ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/9 стр. 31
  • Колку вреди нашата животна средина

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку вреди нашата животна средина
  • Разбудете се! 2004
  • Сличен материјал
  • Насилство над дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
  • Ќе им служи ли Земјата и на идните генерации?
    Разбудете се! 2008
  • Нашата кревка планета — што е со иднината?
    Разбудете се! 1996
  • Користите од дождовните шуми
    Разбудете се! 1998
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/9 стр. 31

Колку вреди нашата животна средина

Неодамна, научниците и економистите работеа заедно на едно истражување на пет природни екосистеми што беа изменети заради експлоатација од страна на човекот и за комерцијални цели. Една тропска шума во Малезија беше сосема уништена за да се добие што повеќе дрво, а друга тропска шума во Камерун беше претворена во плантажа за добивање палмово масло и каучук. Едно мочуриште со мангруви на Тајланд беше претворено во фарма за одгледување ракчиња, друго слатководно мочуриште во Канада беше исушено за да се користи за земјоделие, а во еден корален гребен на Филипините се лови риба со помош на динамит.

Истражувачите дошле до некои неочекувани резултати. Кога тие пет природни екосистеми би биле оставени како што си биле во почетокот, долгорочната економска вредност за општеството би била 14 до 75 проценти поголема отколку потоа. Всушност, еден екосистем во просек губи половина од својата вредност поради интервенциите од страна на човекот, а преобразувањата на животната средина чинат 250 милијарди долари годишно. Спротивно на тоа, зачувувањето на природните екосистеми би чинело 45 милијарди долари. Истражувачите велат дека „стоките и услугите“ што се добиваат за возврат во облик на храна, вода, воздух, кров над глава, гориво, облека, лекови и заштита од олуи и поплави, вредат најмалку 4,4 билиони долари, при што користа е 100 проценти на 1 процент трошоци, известува лондонскиот весник The Guardian. Д-р Ендру Балмфорд од универзитетот Кембриџ (Англија), кој го водел ова истражување, рекол: „Финансиските добивки воопшто не се големи. Иако веќе мислевме дека бројките ќе бидат во прилог на зачувувањето, не знаевме дека тоа ќе биде до олкав степен“.

За жал, уште од одржувањето на Самитот за Земјата во Рио де Жанеиро во 1992, 11,4 отсто од природните екосистеми на Земјата се изменети главно поради тоа што луѓето не знаат што губат и поради желбата за краткорочна финансиска добивка. По десет години, на Светскиот самит за поддршка на развојот што се одржа во Јоханесбург не беа дадени никакви јасни решенија за да се реши таа дилема. Д-р Балмфорд ја изрази својата загриженост со зборовите: „Откако бев дете и првпат чув за зборот ‚зачувување‘, изгубена е една третина од неистражената природа во светот. Затоа ноќе не можам мирно да спијам“.

Меѓутоа, оние што ја читаат Библијата можат да имаат доверба во ветувањето на Творецот што е запишано во Откровение 11:18. Таму стои дека наскоро тој ‚ќе ги уништи оние кои ја уништуваат земјата‘. Тогаш, природните екосистеми на оваа планета ќе бидат обновени за вечна корист на човештвото.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели