ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g04 8/12 стр. 30
  • Го набљудуваме светот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Го набљудуваме светот
  • Разбудете се! 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зашеметувачка разноликост на организми во океаните
  • Зошто ни е убаво кога се смееме
  • Опасно работно место?
  • Здрава грчка кујна
  • Истегнување од постојано напрегање — што треба да знаете
    Разбудете се! 1999
  • Мобилен телефон — пријател или непријател?
    Разбудете се! 2005
  • Дали ми е потребен мобилен телефон?
    Разбудете се! 2003
  • Невиден „бум“ во технологијата
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2004
g04 8/12 стр. 30

Го набљудуваме светот

Зашеметувачка разноликост на организми во океаните

„Меѓународните тимови на биолози што се занимаваат со истражување на морињата сега секоја седмица откриваат по 30 нови видови“, се вели во германскиот весник Leipziger Volkszeitung. Оваа вест беше објавена во склоп на првиот извештај за напредокот на проектот наречен Попис на морските организми. Во овој десетгодишен проект, кој започна во 2000 година, се вклучени 300 научници од 53 земји. Истражувачите сметаат дека „во океаните најверојатно има повеќе од два милиона животински и растителни видови“, се вели во овој весник. „Можеби повеќе од 95 отсто од животинските видови во океаните сѐ уште не ни се познати.“

Зошто ни е убаво кога се смееме

Зошто имаме толку убаво чувство кога се смееме? Истражувањата покажуваат дека хуморот ги активира не само деловите од мозокот што се одговорни за перцепција и јазик туку и еден дел што е наречен nucleus accumbens, кој истражувачите го поврзуваат со чувството на среќа и еуфорија, известува The Vancouver Sun. Според д-р Алан Рајс од Универзитетот Стенфорд, овој дел од мозокот претставува „многу моќен мозочен потсистем“. Рајс смета дека проучувањето на хуморот може да им помогне на докторите подобро да го разберат социјалното однесување. „Честопати смислата за хумор е тоа што одредува дали, како и со кого ќе станеме пријатели, па дури и со кого ќе стапиме во трајна романтична врска“, вели д-р Рајс. „Освен тоа, хуморот е универзален одбранбен механизам кога [луѓето се] под најразличен стрес.“

Опасно работно место?

Според едно истражување спроведено во Шведска, „работењето со луѓе од спротивен пол е опасно за вашиот брак“, известува The Wall Street Journal. Авторката на истражувањето, Ивон Ејберг, ги прегледала владините податоци за разводот и вработувањето, и открила дека „кога луѓето работат со колеги . . . од спротивниот пол, стапката на разводи се зголемува за запрепастувачки 70 отсто, за разлика од тоа кога работат во канцеларија само со колеги од ист пол“. Ејберг исто така открила дека брачниот статус на колегите немал никаква улога во ова. Седумгодишното истражување, во кое биле вклучени 37.000 вработени на 1.500 локации, се темели на статистички податоци а не на лични исповеди, кои обично не се толку објективни. Статијата забележува дека еден начин двојно да го намалите ризикот од развод е да работите во иста канцеларија со Вашиот брачен партнер.

Здрава грчка кујна

„Научниците од Харвард и од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Атина, скоро четири години ги истражуваа навиките на исхрана на 22.043 Грци, и открија дека медитеранската кујна го смалува ризикот од смрт предизвикана од рак и од срцеви заболувања за повеќе од 25 отсто“, известува Readers Digest. „Грците јадат многу ореви, лешници, бадеми, овошје, зеленчук, мешунести растенија, житарки и маслиново масло, често јадат риба, а млечни производи, алкохол и месо конзумираат во умерени количини.“ Општо е познато дека традиционалната медитеранска кујна е многу здрава.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели