ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/09 стр. 7-9
  • Љубовта ги победува предрасудите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Љубовта ги победува предрасудите
  • Разбудете се! 2009
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исус ги сакал луѓето што биле презрени
  • Бог е стрплив со нас
  • Свет без предрасуди и дискриминација!
  • Да бидеме обединети како што се обединети Јехова и Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Крај на предрасудите
    Разбудете се! 2004
  • Ќе има ли свет без предрасуди?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Кога повеќе нема да има предрасуди!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
Повеќе
Разбудете се! 2009
g 8/09 стр. 7-9

Љубовта ги победува предрасудите

„За првпат во историјата се појави една нова религиозна заедница — не народ кој е обземен од патриотски чувства, туку група составена од лица кои доброволно се здружиле и успеале да ги надминат нивните социјални, расни и национални разлики; мажи и жени собрани пред својот бог“ (Историјата на христијанството од Пол Џонсон, на англиски)

ДОДЕКА христијанството се ширело низ Римското Царство, луѓето биле сведоци на едно големо чудо — можеле да видат меѓународно братство што научило да живее заедно во мир и единство. Тајната била во покажувањето вистинска љубов која не се темелела само на чувства туку и на Божјите начела.

За овие начела, со зборови и со дела, поучувал Исус Христос, кој бил исто така жртва на омраза и злобни предрасуди (1. Петрово 2:21-23). Како прво, тој бил од Галилеја, а еврејските верски водачи во Ерусалим ги презирале Галилејците, кои биле претежно земјоделци и рибари (Јован 7:45-52). Освен тоа, Исус бил извонреден учител, кого обичните луѓе го сакале и го почитувале. Затоа, верските водачи му биле толку љубоморни што рашириле лаги за него, па дури и сковале завера да го убијат! (Марко 15:9, 10; Јован 9:16, 22; 11:45-53).

Сепак, Исус ‚не враќал зло за зло‘ (Римјаните 12:17). На пример, кога некој фарисеј — член на една еврејска секта што му се противела на Исус — ќе му поставел искрено прашање, тој љубезно ќе му одговорел (Јован 3:1-21). Тој дури и јадел со фарисеи, меѓу кои имало и еден што покажал предрасуди кон Исус. На кој начин? Во тоа време било вообичаено да се измијат нозете на гостинот, но овој фарисеј не покажал кон него ваква љубезност. Наместо да се навреди, Исус го искористил тоа за да даде прекрасна поука за сочувството и простувањето (Лука 7:36-50; 11:37).

Исус ги сакал луѓето што биле презрени

Една од најдобрите споредби на Исус е онаа со добриот Самарјанин, во која Самарјанинот на свој трошок се погрижил за еден претепан и ограбен Евреин (Лука 10:30-37). Зошто постапката на Самарјанинот била толку благородна? Во тоа време, Евреите и Самарјаните се презирале меѓусебно. Всушност, Евреите честопати го користеле зборот „Самарјанин“ како навреда, а еднаш дури и Исус го нарекле така (Јован 8:48). Ова било извонредна поука за непристрасна љубов кон ближните.

Исус ги поткрепил своите зборови и со дела така што излекувал еден лепрозен Самарјанин (Лука 17:11-19). Освен тоа, поучувал и други благодарни Самарјани, па дури и водел подолг разговор со една Самарјанка (Јован 4:7-30, 39-42). Ова било нешто несекојдневно бидејќи строгите еврејски рабини не зборувале јавно со ниедна жена — дури ни со блиска роднина, а камоли со некојаси Самарјанка!

Но, како гледа Бог на едно лице што има предрасуди, но се труди да ги искорени од срцето? Библијата повторно ни дава утешен одговор.

Бог е стрплив со нас

Во првиот век, многу христијани со еврејско потекло на почетокот биле под влијание на предрасудите кон не-Евреите, од кои многумина станале верници. За да спречи да дојде до каков било раздор, Јехова Бог стрпливо го поучувал христијанското собрание (Дела 15:1-5). Ваквата стрпливост дала добри резултати, бидејќи, како што беше спомнато на почетокот од оваа статија, тие „успеале да ги надминат нивните социјални, расни и национални разлики“. ‚Така собранијата се зацврстувале во верата и од ден на ден растеле‘ (Дела 16:5).

Од тоа учиме дека никогаш не треба да се откажеме, туку и понатаму да се потпираме на Бог, кој великодушно им дава мудрост и морална цврстина на оние што ги ‚бараат со вера‘ (Јаков 1:5, 6). Се сеќаваш ли на Џенифер, Тимоти, Џон и Олга, кои ги спомнавме во првата статија? Пред да тргне во петто одделение, Џенифер, која дотогаш духовно созреала, научила да не обрнува внимание на расистичките навреди и на коментарите за нејзиниот низок раст. Кратко потоа, кога нејзините соученици почнале да исмејуваат една друга девојка, Џенифер ја бранела и ја тешела.

Што му помогнало на Тимоти да не избувне кога неговите соученици го исмејувале со расистички коментари? Тој вели: „Бев свесен дека со тоа ќе го оцрнам името на Јехова Бог. Исто така, постојано имав на ум дека треба ‚да го надвладееме злото со добро‘, наместо да дозволиме злото да нѐ надвладее нас“ (Римјаните 12:21).

Џон успеал да ги надмине своите предрасуди кон неговиот соученик од народот Хауса. Тој се присетува: „Како тинејџер, се запознав со некои ученици од народот Хауса со кои се спријателив. Со еден од нив работев на заеднички проект и многу добро се сложувавме. Сега се обидувам на луѓето да гледам како на поединци, а не како на припадници на одредена раса или племе“.

Олга и нејзината пријателка со која служеле како мисионерки не се повлекле од страв кога доживеале прогонство од страна на оние што ги мразеле, туку останале цврсти и верувале дека има луѓе што ќе ја ценат библиската порака. Многумина биле токму такви. Олга вели: „Педесетина години подоцна, ми пристапи еден човек и ми даде прекрасна торбичка со камчиња на кои беа изгравирани христијански особини како доброта, љубезност, љубов и мир. Човекот ми кажа дека бил едно од момчињата што фрлале камења по мене и дека сега е мој христијански брат. Заедно со торбичката, тој и неговата сопруга ми дадоа и голем букет бели ружи“.

Свет без предрасуди и дискриминација!

Наскоро на предрасудите и дискриминацијата ќе им дојде крајот. Како ќе биде можно такво нешто? Како прво, единствениот Владетел над целата Земја ќе биде Исус Христос, кој покажал дека „нема да суди според она што го гледа“ (Исаија 11:1-5). Во тоа време, Исусовите поданици на Земјата совршено ќе го одразуваат неговиот став, зашто сите ќе бидат поучени од него и од неговиот Татко, Јехова Бог (Исаија 11:9).

Оваа образовна програма се спроведува уште денес, а нејзина цел е да го подготви Божјиот народ за живот во еден сосема нов свет. Искористи го ова бесплатно образование со тоа што ќе прифатиш да ја проучуваш Библијата.a Бог не е пристрасен. Тој сака најразлични луѓе „да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тимотеј 2:3, 4).

[Фуснота]

a Ако сакаш бесплатно да ја проучуваш Библијата на место и во време кое тебе ти одговара, контактирај со Јеховините сведоци во твоето место на живеење или со некоја од подружниците наведени на 5. страница или посети ја веб-страницата www.watchtower.org.

[Истакната мисла на страница 8]

Наскоро, човештвото ќе биде ослободено од предрасуди и дискриминација

[Рамка/слика на страници 8 и 9]

КОРИСНИ НАЧЕЛА ОД БОГ

◼ „Никому не враќајте зло за зло... надвладеј го злото со добро!“ (Римјаните 12:17-21). Овој стих нѐ поттикнува секогаш на лошото да враќаме со добро. „Ме мразеа без причина“, рекол Исус Христос. Сепак, тој не возвратил со омраза (Јован 15:25).

◼ „Да не бидеме суетни,.. да не си завидуваме еден на друг“ (Галатите 5:26). Зависта и неисправната гордост се штетни за нас во духовен поглед и честопати водат до омраза и до предрасуди (Марко 7:20-23).

◼ „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12). Размисли за тоа како би сакал другите да постапуваат со тебе, а потоа постапувај со нив на ист начин, без оглед на нивната возраст, боја на кожа, јазик или култура.

◼ „Примајте се еден со друг, како што и Христос нѐ прими нас“ (Римјаните 15:7). Дали се трудиш да се запознаеш со луѓе од различно потекло и култура, посебно ако и тие се Божји слуги? (2. Коринќаните 6:11).

◼ „И да ме остават татко ми и мајка ми, Јехова ќе ме прифати“ (Псалм 27:10). Сеедно како другите постапуваат со тебе, Бог нема никогаш да те напушти ако му останеш верен.

[Слика на страница 7]

Еден Самарјанин му помага на еден ограбен Евреин

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели