ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/06 стр. 2-3
  • Можеш ли да ѝ избегаш на староста?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можеш ли да ѝ избегаш на староста?
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Зошто старееме?
    Разбудете се! 2006
  • Зошто старееме и умираме?
    Разбудете се! 1996
  • Во потрага по долговечност
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Потрага по генот на „бесмртноста“
    Разбудете се! 2000
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 5/06 стр. 2-3

Можеш ли да ѝ избегаш на староста?

„Нашиот живот е до седумдесет години, или, при добро здравје — до осумдесет... [годините] брзо пролетуваат и ние си заминуваме“ (ПСАЛМ 90:10, РАДОСНА ВЕСТ).

ЗАМИСЛИ СИ секогаш да бидеш во цветот на младоста. Замисли си секогаш да имаш одлично здравје и бистар ум. Дали ова за тебе е само чиста фантазија? Тогаш размисли за еден необичен факт: Иако некои видови папагали можат да живеат и до сто години, глувците ретко живеат повеќе од три години. Поради ваквата разлика во животниот век, некои биолози дошле до заклучок дека мора да има некоја причина за стареењето, а ако има причина, тогаш можеби има и лек.

Компаниите за производство на лекови вложуваат огромни пари за да се најде ефикасен лек против стареењето. Освен тоа, луѓето што се родени по Втората светска војна и сега имаат околу 60-тина години се лично заинтересирани да се пронајде лек со кој ќе се забави процесот на стареење.

Проучувањето на процесот на стареење им стана најважна работа и на голем број научници на полето на генетиката, молекуларната биологија, зоологијата и геронтологијата. Во книгата Зошто старееме (Why We Age), од Стивен Остад, се вели: „Може да се почувствува некоја придушена, но видлива возбуда кога ќе се состанат геронтолозите. Сѐ поблизу сме до откривањето на основните процеси на стареењето“.

Има многу гледишта во врска со тоа зошто старееме. Едно од нив е дека стареењето е резултат на истрошеноста на клетките, а според друго, стареењето е генетски програмирано. Трети, пак, велат дека овој процес ги вклучува и двете работи. Колку добро човекот го разбира процесот на стареење? Има ли причина да очекуваме да се најде ефикасен лек против стареењето?

[Табела/слики на страници 2 и 3]

(Види во публикацијата)

ПРОСЕЧЕН ЖИВОТЕН ВЕК

Пчела

90 дена

↓

Глушец

3 години

↓

Куче

15 години

↓

Мајмун

30 години

↓

Алигатор

50 години

↓

Слон

70 години

↓

Човек

80 години

↓

Папагал

100 години

↓

Џиновска желка

150 години

↓

Џиновска секвоја

3.000 години

↓

Глуждовит бор

4.700 години

[Слика на страница 3]

Некои папагали можат да живеат и до 100 години, но луѓето живеат околу 80. Научниците се прашуваат: „Што го предизвикува стареењето?“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели