Случајно или создадено?
Кожата на ајкулата
● На прв поглед, кожата на ајкулата е мазна. Но, да можеш да поминеш со раката од опашката кон главата — се разбира, под услов тоа да е безбедно — ќе осетиш дека е рапава како шмиргла.a
Размисли: Ситните забести крлушки кои го создаваат овој ефект ѝ помагаат на ајкулата на два начина. Како прво, ја насочуваат водата, со што овозможуваат да плива со најминимален отпор. И, како второ, додека ајкулата плива, крлушките постојано се мрдаат, што спречува на нејзината кожа да се населат паразити.
Својствата на кожата на ајкулата имаат најразлична примена. На пример, научниците успеаја да направат костим за капење со слични карактеристики како кожата на ајкулата, кој му ја зголемува брзината на пливачот за околу 3 отсто. Тие сметаат дека истите принципи би можеле да се применат и кај автомобилите и чамците за да се намали силата на триење.
Истражувачите се надеваат дека ќе можат да ги копираат хигиенските својства на кожата на ајкулата за да произведат средство за импрегнирање на чамци кое ги прави отпорни на микроби и нема да биде толку штетно за природната средина како боите на база на метал. Овие својства би можеле да се искористат во некои медицински производи и апарати кои би го намалиле ризикот од пренесување зарази во болниците.
Што мислиш? Дали кожата на ајкулата која штеди енергија и има извонредни хигиенски својства настанала случајно или е дело на мудар Творец?
[Фуснота]
a Рапавоста на кожата не се забележува ако поминеш со раката од главата кон опашката.
[Слика на страница 10]
Крлушки од ајкула во гро-план
[Извори на слики на страница 10]
Крлушки: © Eye of Science/Photo Researchers, Inc.; ајкула: © Image Source/age fotostock