ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/06 стр. 4-6
  • Зошто старееме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто старееме?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Дали стареењето е програмирано?
  • Има ли лек против стареењето?
  • Истражувањата водат до важен заклучок
  • Можеш ли да ѝ избегаш на староста?
    Разбудете се! 2006
  • Конструирани да живееме вечно
    Разбудете се! 1996
  • Потрага по генот на „бесмртноста“
    Разбудете се! 2000
  • Зошто старееме и умираме?
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 5/06 стр. 4-6

Зошто старееме?

„Човек кого жена го родила е кусовечен и полн со неволји“ (ЈОВ 14:1).

СИГУРНО си мислиш дека е неизбежно сите живи суштества да стареат. Автомобилите и правосмукалките што ги користиме секој ден со текот на времето престануваат да работат. Лесно можеме да заклучиме дека и животните стареат и умираат на сличен начин. Но, Стивен Остад, професор по зоологија, објаснува: „Живите организми многу се разликуваат од машините. Најосновното обележје на живите организми, всушност, е нивната способност самите да се поправаат“.

Вистинско чудо е како твоето тело се поправа по некоја повреда, но уште поголемо чудо е редовното, секојдневно поправање. Земи ги, на пример, твоите коски. „Иако на прв поглед една коска изгледа речиси безживотно, таа е живо ткиво кое непрестајно се уништува и се обновува во текот на целиот живот“, објаснува списанието Scientific American. „Всушност, со ваквото обновување, на секои 10 години се заменува целиот скелет.“ Други делови од твоето тело се обновуваат многу почесто. Некои клетки на твојата кожа, црниот дроб и цревата се заменуваат речиси секој ден, а секоја секунда твоето тело создава околу 25 милиони нови клетки како замена за старите. Кога не би се случувале овие процеси и кога сите делови од твоето тело не би се поправале или обновувале постојано, би остарел уште како дете.

Фактот дека нашиот организам не се истрошува стана уште позначаен кога биолозите почнаа да ги проучуваат молекулите во самите живи клетки. Кога твоите клетки се заменуваат со нови, во секоја нова клетка мора да има копија од твојата ДНК, молекулот што ги содржи информациите за секој дел од твоето тело. Замисли си колку пати се ‚копирал‘ овој молекул на ДНК, не само во текот на твојот живот и во твоето тело туку воопшто, откако постои човекот! За да сфатиш колкаво чудо е ова, размисли што ќе се случи ако копираш некој документ на фотокопир и потоа ја користиш добиената копија за да направиш уште една. Ако го повторуваш ова многу пати, квалитетот на копиите ќе биде сѐ послаб, и на крајот ќе станат нечитливи. За среќа, квалитетот на нашата ДНК не се намалува или не ослабнува кога нашите клетки се делат одново и одново. Зошто? Затоа што нашите клетки имаат многу начини на кои ги поправаат грешките во копиите на ДНК. Да не е така, човештвото би го снемало уште одамна!

Бидејќи сите делови на нашето тело — од големите органи па до најситните молекули — постојано се заменуваат или се поправаат, не може да се каже дека само истрошеноста е причина за стареењето. Големиот број системи во човечкиот организам со децении се поправаат или се заменуваат, и тоа секој на различен начин и со различна брзина. Тогаш зошто, отприлика во исто време, сите почнуваат да откажуваат?

Дали стареењето е програмирано?

Зошто една домашна мачка живее 20 години, а еден опосум, кој има слична големина, живее само 3 години?a Зошто еден лилјак може да живее од 20 до 30 години, а еден глушец само 3 години? Зошто една џиновска желка живее 150 години, а еден слон само 70 години? Исхраната, телесната тежина, големината на мозокот или метаболизмот не објаснуваат зошто се разликува животниот век кај разни видови. Во Encyclopædia Britannica се вели: „Во генетскиот код се сместени упатства што ја одредуваат старосната граница до која може да живее еден вид“. Во гените е запишано кој е максималниот животен век на едно суштество. Но, што е тоа што предизвикува сите функции на телото да почнат да откажуваат кога ќе наближи крајот на тој животен век?

Молекуларниот биолог д-р Џон Медина вели: „Како да има некои мистериозни сигнали што едноставно се појавуваат во одредено време и им кажуваат на клетките да престанат да ги вршат своите нормални функции како зрели клетки“. Исто така вели: „Постојат гени кои им кажуваат на клетките — всушност, на цели организми — да остарат и да умрат“.

Нашето тело можеме да го споредиме со една фирма која работи успешно со децении. Но, одеднаш, раководителите престануваат да вработуваат и да обучуваат нови работници, престануваат да ги поправаат и да ги заменуваат машините и престануваат да ги одржуваат и да ги реновираат објектите. Наскоро, бизнисот почнува да пропаѓа. Но, зошто сите тие раководители го менуваат успешниот начин на работење? Ова прашање е слично на прашањето што си го поставуваат биолозите кои го изучуваат стареењето. Во книгата Часовникот на годините (The Clock of Ages) се вели: „Една од најголемите мистерии што треба да ја решат истражувањата за стареењето е зошто клетките престануваат да се размножуваат и почнуваат да умираат“.

Има ли лек против стареењето?

Стареењето е наречено „најсложениот биолошки проблем“. По децении истражувања, научниците не успеале да откријат ни зошто старееме, а камоли, пак, да најдат лек против стареењето. Во 2004 година, во списанието Scientific American беше објавено предупредување од 51 научник што го изучуваат стареењето. Во него стоеше: „Од сите производи против стареење што денес можат да се најдат на пазарот, ниту еден — баш ниту еден — сѐ уште не покажал дека може да го забави, да го запре или да го сврти во обратна насока стареењето кај луѓето“. Иако со разумна исхрана и со вежбање може да си го подобриш здравјето и да го намалиш ризикот да умреш предвремено од некоја болест, со ништо не можеш да го забавиш стареењето. Овие заклучоци нѐ потсетуваат на зборовите на Исус што се запишани во Библијата: „Кој од вас, со тоа што тегобно се грижи, може да му додаде еден лакот на својот животен век?“ (Матеј 6:27).

Објаснувајќи каков напредок е постигнат во изнаоѓањето лек против стареењето, д-р Медина вели: „Прво и основно, не знаеме зошто всушност старееме... Иако пред повеќе децении поведовме војна против ракот, сѐ уште немаме најдено лек за него. А процесот на стареење е многу покомплициран од процесите што предизвикуваат рак“.

Истражувањата водат до важен заклучок

Истражувањата во врска со тоа како функционираат и зошто стареат живите организми не ја уништиле надежта за подолг живот. Некои истражувачи увиделе дека истражувањата ги водат до еден неизбежен заклучок кој е многу важен за да се сфати стареењето. Молекуларниот биохемичар Мајкл Бехе вели: „Во изминативе четири децении, современата биохемија ги откри тајните на клетките... Резултат од заедничките напори да се проучи клетката, односно да се проучи животот на молекуларно ниво, е еден гласен, јасен и продорен извик — живите суштества се ‚создадени!‘“ Некој ги создал живите суштества на многу мудар начин. Се разбира, Бехе не е првиот што дошол до овој заклучок. Откако размислувал за градбата на човечкото тело, еден псалмист, кој живеел во древни времиња, напишал: „Ти благодарам што сум создаден толку чудесно“ (Псалм 139:14).

Ако сите живи суштества се создадени, тогаш се поставува едно интересно прашање: Дали Бог, Величествениот Творец, го создал човекот со отприлика ист животен век како и многу животни или, пак, сака да живееме подолго од животните?

[Фуснота]

a Опосумот е цицач што живее во Северна Америка.

[Истакната мисла на страница 6]

‚Чудесно сме создадени‘

[Слика на страници 4 и 5]

Дали истрошеноста е причина за стареењето?

[Извор на слика на страница 6]

ДНК: фотографија: www.comstock.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели