ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/8 стр. 5-6
  • Како се станува жртва

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како се станува жртва
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да се сложувате со колегите
  • Како се станува жртвено јагне
  • Работно место или бојно поле?
    Разбудете се! 2004
  • Мирољубиви односи на работното место
    Разбудете се! 2004
  • Сексуално шиканирање — глобален проблем
    Разбудете се! 1996
  • Како да се справам со сексуалното вознемирување?
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/8 стр. 5-6

Како се станува жртва

Моника штотуку завршила со школувањето кога почнала да се обучува да работи како службеник во една адвокатура. Таа очекувала полека-полека да се навикне на работата.

Хорст бил лекар во средината на своите 30⁠-ти години. Имал жена и деца, и сѐ покажувало дека ќе стане признат лекар и дека ќе има високи приходи.

И Моника и Хорст станале жртви на малтретирање.

ОД СЛУЧАИТЕ на Моника и Хорст учиме нешто многу важно: Нема одредени правила за тоа кој ќе стане жртва на малтретирање. Всушност, кој и да е, независно од професијата, може да стане жртва на малтретирање. Затоа, како можете да се заштитите? Дел од одговорот лежи во тоа да научите како да задржите мирољубиви односи на работното место, дури и ако работите со проблематични колеги.

Како да се сложувате со колегите

Работата им налага на многу луѓе да се сложуваат со тим колеги и да му помогнат на тимот добро да функционира како целина. Ако колегите добро се сложуваат, работата оди добро. Ако не, тогаш страда работата и се зголемува ризикот дека некој ќе биде малтретиран.

Што може да го попречи доброто функционирање на еден тим колеги? Како прво, можеби има чести промени во персоналот. Ако е таква ситуацијата, тешко се градат пријателски односи. Освен тоа, новите колеги не се запознаени со вообичаената рутина, што ја забавува работата на сите. Ако се зголемува обемот на работа, групата веројатно ќе биде под постојан стрес.

Освен тоа, ако тимот нема јасно зацртани цели, нема да има големо чувство на единство. На пример, тоа може да биде случај кога некој несигурен шеф троши повеќе време на тоа да ја одбрани својата положба отколку да предводи. Можеби дури и ќе се обиде да задржи контрола подбуцнувајќи ги колегите едни против други. Ситуацијата станува уште полоша кога работата на групата не е толку јасно дефинирана и некои колеги не сфаќаат каде започнува а каде завршува нивната одговорност. На пример, може да дојде до несогласувања кога двајца вработени мислат дека имаат одговорност да го додадат и својот потпис на фактурите.

Во таков случај комуникацијата станува напната и честопати повредените чувства остануваат нерасчистени. Зависта ја труе работната атмосфера, а колегите се натпреваруваат во тоа кој ќе ја стекне наклоноста на шефот. Малите недоразбирања се сметаат за големи навреди. Всушност, од мува се прави слон. Така се поставува темел за малтретирање.

Како се станува жртвено јагне

Со текот на времето, некој вработен може да биде издвоен како жртвено јагне. Кој има најголеми изгледи за тоа? Веројатно оној што по нешто се разликува од другите. На пример, можеби тоа ќе биде единствениот маж во средина каде што работат само жени или единствената жена меѓу колегите. Оној што е самоуверен можеби ќе го сметаат за наметлив, додека некој што е резервиран можеби ќе го сметаат за препреден. Евентуалната жртва можеби се разликува од другите и во тоа што е постара или помлада од нив, па дури и поквалификувана за таа работа.

Кој и да е жртвеното јагне, колегите „стануваат лоши и дрски кон жртвата што ја избрале и тогаш чувствуваат олеснување од сопствениот стрес“, известува германското медицинско списание mta. Кога жртвеното јагне се обидува да ја среди ситуацијата нема голем успех, а работите можат да станат дури и уште полоши. Како што малтретирањето станува сѐ почесто и поредовно, жртвеното јагне сѐ повеќе се изолира. Кога ќе дојде до тоа, жртвата на малтретирање веројатно нема да може сама да се справи со таа ситуација.

Се разбира, на работното место отсекогаш постоела опасност од малтретирање. Но, многу луѓе можат да се сетат на времето кога меѓу колегите владеел поголем дух на соработка. Ретко имало намерно малтретирање. Но, со текот на годините дошло до она што еден лекар го опишал како „општо губење на духот на солидарност и огромно подривање на чувството на срам“. Денес луѓето се бескрупулозни кога станува збор за отворени конфликти на работното место.

Затоа, сите вработени со право се заинтересирани за одговор на прашањата: Може ли да се спречи малтретирањето? Како можат да владеат мирољубиви односи на работното место?

[Слика на страница 6]

Целта на малтретирањето е жртвата да биде отфрлена од другите

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели