ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/06 стр. 3-4
  • ТВ — крадец на времето?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ТВ — крадец на времето?
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Како да се контролираш
    Разбудете се! 2006
  • Користете го телевизорот внимателно
    Разбудете се! 2000
  • ТВ — „потаен учител“
    Разбудете се! 2006
Разбудете се! 2006
g 10/06 стр. 3-4

ТВ — крадец на времето?

КОГА некој би ти понудил милион долари за да не гледаш телевизија до крајот на животот, би се согласил ли? Пред неколку години, 25 отсто Американци на кои им беше поставено ова прашање рекоа дека не би го сториле тоа. Во една друга анкета, мажите беа запрашани што сакаат најмногу. Повеќето одговорија дека сакаат мир и среќа. Но, овие работи беа на второ место на нивниот список. На прво место им беше телевизор со голем екран!

Телевизијата е многу популарна во целиот свет. Во 1931 година, кога телевизијата беше во своите зачетоци, претседателот на Радио-друштвото на Америка рече: „Кога телевизијата ќе се развие до највисок степен, разумно е да се очекува бројот на телевизиски гледачи да биде ист со бројот на населението на Земјата“. Можеби овие зборови звучеа претерано во тоа време, но не и денес. Се проценува дека бројот на телевизори во светот е 1,5 милијарди, а бројот на гледачите е уште поголем. Сакале или не, телевизијата игра голема улога во животот на луѓето.

Луѓето минуваат неверојатно многу време пред телевизорот. Неодамна, едно истражување што беше спроведено низ целиот свет покажа дека, во просек, луѓето гледаат телевизија нешто повеќе од три часа секој ден. Жителите на Северна Америка гледаат четири и пол часа дневно, а Јапонците предводат, со пет часа на ден. Овие бројки постојано се зголемуваат. Ако гледаме телевизија по четири часа на ден, кога ќе имаме 60 години, ќе имаме поминато 10 години од животот пред телевизискиот екран. Но, никој од нас не би сакал на надгробната плоча да му пишува: „Овде почива нашиот сакан пријател, кој посвети една шестина од својот живот на гледање ТВ“.

Дали луѓето гледаат телевизија со часови затоа што уживаат во тоа? Не мора да значи. Мнозина сметаат дека премногу гледаат ТВ и чувствуваат вина што не го искористиле своето време за нешто покорисно. Некои велат дека се „ТВ зависници“. Се разбира, зависник од ТВ не се станува како што е тоа случај со оние што се зависници од наркотици, но има некои сличности. Зависниците посветуваат многу време на дрогата што ја земаат. Иако сакаат да го намалат тоа време или да прекинат со таа навика, не можат да го сторат тоа. Тие жртвуваат важни друштвени и семејни активности за да земаат дрога, а кога ќе престанат да се дрогираат, трпат симптоми на

одвикнување. Сите овие симптоми можат да се појават и кај луѓето што многу гледаат телевизија.

„Да се јаде премногу мед не е добро“, напишал мудриот цар Соломон (Изреки 25:27). Истото важи и за гледањето ТВ. Иако на телевизија може да се видат многу корисни програми, претераното гледање може да одземе од времето што некој го минува со семејството, може да го намали читањето и успехот на училиште кај децата, и може да доведе до дебелеење. Ако трошиш многу време на гледање ТВ, добро е да размислиш за тоа што добиваш за возврат. Нашето време е премногу скапоцено за да го губиме попусто. Исто така, добро е да размислиме што гледаме. За ова зборува следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели