ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/8 стр. 24-26
  • Како да гледаме на дискотеките?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да гледаме на дискотеките?
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Разуздани забави“
  • Музика и дрога
  • Лошо друштво
  • Провокативно играње
  • Да се донесе одлука
  • Дали танцувањето е за христијани?
    Разбудете се! 1996
  • Како да се забавувам?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Чувај се од нездрава музика!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Сеопштата привлечност на латино музиката
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/8 стр. 24-26

Младите прашуваат . . .

Како да гледаме на дискотеките?

„Одев со една цел — добро да си поминам“ (Шон).

Да бидам искрен, навистина се забавував — беше супер! Игравме, игравме по цела ноќ“ (Ернест).

ВО ПОСЛЕДНИВЕ години, дискотеките станаа многу популарни. Многу млади што се во потрага по добра забава редовно ги посетуваат.

Се разбира, сите сакаме да се забавуваме. И Библијата вели дека има „време за смеење“, па дури и „време за играње“ (Проповедник 3:4). Сепак, дали дискотеките се места каде што се нуди здрава рекреација? Или, пак, постои причина човек добро да размисли пред да отиде на едно такво место?

„Разуздани забави“

Иако Библијата не ги осудува пристојните друштвени собири, таа сепак дава предупредување во врска со „лумпувањата“ или „разузданите забави“ (Галатите 5:19—21; Byington). Во библиски времиња, лумпувањата честопати воделе до неконтролирано однесување. Пророкот Исаија напишал: „Тешко им на тие кои стануваат рано наутро, одат по жесток пијалак и седат доцна во ноќта распалени со виното. На гозбите им се: харфи и псалтири, тапанчиња и кавалчиња покрај виното, а не се грижат за Господовото дело, не го гледаат делото на Неговите раце“ (Исаија 5:11, 12).

На овие собири се пиел „жесток пијалак“ и се слушала дива музика. Тие започнувале рано и траеле до доцна во ноќта. Освен тоа, забележи каков став имале лумпувачите — тие се однесувале како да не постои Бог! Ништо чудно што Бог ги осудил таквите собири. Но, што мисли Бог за она што се случува денес во многу дискотеки?

Размисли за фактите. Како прво, во некои дискотеки е застапен еден начин на лудо играње (познат како moshing). Според еден извор, тој „настанал во средината на осумдесетите, во ерата на пост-панкерските клубови во САД. Потекнува . . . од еден вид играње (slam-dancing) во кое учесниците се удираат еден во друг“. При ваквото играње, играчите најчесто скокаат, силно мавтаат со главата или, пак, се удираат со главите (како што прават животните), и налетуваат едни на други. Вообичаен резултат од ова се исеченици и скршени раце или нозе, а понекогаш дури и повреди на ’рбетот и на главата. Има дури и смртни случаи. Покрај ова, во некои дискотеки масата луѓе ќе подигнат некого на кренати раце и потоа ќе го подаваат од еден на друг, како да е на бранови (ова е познато како crowd surfing). Многу од нив во такви прилики се повредуваат затоа што некој ќе ги испушти. Освен тоа, често се случува тогаш девојките да бидат допирани на непристоен начин.

Нема сомнение, Бог не го одобрува ваквото однесување. Па, зарем неговата Реч не им заповеда на христијаните ‚да се одречат од безбожноста и од световните желби и да живеат со здрави мисли‘? (Тит 2:12).

Музика и дрога

Размисли и за тоа каква музика се слуша во повеќето дискотеки. Во некои се слушаат само извесни видови на хард рок или хеви метал — музика со пулсирачки ритам и вулгарни текстови. Во други дискотеки, пак, најпопуларен е рапот, или хип-хоп музиката. И зад овој вид музика стои секс, насилство и побуна. Дали тоа што ќе слушаш ваква музика во нездрава околина може да влијае врз тебе? Дејвид Холингворт, советник задолжен за работа со дискотеките, вели: „Музиката има страшно големо влијание врз психата на луѓето. Кога се присутни во голем број, таа може кај нив да предизвика агресивни чувства“. Не изненадува тоа што во некои дискотеки во САД дошло до излив на насилство. Мнозина сметаат дека тоа е директен резултат на влијанието на една музичка култура која ги велича вулгарното однесување и насилните постапки.a

Во последниве години во дискотеките се појави и дрогата. Една жена што се занимава со истражување изјавила дека „достапноста, видот и земањето на дрога . . . е тоа што придонело дискотеките да станат толку популарни“. Всушност, има дроги што се познати и како dance-дроги. Некои од оние што одат во дискотеки дури користат и комбинација од повеќе дроги. Најчесто се прават комбинации со кетамин, дрога која може да предизвика дисоцијација, бунило, проблеми со дишењето, и оштетување на нервниот систем. Метамфетаминот може да предизвика губење на меморијата, агресија, насилство, а можни се и оштетувања на срцето и на нервниот систем. Особено популарна дрога е екстази, чија основна состојка се амфетамините. Може да предизвика конфузија, анксиозност, забрзан пулс, висок крвен притисок и висока телесна температура (хипертермија). За некои, екстази се покажала смртоносна.

Користењето на противзаконски дроги се коси со библиската заповед „да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“ (2. Коринќаните 7:1). Дали е мудро да одиме на места каде што дрогата многу се користи?

Лошо друштво

Сети се на предупредувањето што често е цитирано: „Лошите друштва ги расипуваат корисните навики“ (1. Коринќаните 15:33). Исто како лумпувачите од библиските времиња, изгледа дека многу млади што одат по дискотеки не се заинтересирани да му угодат на Бог. Всушност, за повеќето одговара описот „љубители на уживања наместо љубители на Бог“ (2. Тимотеј 3:4). Дали навистина би сакал блиско да се дружиш со такви луѓе?

Некои можеби си мислат: „Па, опасноста е помала ако одам во дискотека заедно со други млади христијани“. Но, младите христијани што се вистински „пример на верните . . . во однесувањето“ најверојатно нема да сакаат да одат (1. Тимотеј 4:12). Дури и ако едно друштво млади христијани отидат во дискотека и успеат да останат заедно, тие сепак би се наоѓале во една нездрава атмосфера и би слушале нездрава музика. Можеби ќе се најдат во напнати или непријатни ситуации ако другите би ги поканиле да играат. Некои млади дури се нашле и среде тепачка! Со тоа се потврдиле зборовите запишани во Библијата: „Дружи се со мудрите, и ќе станеш мудар, а кој другарува со безумниците станува лош“ (Пословици 13:20).

Провокативно играње

Освен тоа, треба да се размисли и за самото играње. Меѓу тинејџерите во Соединетите Држави станал особено популарен еден многу необичен начин на играње (freak dancing). Обично се игра на хип-хоп музика во чии текстови отворено се зборува за секс. Не само тоа, туку и самото играње потсетува на сексуални односи. Затоа за овој вид на играње се вели дека е ‚секс во облека‘.

Дали еден млад христијанин би сакал да игра на ваков начин? Сигурно не, ако сака да му угоди на Бог, кој ни заповеда да ‚бегаме од блуд‘ (1. Коринќаните 6:18). Некои можеби си мислат: ‚Ако сите други го прават тоа, тогаш сигурно не е толку страшно‘. Но, мнозинството не е секогаш во право (Излез 23:2). Имај храброст да им речеш ‚не‘ на твоите врсници и задржи добра совест пред Бог (1. Петрово 4:3, 4).

Да се донесе одлука

Ова не значи дека секое играње е лошо. Библијата ни кажува дека цар Давид толку многу се радувал кога се вратил во Ерусалим со светиот ковчег на сојузот што ‚играл со сета сила‘ (2. Самоил 6:14). Во параболата за расипничкиот син што ја кажал Исус, веселбата што следела откако тој син се вратил вклучувала „музичка изведба и играње“ (Лука 15:25).

На сличен начин, некои видови на играње можеби се прифатливи за христијаните во местото каде што живееш. Но, дури и во таков случај, важно е да покажеш рамнотежа и добро просудување. Многу побезбедно е да уживаш во музика и играње на една христијанска забава каде што има соодветна контрола и надгледување отколку во дискотеки во кои одат тинејџери. На христијанските собири што се добро надгледувани, младите не се двојат посебно туку уживаат во изградувачкото друштво на христијани од сите возрасти.

Точно, можеби во твоето место има некои ресторани каде што се пушта музика и пристојно се игра. Но, пред да ја прифатиш поканата да одиш на едно такво место, би било добро да си ги поставиш следниве прашања: На каков глас е ова место? Дали е само за млади? Ако да, тогаш која е веројатноста дека ќе има здрава атмосфера? Каква музика ќе се пушта? Кој начин на играње ќе биде застапен? Што мислат моите родители за тоа дали да одам? Ако размислиш за овие прашања можеш да се заштитиш да не западнеш во неволја.

Шон, кој беше цитиран во почетокот, дава добар заклучок. Пред да стане христијанин, имал обичај да оди во дискотеки. Тој си спомнува: „Во клубовите владее прилично распуштено однесување. Музиката главно е деградирачка, играњето обично е многу непристојно, а на голем дел од луѓето што одат таму единствена цел им е да излезат од дискотеката со некој со кого ќе имаат сексуални односи“. Шон престанал да оди по дискотеки откако ја проучувал Библијата со Јеховините сведоци. Тој го изнесува своето мислење, кое се темели на болно искуство: „Дискотеките не се за христијани“.

[Фуснота]

a Види ја статијата „Зошто музиката влијае врз нас?“ во Разбудете се! од 8 јануари 2000.

[Слика на страница 25]

Некои млади се нашле во непријатни ситуации кога биле во дискотеки

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели