ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/09 стр. 3
  • Кога те сметаат за никој и ништо

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога те сметаат за никој и ништо
  • Разбудете се! 2009
  • Сличен материјал
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Предрасудите — проблем од светски размери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Дали си жртва на предрасуда?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Предрасуди и дискриминација — кои се главните причини
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 8/09 стр. 3

Кога те сметаат за никој и ништо

„Кога тргнав во прво одделение во Шпанија, соучениците постојано ми вадеа прекари бидејќи бев многу пониска од нив. Речиси секој ден се враќав дома расплакана“ (Џенифер, ќерка на доселеници од Филипините)

„Кога се префрлив во друго училиште, моите нови сокласници кои беа белци ми ставаа погрдни имиња. Знаев дека сакаат да ме испровоцираат да се степам. Некако успеав да се контролирам, но се чувствував навреден и отфрлен“ (Тимоти, Афроамериканец)

„Кога имав седум години, односите помеѓу народите Ибо и Хауса во Нигерија се влошија. Ваквата омраза влијаеше и врз мене, па така почнав да исмејувам едно дете од народот Хауса со кое учевме во истото одделение, иако бевме другари“ (Џон, припадник на етничката група Ибо)

„Додека јас и мојата партнерка, со која служев како мисионерка, им ја пренесувавме библиската порака на соседите, неколку деца, подбуцнати од свештениците, почнаа да нѐ следат и да фрлаат со камења по нас. Свештениците сакаа да го напуштиме градот“ (Олга)

ДАЛИ некогаш си бил жртва на дискриминација, која најчесто се темели на предрасуди? Можеби причина за таквите предрасуди била твојата боја на кожа, твојата религија, твојата економска состојба, твојот пол, па дури и твојата возраст. Честопати, лицата кои постојано се жртви на предрасуди се плашат од следната ситуација кога ќе бидат малтретирани. Ги фаќа паника кога треба да поминат покрај група луѓе, да отидат во продавница, да го сменат училиштето или да присуствуваат на некаков собир.

Освен тоа, на жртвите може да им биде тешко да најдат работа. Добиваат второкласно лекување, полошо образование, и им се ускратуваат одредени социјални услуги и законски права. Кога дискриминацијата има „благослов“ од луѓето што се на власт, може да дојде до етничко чистење, геноцид и други злосторства. Во библиската книга Естира се зборува за еден обид за геноцид. Забележи каква улога играле омразата и предрасудите (Естира 3:5, 6).

До нетрпеливост може да дојде дури и кога дискриминацијата се смета за законски прекршок. Еден поранешен висок комесар за човекови права вели: „И по шест децении од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права,.. начелата за еднаквост и борба против дискриминацијата не се ни најмалку универзални“. Ова претставува сериозен проблем со оглед на приливот на имигранти и бегалци кој доведе до значителна промена во демографската структура на многу земји.

Тогаш, дали едно непристрасно општество е само сон? Можат ли предрасудите и дискриминацијата да се надминат? Во следните статии е даден одговорот на овие прашања.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели