ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/07 стр. 16-18
  • Зошто го посетивме Божиќниот Остров

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто го посетивме Божиќниот Остров
  • Разбудете се! 2007
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Тајната на птиците е обелоденета
  • Посебна причина за посета
  • Што претставува Божиќ за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Божиќ — зошто е толку популарен во Јапонија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Што треба да знаете за Божиќ
    Разбудете се! 2003
  • Божиќ — зошто дури и на Ориентот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Разбудете се! 2007
g 8/07 стр. 16-18

Зошто го посетивме Божиќниот Остров

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! НА ФИЏИ

ОСТРОВОТ Киритимати, или Божиќниот Остров, е најголемиот од 33-те острови во Тихиот Океан кои ја сочинуваат државата Кирибати.a Божиќниот Остров зафаќа површина од околу 380 квадратни километри, што е еднакво на површината на останатите 32 острови на Кирибати заедно. На овој остров живеат околу 5.000 жители, а вкупното население на островите Кирибати изнесува околу 92.000.

Сите острови што го сочинуваат Кирибати, освен еден, се корални острови. Божиќниот Остров не само што е најголемиот во оваа земја туку, според површината, е и најголемиот корален остров во светот!

Друг интересен податок за Божиќниот Остров е тоа што се наоѓа многу близу до меѓународната датумска линија. Луѓето на островот први го дочекуваат новиот календарски ден, први ја дочекуваат новата година и други годишни настани, како што е одбележувањето на смртта на Исус Христос.b

Овој далечен корален остров е едно од најважните места за размножување на морските птици во тропскиот појас. Во поново време имаше информации дека околу 25 милиони мургави вртимушки редовно се гнездат овде.

Тајната на птиците е обелоденета

Еден ден пред Божиќ во 1777 год., капетан Џејмс Кук пристигнал на овој остров на кој тогаш немало луѓе. Но, имало многу птици. Кук го нарекол островот Божиќен Остров.c Долги години, местоположбата на островот ја знаеле само птиците.

За време на нашата посета, еден чувар од Одделот за заштита на животинскиот свет нѐ поведе на зачудувачко разгледување на островот. Кога нѐ однесе на една плажа, над главите ни прелетаа љубопитни бели вртимушки за да нѐ поздрават. Тие будно го следеа секое наше движење, поигрувајќи си со нас. Само да пружевме рака, ќе можевме да ги погалиме.

Малку подалеку од плажата, на земјата беа застанати еден куп мургави вртимушки. Стотици илјади од овие птици доаѓаат на Божиќниот Остров за да се парат. Кога пристигнуваат, чекаат да се соберат сите птици, па затоа дење и ноќе летаат вртејќи се и крекајќи над местата каде што ќе ги подигаат своите млади. Откако ќе пристигнат сите, слетуваат на земјата и прават гнезда.

Пиленцата на мургавите вртимушки почнуваат да талкаат по океаните кога ќе наполнат околу три месеци. На цврсто тло се враќаат дури по пет до седум години, кога се спремни за парење. Во текот на тие години, поголемиот дел од времето го минуваат во воздух, бидејќи немаат доволно масло на крилјата за да можат да застануваат на водата.

Здогледавме белокапи морски ластовички како лежат во гнездата врз своите мали пиленца и врз неиспилените јајца. Овие морски птици свиваат гнезда за своите малечки, но белите вртимушки не. Тие ги несат јајцата на голите гранки од дрвјата. За среќа, малечките се испилуваат со добро развиени нозе и канџи, кои се доволно силни за да се држат за гранките. Овие малечки бушави пиленца, кои стоеја на гранките како залепени за нив, веднаш нѐ пленија. И родителите се убави снежнобели птици со изразито црн клун.

Додека се шетавме, еден божиќен зовој неподвижно лежеше врз јајцата и будно нѐ следеше со погледот од едно затскриено место во близина. На Божиќниот Остров живее најголемата колонија од зовои со вкрстени опашки во светот. А овој остров е последното познато место на кое се размножуваат полинезиските и белите бурници. Меѓу другите птици што се размножуваат тука се и црвеноопашестата тропска птица, маскираниот ганет, кафеавиот и црвеноногиот ганет, кафеавата морска ластовичка и големата фрегата.

Фрегатите мирно се извиваа над нас и изведуваа величествени акробации во воздухот, крадејќи им ги рибите на другите птици и борејќи се да зграпчат некое залче храна што го оставиле рибарите. Фрегатите ја стекнале оваа вештина затоа што обично не слетуваат на вода. Слично на мургавите вртимушки, и нивното перје не е доволно водоотпорно, а плус и полетувањето им е тешко затоа што распонот на крилјата им е околу 180 сантиметри.

Претходно видовме една мала кафеава птица, и сега дознавме дека тоа е пацифичка златеста свиралка. Таа е една од многуте птици преселници кои го користат Божиќниот Остров како важна попатна станица на која можат да соберат храна и да се одморат по долгиот лет. Златестите свиралки се парат во пределите над Северниот поларен круг, кои се оддалечени илјадници километри. Одличната способност за навигација ги води овие мали маратонци до нивната постојка на Божиќниот Остров, кој е околу 2.100 километри јужно од Хонолулу (Хаваи).

Посебна причина за посета

Ние редовно го посетуваме Божиќниот Остров, но не за да ги набљудуваме птиците, туку за да бидеме со нашите соверници, Јеховините сведоци кои живеат таму, и за да им се придружиме на состаноците и во проповедањето. Географската оддалеченост претставува вистинска тешкотија за овие мили Сведоци. На пример, пред многу години, кога еден Сведок ненадејно починал, неговата ужалена сопруга храбро го одржала говорот за погреб бидејќи немало кој друг да го стори тоа. Таа сакала луѓето што дошле, да чујат за надежта што Библијата ја дава за мртвите (Јован 11:25; Дела 24:15).

Освен трите одлични преводи на Библијата, нема многу други библиски публикации. Меѓутоа, Јеховините сведоци секој месец на гилбертски јазик издаваат по еден број од списанието Стражарска кула, како и други библиски публикации. Мнозина се изненадени од ова, зашто овој јазик го зборуваат помалку од 100.000 луѓе во светот. Овие публикации темелени на Библијата им помагаат на тамошните Сведоци редовно да ги одржуваат своите состаноци и да го исполнат Исусовиот налог да ја проповедаат добрата вест за Божјето Царство (Матеј 24:14; Евреите 10:24, 25).

За туристите, превозот може да претставува проблем. Но, за само три часа, на Божиќниот Остров можеш по копно да пропатуваш на релација Лондон-Тенеси-Полска! Како е можно тоа? Банана, Лондон, Париз, Полска и Тенеси се необични имиња на села, кои ни помагаат да сфатиме од каде биле некои од првите доселеници.

Кога еднаш дојдовме на островот, еден љубезен лекар нѐ покани да одиме со него до Полска, и за првпат можевме да проповедаме таму. Имавме само два часа, па затоа буквално претрчавме од куќа до куќа за да можеме да му проповедаме на секого. Сите што ги сретнавме внимателно ја слушаа библиската порака и зедоа списанија. Не можеа да си поверуваат на очите кога видоа дека е на нивниот јазик.

Многу ги сакаме овие мили луѓе на далечниот Божиќен Остров. А многу ги сакаме и неговите прекрасни пердувести жители. Многу одамна, капетан Кук можеби мислел дека островот е само „за птиците“, но денес луѓето што живеат таму не се согласуваат со него. Исто како птиците, и тие си го нарекуваат свој дом.

[Фусноти]

a Порано островите Кирибати беа познати како Гилбертови Острови. Денес, освен 16-те Гилбертови Острови, во Кирибати спаѓаат и островските групи Феникс и Лајн, како и островот Банаба.

b Послушни на Исусовата заповед, Јеховините сведоци ја одбележуваат неговата смрт еднаш годишно на денот кога умрел (Лука 22:19).

c И во Индискиот Океан има остров што се вика Божиќен Остров.

[Карти на страница 16]

(Види во публикацијата)

Божиќен Остров

Банана

Тапакеја

Лондон

Париз

Полска

Меѓународна датумска линија

[Слика на страница 16]

Фрегати

[Извор на слика]

GaryKramer.net

[Слика на страница 17]

Бела вртимушка

[Извор на слика]

©Doug Perrine/ SeaPics.com

[Слика на страница 17]

Кафеави ганети

[Извор на слика]

Valerie & Ron Taylor/ ardea.com

[Слика на страница 18]

Проповедаме заедно со тамошните Сведоци

[Извор на слика на страница 18]

GaryKramer.net

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели