: „Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш?“ Да, перфекционизмот може да ‚те уништи‘! Всушност, перфекционизмот може да води дури и до нарушувања во исхраната што се опасни по живот, како што се анорексијата и булимијата.a

Затоа, можеби ќе прашаш: ‚Како можам да се ослободам од перфекционизмот?‘ Мора да се признае, предизвик е да го промениш размислувањето во однос на оваа работа. Но, со Божја помош, можеш да успееш. Затоа, да го разгледаме Божјето гледиште за перфекционизмот.

Совршенство — достижна цел?

Пред сѐ, дали е возможно да бидеш совршен во апсолутна смисла? Според Библијата, тоа не е возможно. Во неа стои: „Нема праведен човек, ниту еден . . . Сите се одвратија, сите заедно станаа безвредни“ (Римјаните 3:10—12). Овие зборови поттикнуваат на размислување, зарем не? Тие покажуваат дека секој што се обидува да биде апсолутно совршен нема да успее во тоа.

Размисли за апостол Павле, кој очигледно бил извонреден пример на духовност. Сепак, дури и Павле не можел да му служи на Бог без да направи грешка. Тој признал: „Кога сакам да го правам она што е исправно, во себе го имам она што е лошо. Јас навистина уживам во Божјиот закон според човекот кој сум однатре, но во своите членови гледам еден друг закон кој војува против законот на мојот ум и ме заробува под законот на гревот што е во моите членови“ (Римјаните 7:21—23). Само со Божја помош Павле можел да биде верен како христијанин.

За среќа, од никого од нас Бог не бара ниту, пак, очекува апсолутно совршенство. „Знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав“ (Псалм 103:14). Дури во Божјиот нов свет сите луѓе на крајот ќе станат совршени.

Исправи ги своите очекувања

Значи, до тогаш, нереално е да мислиш дека можеш да бидеш апсолутно совршен. Всушност, треба да очекуваш дека одвреме навреме ќе правиш грешки (Римјаните 3:23). Понекогаш дури не сме ни свесни за нашите грешки! Во Псалм 19:12 стои: „Никој не може да си ги види своите грешки“ (Today’s English Version). Метју, еден младинец, вели: „Ти не си совршен — никој на земјата не е совршен. Ако очекуваш совршенство од себе, никогаш нема да бидеш среќен . . . Тоа не е реално, тоа е невозможно“.

Имајќи го ова на ум, зошто не направиш исправки во некои твои очекувања? На пример, дали се исцрпуваш обидувајќи се да бидеш најдобар во нешто? Библијата покажува дека таквиот исцрпувачки обид може да биде „суета и гонење на ветер“ (Проповедник 4:4). Факт е дека малкумина успеваат да бидат најдобри. Па дури и кога некој ќе успее во тоа, обично е само работа на време кога ќе се појави некој друг што е подобар.

Апостол Павле советувал: „Му велам на секој од вас да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли, туку да размислува така што ќе биде со здрави мисли“ (Римјаните 12:3). Биди реалистичен! Исправи ги твоите очекувања за да бидат во склад и со твоите способности и со твоите ограничувања. Настојувај добро да ги завршуваш работите, но не настојувај да бидеш совршен. Постави си конкретна, но достижна цел.

На пример, Павле го охрабрил Тимотеј да стане „работник кој нема од што да се срами, кој исправно ракува со речта на вистината“ (2. Тимотеј 2:15). Да, Павле охрабрил на тоа добро да ги завршуваме работите, но не охрабрил на совршенство. На сличен начин, постави си и ти разумни цели. А ако не си сигурен што е „разумно“, разговарај со твоите родители или со некој друг возрасен во кого имаш доверба.

Некои дури и препорачуваат намерно да се обидеш да направиш нешто во што не си добар — на пример, да започнеш со некој нов спорт или да свириш некој музички инструмент. Точно, додека учиш нешто ново, сигурно ќе направиш многу грешки. Но, тоа не е толку лошо. Можеби ќе ти помогне да сфатиш дека правењето грешки едноставно е дел од процесот на учење.

Што и да се обидеш да направиш — сеедно дали писмена работа на училиште или да научиш да свириш некоја соната на клавир — размисли за уште еден совет што го дал апостол Павле: „Не безделничете во работата“ (Римјаните 12:11). Да, не одложувај ги работите, не одолговлекувај само затоа што се плашиш дека нема да успееш.

Една девојка си стекнала навика да ги одложува школските проекти користејќи го изговорот дека „се организира“. Иако личната организација може да биде добра работа, внимавај да не биде изговор за одолговлекување. Оваа девојка на крајот сфатила дека „кога стои пред избор помеѓу тоа дали да предаде состав што не ја задоволува сосема и дали воопшто да не го предаде, подобар избор секогаш е да го предаде составот“.

Отфрли ги погубните мисли!

Точно, можеби нема да ти биде лесно да ги извршуваш работите на „несовршен“ начин. Можеби во главата сѐ уште ќе ти доаѓаат критизерски, негативни мисли. Што можеш да сториш? Факт е дека размислувањето за негативни работи е штетно, погубно. Затоа, вложувај совесни напори да ги отфрлиш неразумните мисли за себе. Имај смисла за хумор кога се работи за твоите грешки. На крајот на краиштата, има и „време за смеење“ (Проповедник 3:4). Исто така, не заборавај дека Јехова не го одобрува погрдниот говор — дури ни тогаш кога е насочен против самите нас (Ефешаните 4:31).

Наместо постојано да се прекоруваш, примени ги зборовите од Пословици 11:17: „Милостивиот човек сам си прави добро, а жестокиот го измачува сопственото тело“. Затоа, размисли за ова прашање: ‚Дали тоа што имаш претерано високи мерила ти олеснило да стекнуваш пријатели?‘ Веројатно не. Можеби дури и си ги отфрлал луѓето затоа што не биле совршени. Па, што можеш да сториш?

Примени ја библиската заповед: „Поднесувајте се еден со друг и простувајте си спремно еден на друг, ако некој има причина за поплака против друг“ (Колошаните 3:13). Да, со тоа што ќе бидеш поразумен во она што го очекуваш од другите, ќе ти биде полесно да стекнеш пријатели!

Можеби се прашуваш: ‚Зошто луѓето ме избегнуваат затоа што сум перфекционист?‘ Па, размисли како може да влијае врз другите тоа што ќе кажуваш дека многу очекуваш од себеси. Книгата When Perfect Isn’t Good Enough (Кога совршеното не е доволно добро) објаснува: „Ако премногу се жалиш кога нема да добиеш петка по некој предмет, тоа може да ги навреди пријателите што едвај добиваат четворка или тројка“. Затоа, работи на тоа да бидеш помалку негативен и свртен кон себе. На луѓето ќе им биде многу попријатно да бидат во твое друштво.

Младата Карли го сумира сево ова со зборовите: „Во суштина, треба да му кажам на мојот перфекционизам да се повлече“. Како можеш да го сториш тоа? Медитирај за Божјето гледиште за работите. Ако сѐ уште ти е тешко да го промениш своето размислување во овој поглед, разговарај со твоите родители или со некој зрел христијанин од твоето собрание. Обрати му се на Бог во молитва и барај помош од него за да го промениш твоето размислување. Молитвата може да ти биде од голема корист во борбата против перфекционизмот (Псалм 55:22; Филипјаните 4:6, 7).

Секогаш мисли на тоа дека Јехова не бара совршенство; тој само очекува од нас да му бидеме верни (1. Коринќаните 4:2). Ако настојуваш да бидеш верен, навистина можеш да бидеш среќен со она што си — иако не си совршен.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Зошто мислам дека треба да бидам совршен?“ во нашето издание од 8 ноември 2003.

[Слика на страница 17]

Стравот од неуспех може да те парализира

[Слика на страница 18]

Тоа што ќе се потрудиш да научиш нови работи може да ти помогне да се справиш со грешките

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели