Писма од читателите
Може ли бракот да ги издржи бурите? (јули 2006) Редовно го читам списанието Разбудете се! Иако сум католик, сметам дека вашето списание е многу интересно и поучно. Сепак, не се сложувам со изјавата: „Во 1983 год., Црквата ги ублажи правилата што се однесуваат на брачната врска и им го олесни на католиците раскинувањето на бракот“.
Џ. В. М., Замбија
„Разбудете се!“ одговара: Се осврнавме на процедуралните промени кои беа направени во Црковниот законик од 1983 год., и кои имаа силно влијание, особено во Соединетите Држави. Според римокатоличкиот бискуп Марк А. Пиварунас, во 1968 год. во Соединетите Држави беа раскинати само 338 бракови. Но, до 1990 год., овој број вртоглаво порасна на 62.824. Зошто?
Црковниот правник Едвард Питерс рекол: „Во последниве 30 години беа направени коренити промени во црковните процедури. Тие промени овозможија полесно да се поднесе барање за да се раскине бракот и ги зголемија шансите таквите барања да бидат одобрени“. Откако цитира голем број промени од овој законик, Питерс додава: „Неоспорно е дека сите овие промени во црковните закони што ги направи Ватикан доведоа до нагол пораст на бројот на раскинати бракови“. Сеедно каква била намерата, директна последица од овие промени — барем во Соединетите Држави — беше она што стоеше во „Разбудете се!“: „[Црквата] им го олесни на католиците раскинувањето на бракот“.
Постои ли Творец? (септември 2006) Ова специјално издание на Разбудете се! беше вистинско ремек-дело. Аргументите беа едноставни, јаки, логични и разумни. Многу ми се допадна тоа што секоја статија ја разработи истата тема од поинаков агол.
А. Б., Шпанија
Ви благодарам за ова извонредно списание. Многуте аргументи и слики му оддаваат чест на Јехова. Тој заслужува таква фалба.
Р. Б., Швајцарија
Едноставните и цврсти докази ме уверија дека постои Творец. Јасно беше покажано дека еволуцијата е измама, но не со непријателски тон, туку во склад со строгите научни критериуми.
Л. Г., Франција
Роми — илјада години исполнети со радост и тага (октомври 2006) Ромите отсекогаш ми лежеле на срце. За жал, некои луѓе сѐ уште имаат предрасуди кон нив. Сигурна сум дека вашите статии ќе наведат мнозина малку да се подзамислат. Колку нѐ охрабрува тоа што Јехова не е пристрасен и што меѓу неговите слуги има и Роми!
Б. Б., Франција
Ние сме Роми. Татко ми сѐ уште не е Јеховин сведок и не е многу по читањето. Но, тој сакаше да го има ова списание и сега му стои на масата!
А. Г., Финска