Случајно или создадено?
Пердувите на бувот
◼ Авијатичарите му завидуваат на бувот. Зошто? Затоа што лета бесшумно. „Ниедна друга птица не лета толку тивко“, стои на веб-страницата на National Geographic. На што се должи оваа негова способност?
Размисли: Струењето на воздухот низ пердувите на повеќето птици создава доста силни звуци. Но, тоа не е случај и кај бувот. Пердувите на рабовите на неговите крилја имаат ресички. Кога бувот замавнува со крилјата надолу, овие ресички ги прекршуваат звучните бранови што настануваат кога воздухот струи на горниот дел од крилјата. А сите останати звуци ги придушуваат меките пердуви на другите делови од телото на бувот.
Конструкторите на летала сакаат да ја откријат тајната на речиси бесшумниот лет на бувот. Ако успеат да конструираат потивки авиони, аеродромите кои имаат строги ограничувања на бучавата би можеле да дозволат полетување и слетување на авионите во доцните вечерни и во раните утрински часови. Веќе се планирани неколку технички подобрувања. „Може да се каже дека сѐ уште сме на почеток“, вели Џефри Лили, почесен професор по аеронаутика на Универзитетот во Саутемптон (Англија). Тој додава дека можеби ќе треба да поминат неколку децении пред да биде конструиран таков авион.
Што мислиш? Дали пердувите на бувот кои ги стишуваат звуците настанале случајно или се дело на мудар Творец?
[Слика на страница 23]
Спореди го пердувот на бувот (лево) со пердувот на сокол (десно)
[Извори на слики на страница 23]
Ушлест був: © Joe McDonald/Visuals Unlimited; лет на сива утка: © Andy Harmer/Photo Researchers, Inc.; споредба на пердувите: Со љубезна дозвола на Eike Wulfmeyer/Wikimedia/GFDL