ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/07 стр. 2-3
  • Богатство за кого?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Богатство за кого?
  • Разбудете се! 2007
  • Сличен материјал
  • Поглед во светот
    Разбудете се! 2013
  • Зошто толкава сиромаштија во овој богат свет?
    Разбудете се! 2007
  • Обиди да се нахранат милијарда луѓе
    Разбудете се! 2005
  • Сиромашните стануваат сѐ посиромашни
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 5/07 стр. 2-3

Богатство за кого?

ДАЛИ ти се верува дека, всушност, живееме во богат свет? Некои земји дури не можат ни да ги потрошат сите пари што ги имаат! Се проценува дека во 2005 год. бруто-светскиот производ, односно вкупната вредност на стоките и услугите во таа година, бил над 47 билиони евра. Ако овој приход се распредели на целото население на Земјата, тогаш на секој човек му доаѓаат по околу 7.000 евра. А оваа бројка постојано расте.

Но, ова светско богатство е една голема иронија. Според една публикација што неодамна ја издадоа Обединетите нации, богатството на тројцата најбогати луѓе во светот е поголемо од бруто-домашниот производ на 48-те најсиромашни земји заедно. А од Програмата за развој при ОН известуваат дека 2,5 милијарди луѓе се мачат да преживеат со помалку од 2 евра на ден. Стотици милиони луѓе се неисхранети и немаат чиста вода за пиење.

Социолозите во Соединетите Држави анализираат една група луѓе што ги нарекуваат „речиси сиромашни“. Постои голем ризик тие луѓе да западнат во сиромаштија. Над 50 милиони луѓе во САД се наоѓаат во таква состојба иако живеат во многу богата земја.

Зошто стотици милиони сиромашни луѓе тонат во беда кога во благајните и на банковните сметки има огромен прилив на пари? Зошто до толку многу луѓе не стигнува речиси ни паричка од сѐ поголемото богатство во светот?

[Истакната мисла на страница 3]

Тројцата најбогати луѓе во светот се побогати од 48-те најсиромашни земји заедно

[Слика на страници 2 и 3]

Дневницата на децата што работат во оваа цигларница е околу 0,40 евра

[Извор на слика]

© Fernando Moleres/ Panos Pictures

[Извор на слика на страница 3]

© Giacomo Pirozzi/Panos Pictures

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели