ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 68
  • Дали сум перфекционист?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали сум перфекционист?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Што има лошо во перфекционизмот?
  • Можеш ли нешто да смениш?
  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?
    Разбудете се! 2003
  • Зошто мислам дека треба да бидам совршен?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Зошто да се надвладее перфекционизмот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Како да се ослободам од перфекционизмот?
    Разбудете се! 2003
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 68
Тинејџер сто пати пробува да нацрта коњ

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Дали сум перфекционист?

Ако...

  • не признаваш друга оценка освен чиста петка

  • не пробуваш нови работи од страв дека нема да успееш

  • секоја критика ја доживуваш како личен напад

...тогаш одговорот на прашањето од насловот веројатно е „да“. Но, дали е погрешно некој да биде перфекционист?

  • Што има лошо во перфекционизмот?

  • Можеш ли нешто да смениш?

  • Што велат други млади

Што има лошо во перфекционизмот?

Нема ништо лошо во тоа да се трудиш да го даваш своето најдобро. Но, „воопшто не е исто да се трудиш да ги завршиш работите најдобро што можеш и да се трудиш да постигнеш совршенство“, како што пишува во книгата Perfectionism​—What’s Bad About Being Too Good? Во неа понатаму стои: „Перфекционизмот може да биде голем товар бидејќи, да бидеме искрени, никој не е совршен“.

Слично на тоа, Библијата вели: „Нема праведен човек на земјата, кој прави само добро и никогаш не греши“ (Проповедник 7:20). Поради тоа што си несовршен, не е можно тоа што го правиш секогаш да биде најдобро.

Дали ти е тешко да го прифатиш тоа? Ако да, размисли за следниве четири полиња на кои перфекционизмот може негативно да ти влијае.

  1. Како гледаш на себеси. Кога некој е перфекционист, си поставува превисоки мерила — а тоа сигурно води до разочарување. Една девојка по име Алиша вели: „Факт е дека не можеме во сѐ да бидеме најдобри. Ако се осудуваме што не сме совршени, на крај ќе ни се сруши сета самодоверба. Така би можеле многу да се обесхрабриме“.

  2. Како гледаш на советите. Перфекционистите обично ја доживуваат секоја критика како напад. „Кога некој ќе ме исправи за нешто, се чувствувам ужасно“, вели еден млад човек по име Џереми. Тој додава: „Перфекционизмот ти отежнува да си ги признаеш ограничувањата и да прифатиш помош“.

  3. Како гледаш на другите. Перфекционистите честопати се критички настроени кон другите, што и не е за изненадување. „Кога очекуваш совршенство од себеси, очекуваш совршенство и од другите“, вели Ана, која има 18 години. „Бидејќи другите не можат ги исполнат твоите очекувања, постојано се разочаруваш од нив.“

  4. Како другите гледаат на тебе. Ако имаш превисоки очекувања од другите, ништо чудно ако почнат да те избегнуваат. „Пренапорно е да се обидуваш да ги достигнеш мерилата на некој што е перфекционист“, вели една девојка по име Бет. „Никој не сака да биде во близина на таков човек!“

Можеш ли нешто да смениш?

Библијата вели: „Вашата разумност нека им биде позната на сите“ (Филипјаните 4:5). Разумните луѓе имаат урамнотежени очекувања и од себеси и од другите луѓе.

„И онака сме постојано под некаков притисок. Зошто да си отежнуваш уште повеќе со тоа што ќе бидеш перфекционист? Кој може да носи толкав товар?“ (Најла).

Библијата вели: „Скромно да одиш со [Бог]“ (Михеј 6:8). Скромните луѓе си ги знаат ограничувањата. Тие не прифаќаат повеќе обврски отколку што можат да завршат ниту, пак, посветуваат повеќе време на некоја задача отколку што можат да си дозволат.

„Ако сакам добро да си ги извршувам обврските, свесна сум дека треба да прифатам само толку колку што е разумно, бидејќи тие ми се можностите“ (Хејли).

Библијата вели: „Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила“ (Проповедник 9:10). Според тоа, лекот за перфекционизмот не е да се биде мрзлив, туку да се биде вреден — но во исто време и скромен и разумен.

„Се трудам да ја завршам работата најдобро што можам, и го давам својот максимум. Знам дека нема да биде совршено, ама се чувствувам убаво бидејќи знам и дека сум дал сѐ од себе“ (Џошуа).

Што велат други млади

Сиера

„Ако си перфекционист, може да се ставиш под голем стрес и да се чувствуваш за никаде ако некој те исправи во нешто или ти најде некоја маана. Наместо грешките да ги сметаш за неуспех, подобро е да учиш од нив“ (Сиера).

Бо

„Како перфекционист, може да си скратиш многу убави моменти. А може и да им биде непријатно на твоите пријатели бидејќи ќе имаат чувство дека ги осудуваш или дека не се доволно добри за тебе“ (Бо).

Сарина

„Денот има само 24 часа, а има еден куп работи што треба да се завршат. Ако трошиш премногу време на секоја ситница, може да страдаат битните работи — дури и јадењето и спиењето“ (Сарина).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели