ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/09 стр. 5-7
  • Кога започнува животот на еден човек?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога започнува животот на еден човек?
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зачнувањето — вистинско чудо
  • Нероденото дете е личност
  • Конструирани да живееме вечно
    Разбудете се! 1996
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • ‚Чудесно сме создадени‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Животот — дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 6/09 стр. 5-7

Кога започнува животот на еден човек?

„МОЈАТА биолошка мајка имала 17 години и била бремена веќе 7 и пол месеци кога решила да абортира“, вели Џана.a „Абортусот требало да ме убие, но, ете, сѐ уште сум жива.“

Ова е изјавата која, во 1996 год., ја даде 19-годишната Џана пред американската владина комисија за абортус. За тие 7 и пол месеци, колку што била во утробата на мајка си, деловите од нејзиното тело веќе биле оформени. Веројатно ќе се согласиш дека уште тогаш таа била личност со оглед на тоа што продолжила да живее како личност и откако била родена.

Но, дали Џана била личност како ембрион од само пет седмици, кој тогаш обично е долг само 1 сантиметар? Точно е дека деловите од нејзиното тело сѐ уште не биле целосно оформени, но веќе била оформена основата за нејзиниот нервен систем, вклучувајќи го и мозокот. Таа имала срце што чукало 80 пати во минута и ја движело крвта низ нејзините крвни садови. Ако Џана била личност по 7 и пол месеци, зарем не е логично дека била личност и кога имала пет седмици, иако тогаш сѐ уште не била целосно развиена?

Зачнувањето — вистинско чудо

Оформувањето на сите делови од ембрионот започнува при зачнувањето, кога јајце-клетката на жената е оплодена од сперматозоидот на мажот. Најновата технологија им овозможува на научниците да ги набљудуваат чудесните промени што се случуваат во јадрото на оваа единечна оплодена клетка. Со соединување на молекулите на ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина) од таткото и од мајката се создава човечки живот кој никогаш порано не постоел.

Оваа прва клетка започнува еден навистина чудесен процес сличен на градежен проект, при кој настанува човечко суштество. „Градежниот план“ го „цртаат“ нашите гени, односно делови од ДНК, кои ги одредуваат сите наши карактеристики — висината, изгледот на лицето, бојата на очите и косата и илјадници други.

При делбата на оваа првобитна клетка, во секоја нова клетка се пренесува копија од целиот генетски „градежен план“. Што е уште поинтересно, секоја од нив е програмирана да се развие во посебен вид клетка, односно да стане дел од срцевото ткиво, мозочните клетки, коските, кожата, па дури и од проѕирното ткиво на нашите очи. Тоа што првата клетка е програмирана да стане една уникатна, сосема нова личност со право е наречено „чудо“.

„Во првата клетка е програмиран целокупниот раст и развој на едно човечко суштество“, вели познатиот молекуларен биолог д-р Дејвид Фу-Чи Марк. Тој заклучува: „Не постои никаков сомнеж дека секој човек е потполно уникатен од самиот почеток на својот живот, односно од оплодувањето“.

Нероденото дете е личност

Детето станува посебна личност уште при зачнувањето. Тоа не е само друг дел од ткивото на мајката. Организмот на мајката реагира кон него како кон туѓо тело, кое брзо би било отфрлено да не е посебната заштита што му ја дава мајчината утроба. Овој нов живот, кој опстојува посебно од мајката благодарение на заштитната мембрана во која се наоѓа, е личност со посебен образец на ДНК.

Некои велат дека, ако телото на мајката може спонтано да абортира голем број оплодени јајце-клетки поради најразлични аномалии, зошто би било погрешно еден лекар да изврши абортус? Меѓутоа, постои голема разлика помеѓу спонтана смрт и намерно убиство. Во една јужноамериканска земја, на секои 1000, умира по 71 дете уште во првата година од својот живот. Но, дали тоа што толку многу деца умираат предвреме оправдува убиство на дете помало од една година? Се разбира дека не!

Вреди да се спомне дека, според Библијата, човечкиот живот постои уште додека е во утробата. Псалмистот Давид го кажал следново за Бог: „Твоите очи ме видоа додека бев зародок, во твојата книга сите негови делови беа запишани“ (Псалм 139:16). Давид не вели само дека Бог видел зародок, туку ‚МЕ виде како зародок‘, што всушност открива дека животот на Давид започнал долго пред тој да се роди, поточно кога бил зачнат. Под Божје водство, Давид открил дека, во тој момент, развојот на деловите од неговото тело се одвивал според план, односно според детални ‚пишани‘ упатства што го оформиле во личност каква што бил.

Исто така, забележи дека Библијата не вели дека во жената се зачнува некакво ткиво. Напротив, таа вели: „Се зачна човек!“ (Јов 3:3). И ова покажува дека, според Библијата, едно дете станува личност уште откако ќе биде зачнато. Да, животот на еден човек започнува токму тогаш!

[Фуснота]

a Станува збор за абортус предизвикан со вбризгување отровен солен раствор во матката, кој го убива бебето во рок од два часа откако ќе го голтне. Мајката добива породилни болки 24 часа подоцна и раѓа мртво бебе, а во некои случаи роденото бебе сѐ уште се мачи да умре.

[Слики на страници 6 и 7]

Човечкиот ембрион од пет седмици не е само ткиво — тој содржи информации кои го одредуваат развојот на органите

(природна големина)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели