ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w92 1/8 стр. 3-4
  • Животот — дар од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Животот — дар од Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Сличен материјал
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Кога започнува животот на еден човек?
    Разбудете се! 2009
  • Што пишува во Библијата за абортусот?
    Одговор на библиски прашања
  • Раѓањето како чудо
    Разбудете се! 2011
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
w92 1/8 стр. 3-4

Животот — дар од Бог

ДВАЕСЕТ И ЧЕТИРИ часа на ден нашето срце прецизно пумпа крв низ нашето тело. Легнуваме да спиеме, а нашите бели дробови и понатаму се шират и собираат. Јадеме храна, а храната автоматски се вари. Сето ова се случува секој ден, со мали или никакви свесни напори од наша страна. Овие таинствени и чудесни процеси, кои толку лесно ги земаме здраво за готово, се дел од дарот што го нарекуваме живот. Во извесна смисла тоа е дар кој може да се нарече чудесен.

Разгледај го процесот на човечкото зачнување и раѓање. Иако телото обично го отфрла туѓото ткиво, матката прави исклучок со оплоденото јајценце. Наместо да го отфрли растечкиот ембрион како туѓо ткиво, таа го храни и го штити сѐ додека не биде готов да излезе како бебе. Без способноста на матката да го прави овој пресуден исклучок во улогата на отфрлање на туѓо ткиво, човечкото раѓање би било невозможно.

И покрај тоа, животот на новороденото бебе би бил кус кога не би бил предвиден за развој кој се случува во матката кога фетусот е стар само околу четири месеци. Во тоа време тој почнува да го цица палецот и ги вежба мускулите кои подоцна ќе му овозможат да се храни од градите на мајка си. А тоа е само една од многуте работи кои се пресудни за живот и смрт, а кои се решени долго пред раѓањето на бебето.

Додека фетусот е во матката, постои отвор во ѕидот на неговото срце. Овој отвор, меѓутоа, автоматски се затвора при раѓањето. Освен тоа, при раѓањето автоматски се собира еден голем крвен сад којшто ги заобиколува дробовите додека фетусот е во матката; крвта сега оди кон дробовите кадешто се соединува со кислородот во моментот кога бебето го зема својот прв здив.

Сето ова е само почеток. Во текот на животот, редица од складно конструирани системи (како што е дишниот, крвоточниот, нервниот и ендокриниот систем), ќе ги извршуваат и ќе ги координираат своите функции со ефикасност која го збунува човековото сфаќање — а сѐ заради непрекинато одржување на животот. Не е ни чудо што еден древен писател во врска со Бог рекол: „Те прославувам затоа што сум чудесно создаден. Прекрасни се Твоите дела; душата моја тоа добро го сознава“ (Псалми 139[138]:14).

Јасно е дека писателот на овие прекрасни зборови не мислел дека животот едноставно е производ на слепа, еволуционистичка судбина или случајност. Да е така, ние не би имале реални обврски или одговорности за тоа како треба да го употребиме нашиот живот. Меѓутоа, животниот механизам јасно одразува мајсторство, а за едно мајсторство мора да постои мајстор. Библијата го поставува следново начело: „Зашто секој дом се гради од некого; а Оној, Кој создал сѐ, е Бог“ (Евреите 3:4). Затоа е пресудно да ‚знаеме дека Јехова е Бог. Тој е оној кој нѐ создал, а не ние самите‘ (Псалми 100:3, New World Translation of the Holy Scriptures). Да, животот е повеќе од милослива случајност; тој е дар од самиот Бог (Псалми 36[35]:9).

Со оглед на ваквата ситуација, какви обврски имаме спрема Дарителот на животот? Како очекува тој да ги употребиме нашите животи? Овие и слични прашања ќе бидат разгледани во следната статија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели