ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/09 стр. 10-11
  • Деца што имаат тешкотии во учењето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Деца што имаат тешкотии во учењето
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да му помогнеш на твоето дете
  • Успехот нема да изостане
  • Зошто не можам да учам?
    Разбудете се! 1996
  • Да се надминат фрустрациите од дислексија
    Разбудете се! 1996
  • Како да се негува љубов кон учењето
    Разбудете се! 2004
  • Зошто да им читате наглас на своите деца?
    Разбудете се! 2002
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 1/09 стр. 10-11

Деца што имаат тешкотии во учењето

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО МЕКСИКО

На Стивен му е тешко да чита. Секојпат пред да му дојде редот да чита на глас пред одделението, добива болки во стомакот.

Марија не може да пишува читливо, иако нејзината учителка се труди да ѝ помогне. Потребни ѝ се по неколку часа за да ја напише домашната задача.

Ноа ги чита лекциите одново и одново. Сепак, го заборава она што го учел и мака мачи со оценките.

СТИВЕН, Марија и Ноа имаат тешкотии во учењето. Најчест облик на вакви нарушувања е тешкотијата при читањето. На пример, лицата со дислексија честопати ги мешаат буквите што се слични. Други тешкотии во учењето се дисграфијата (нарушување кое влијае врз ракописот) и дискалкулијата (нарушување на способноста за решавање на математички проблеми). Сепак, повеќето лица со вакви тешкотии имаат просечна или натпросечна интелигенција.

Некои од симптомите се: задоцнет процес на совладување на говорот, проблем да најдат зборови со рима, постојани грешки во изговорот, сиромашен фонд на зборови сличен на оној што го користат деца кои штотуку прозбореле, тешкотија при учењето на букви и броеви, неспособност исправно да се напише едноставен збор буква по буква, мешање на зборови што звучат слично и тешкотија да се следат упатства.a

Како да му помогнеш на твоето дете

Што би можел да сториш ако изгледа дека твоето дете има тешкотии во учењето? Како прво, треба да му се испитаат слухот и видот за да се утврди дали тоа е вистинската причина.b Потоа, побарај стручно мислење од лекар. Ако се утврди дека детето има тешкотии во учењето, ќе му биде потребна емоционална поддршка. Не заборавај дека ова нарушување нема никаква врска со неговата интелигенција.

Искористи ја секоја специјална понуда на училиштето, како на пример приватните часови. Замоли го наставникот да ги земе предвид потребите на детето. Учителот можеби ќе дозволи детето да седи во предните клупи и да добива повеќе време за да ги заврши задачите. Тој би можел да му дава и писмени и усни упатства и да го испрашува само усно. Бидејќи децата со тешкотии во учењето честопати забораваат и не се организираат добро, би било добро да имаат по два учебника — еден за на училиште, а друг за дома. Понекогаш е можно да добијат компјутер со програма за коригирање на правописните грешки, кој ќе го користат на училиште или дома.

Читај заедно со детето секој ден по малку. Ако има дислексија, најдобро е да го прави тоа на глас за да можеш ти, како родител, да му помагаш и да го исправаш. Најпрвин би можел самиот да читаш на глас, а твоето дете да те следи. Потоа, на глас читајте го текстот заедно. На крајот, детето нека чита само. За да не му бегаат редовите, би можело да користи линијар, а потешките зборови да ги означи со фломастер. За оваа вежба веројатно се потребни само 15 минути дневно.

Математичките вештини можат да се учат практично додека се мери количината на состојките за некој рецепт, должината на некое парче дрво што треба да се исече, кога се пазарува и слично. Милиметарската хартија и дијаграмите можат да бидат од голема помош при решавањето на математички проблеми. Ако твоето дете има тешкотија при пишувањето, набави му големи тетратки со широки линии и моливи што пишуваат подебело. Букви што се лепат на метална површина со помош на магнет би можеле да му помогнат исправно да го напише зборот буква по буква.

Еве и неколку совети за родителите на деца со синдром на невнимание/хиперактивност. Секогаш кога сакаш да му кажеш нешто, гледај го во очи. Овозможи му на детето да има тивко место каде што ќе учи и дозволувај му да прави чести паузи. Насочи го неговиот вишок на енергија на задачи во кои може да биде активно, како на пример да го прошета кучето.

Успехот нема да изостане

Помогни му на детето да ги искористи своите јаки страни, поттикнувајќи го да ги развива своите способности и дарби. Пофали го и награди го кога ќе постигне нешто, сеедно колку безначајно е тоа. Поголемите задачи подели му ги на помали за да се радува кога ќе успее да ги заврши. Користи слики или дијаграми за да му објасниш како да заврши одредена задача.

Имај на ум дека читањето, пишувањето и способноста за решавање основни математички проблеми се важни вештини за еден млад човек. На твоето дете можеби му се потребни поинакви методи и повеќе време за да сфати нешто. Но, биди уверен дека, со поттик и соодветна поддршка, тоа ќе може да учи.

[Фусноти]

a Тешкотиите во учењето честопати се проследени со синдромот на невнимание/хиперактивност, кој се карактеризира со немирност, импулсивно однесување и краткотрајна концентрација. (Види во српското издание на Разбудете се! од 22 февруари 1997, страници 5-10.)

b Во оваа статија се користи машки род бидејќи дислексијата и хиперактивноста се јавуваат трипати почесто кај момчињата отколку кај девојчињата.

[Рамка на страница 11]

ТЕШКОТИЈАТА ВО УЧЕЊЕТО МОЖЕ ДА БИДЕ И ЈАКА СТРАНА

„Пишаните зборови отсекогаш ми изгледаа како нејасни чкртаници — исто како да гледам текст напишан на странски јазик. Ја сфаќав нивната смисла само кога некој ќе ми ги прочиташе. Наставниците си мислеа дека сум мрзлив, неучтив, дека не се трудам доволно или дека не внимавам на час. Но, тоа воопшто не беше точно. Иако бев многу внимателен и вложував голем труд, едноставно тешко ми одеше со читањето и со пишувањето. Други предмети, како што е математиката, не ми беа тешки. Како дете, најмногу ми одеа спортот, занаетчиството, уметноста и сите други области што не беа поврзани со читање и пишување.

Подоцна, решив да се занимавам со некаква физичка работа, па станав занаетчија. Така имав чест да работам на пет меѓународни градежни проекти на Јеховините сведоци. За да прочитам нешто, морам да вложувам многу напор, но подоцна обично можам да се сетам на голем дел од она што сум го прочитал. Бидејќи ја проучувам Библијата, ова многу ми помага, посебно во христијанската служба. Од таа причина, моето нарушување не го сметам за слабост, туку за јака страна“ (Питер, полновремен слуга во редовите на Јеховините сведоци, кој има дислексија).

[Слика на страница 10]

Децата можат да научат да прават белешки со цртање додека внимателно слушаат

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели