ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/06 стр. 28
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
  • Пилгримите и нивната борба за слобода
    Разбудете се! 1997
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2008
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 12/06 стр. 28

Писма од читателите

Што се случи со љубовта? (март 2006) Светот го извртува значењето на љубовта, а Сатана сака сосема да ја уништи. Ваквите статии ни помагаат да покажуваме љубов на дело и несебично. Ви благодарам што ми помогнавте подобро да сфатам како сака Јехова да ја користиме оваа моќна сила.

И. Б., Соединетите Држави

Бев многу осамена кога двајца мои блиски пријатели се преселија да служат во собрание на странски јазик. Меѓутоа, токму кога се чувствував најосамена, го добив ова списание. Ви благодарам што ме потсетивте на мислата „Сакај за да те сакаат“. Отсега планирам ‚широко да го отворам своето срце‘ и да покажувам искрена љубов за да можам да стекнам нови пријатели (2. Коринќаните 6:12, 13).

М. Т., Јапонија

Како да се соочиме со староста (февруари 2006) Понекогаш имам чувство дека старите се запоставени. Веќе 11 години се грижам за маж ми кој е инвалид. Одвреме-навреме се чувствувам осамена. Статиите од овој број на Разбудете се! ги препрочитав многу пати, а многу пати ги слушав и на аудиокасета. Ова списание е токму тоа што ми требаше. Ви благодарам многу.

С. Т., Јапонија

Вештачки екстремитети (февруари 2006) Ви благодарам многу за статијата за вештачки екстремитети. Кога бев во четвртиот месец од бременоста, докторот ни кажа дека бебето ќе се роди без раце и без нозе и дека ќе може да добие вештачки нозе кога ќе наполни една година. Статијата излезе истиот месец кога Дерил наполни една година. Сега учи да стои и да оди. Јас и маж ми со нетрпение го чекаме времето кога Дерил „ќе скока како елен“ (Исаија 35:6).

Ј. А., Франција

Животот вреди да се живее (8 февруари 2002) Бројот на Разбудете се! од 8 февруари 2002 година го имам прочитано многу пати, а го читам особено кога сум обесхрабрена. Ваквите информации ми се како лек, а единствената разлика е во тоа што ним никогаш не им поминува рокот. Советите и решенијата за проблемите што се дадени во него навистина помагаат. Разбудете се! ме расположува и кај мене буди чувство дека вие се грижите за поединци како мене. Многу сум среќна и многу сум ви благодарна што секогаш сте тука да ме потсетите дека „животот вреди да се живее“!

П. Т., Мадагаскар

Пилгрими и пуританци — кои биле тие? (февруари 2006) Се запрепастив кога видов колку погрешно се изнесени фактите во оваа статија. Има многу важна причина зошто Индијанците од Северна Америка не го слават Денот на благодарноста, а вие само површно ги спомнувате фактите.

Името е изоставено, Соединетите Држави

„Разбудете се!“ одговара: Ве молиме, имајте на ум дека целта на оваа статија не е детално да ја разработи историјата на празникот Денот на благодарноста. Неколку книги, меѓу кои и „Encyclopædia Britannica“, наведуваат дека есента 1621 година, пилгримите три дена славеле со своите пријатели Индијанците. Тоа е опишано во едно писмо од Едвард Винслоу, со датум од 11 декември 1621 година. Меѓутоа, во годините потоа, со Денот на благодарноста, освен за жетвата, почнало да се искажува благодарност и за разни други настани. Во 1637 година, се одржал најозлогласениот „Ден на благодарноста“, кога гувернерот Џон Винтроп од колонијата Масачусетс Беј дал објава да се одржи таков ден во знак на благодарност за тоа што биле масакрирани стотици Индијанци од племето Пекот. Според тоа, сфаќаме зошто за некои читатели можеби Денот на благодарноста е навредлив празник.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели