ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w96 1/6 стр. 3-4
  • Дали си жртва на предрасуда?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си жртва на предрасуда?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Предрасудата може да повреди
  • Предрасудите — проблем од светски размери
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Предрасуди — дали ги носиш во себе?
    Разбудете се! 2020
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Предрасуди и дискриминација — кои се главните причини
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
w96 1/6 стр. 3-4

Дали си жртва на предрасуда?

ШТО им е заедничко на етничкото насилство, расизмот, дискриминацијата, раздвојувањето и геноцидот? Сите тие се последици на една раширена човечка склоност — предрасудата!

Но, што претставува предрасудата? Една енциклопедија ја дефинира како „гледиште формирано без да се одвои време или грижа за фер просудување“. Како несовршени луѓе, склони сме да бидеме пристрасни до некој степен. Можеби можеш да се сетиш на примери кога си направил некакво просудување без да ги имаш сите факти. Библијата ги споредува таквите пристрасни склоности со начинот на којшто суди Јехова Бог. Таа вели: „Јас не гледам така, како што гледа човек, зашто човек гледа на лицето, а Господ гледа на срцето“ (1. Царства 16:7).

Предрасудата може да повреди

Несомнено, во некое време, секој бил погрешно осуден од некого. (Спореди Проповедник 7:21, 22.) Општо земено, сите ние сме жртви на предрасуда. Меѓутоа, ако брзо ги растераме, пристрасните мисли веројатно ќе нанесат мала или никаква повреда. Негувањето на таквите мисли е тоа што може да доведе до штета. Тоа може да нѐ заведе да веруваме во некоја невистина. На пример, под влијание на предрасудата, некои луѓе навистина веруваат дека едно лице може да биде алчно, мрзливо, глупаво или горделиво само затоа што ѝ припаѓа на извесна религиозна, етничка или национална група.

Во многу случаи, таквото погрешно просудување доведува до неправедно, навредливо или дури до насилничко постапување со другите. Милиони луѓе ги изгубиле своите животи во масакри, геноциди, етнички убивања и други облици на екстремна предрасуда.

Ширум Земјината топка, владите се борат против предрасудата така што законски го гарантираат неповредливото право на слобода, безбедност и еднаквост. Ако го прочиташ уставот или главната збирка закони од твојата земја, несомнено ќе најдеш некоја клаузула или амандман наменет за заштита на правата на сите граѓани, без оглед на нивната раса, пол или религија. Па сепак, предрасудата и дискриминацијата земаат замав во светски размери.

Дали си ти жртва на предрасуда? Дали си жигосан како алчен, мрзлив, глуп или горделив само поради твојата раса, возраст, пол, националност или религиозни верувања? Дали поради предрасуда ти биле ускратени приликите за соодветно образование, вработување, живеење и социјални услуги? Ако да, како можеш да излезеш на крај?

[Слика на страница 3]

Негувањето предрасуди ја потстрекнува расната омраза

[Извор на слика]

Нина Берман/Sipa Press

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели