ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 11/10 стр. 10-12
  • Испорака на домашно јадење во Мумбај

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Испорака на домашно јадење во Мумбај
  • Разбудете се! 2010
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Се отвораат нови работни места
  • Услуга без промашување
  • Работниот ден на дабавалите
  • Скромен но многу ценет занает
  • Спонтано изнесување
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Тие го преживеаја теророт во Мумбај
    Разбудете се! 2007
  • Одушевеност
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да знаеш што е исправно и да го правиш тоа
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Разбудете се! 2010
g 11/10 стр. 10-12

Испорака на домашно јадење во Мумбај

НА РАБОТА патуваш секој ден. Од дома тргнуваш уште во 5 часот наутро. Колку добро би ти дошол еден домашно зготвен ручек зачинет по твој вкус. За илјадници вработени во Мумбај (Индија) тоа е можно благодарение на дабавалите, кои доставуваат домашно зготвена храна.a

Се отвораат нови работни места

При крајот на 19 век, Мумбај (тогашен Бомбај) станал трговски центар кој брзо се ширел. И британските и индиските деловни луѓе морале долго да патуваат за да стигнат во своите канцеларии. Превозот бил бавен, а рестораните биле малку на број. Секој посакувал да има домашно зготвен ручек, па затоа биле вработени слуги кои го носеле јадењето од домот до канцеларијата на газдата. Гледајќи одлична можност за заработка, еден далековиден претприемач довел од селата невработени млади луѓе, кои почнале да вршат редовна испорака на храна од домовите до канцелариите. Од овој мал почеток никнал еден напреден бизнис.

Желбата за домашно јадење не се намалила. Се разбира, денес има повеќе ресторани, но домашно зготвената храна сѐ уште е поевтина и омилена. Освен тоа, многу луѓе мораат да се придржуваат за посебни диети поради својата здравствена состојба. Други се воздржуваат од одреден вид храна поради своите религиозни убедувања. На пример, едни не јадат кромид, а други не јадат лук. Во ресторантската кујна се користат многу од овие состојки, но доставувањето храна од домовите до канцелариите го решава и овој проблем.

Услуга без промашување

Со текот на времето, релативно едноставниот систем на испорака не претрпел значајни промени, освен во бројот на испорачаните оброци. Денес, повеќе од 5.000 мажи и неколку жени пренесуваат повеќе од 200.000 оброци дневно — од домовите во местото каде што живеат до канцелариите раштркани низ оваа урбан хаос со преку 20 милиони жители. Дабавалите понекогаш доставуваат оброци на подрачје во радиус од шеесетина километри. Некои од нив ги пренесуваат своите 30 до 40 садови во рачни колички, а други на велосипед или со воз. Како и да е, тие успеваат да го достават соодветниот оброк до соодветното место точно навреме. Се вели дека на секои 6 милиони порачки им се случува да направат само една грешка. Како е можно тоа?

Во 1956 год., дабавалите биле регистрирани како добротворно здружение со свое раководство и службеници. Секоја група работници, заедно со нивниот надзорник, работи самостојно. Меѓутоа, сите се партнери бидејќи секој има акции во организацијата. Според нивно мислење, токму тука лежи тајната на нивниот успех. За тоа сведочи и фактот дека, уште откако ова здружение настанало пред повеќе од 100 години, па до денес, немало ниту еден штрајк.

Дабавалите имаат посебна легитимација и лесно може да се препознаат по карактеристичната бела кошула, широки панталони и бела капа. Ако не ја носат капата, ако доцнат или се отсутни без добра причина, или ако бидат фатени да пијат алкохол, за време на работа може да добијат парична казна.

Работниот ден на дабавалите

Во 8.30 часот, некој во домот на муштеријата, на пример жената, го има подготвено и спакувано оброкот во посебен сад, т.е. даба. Дабите имаат неколку прегради кои се преклопуваат една врз друга и се прицврстуваат со метални закопчалки. Еден дабавала собира по неколку даби од едно место, ги реди во својата количка или на велосипед и брза да стигне до железничката станица, каде што се среќава со другите од својата група. Таму садовите се сортираат според нивното одредиште, како што поштарот ја распоредува својата пошта.

Секој сад е означен со букви и бројки во различни бои од кои се гледа од кое место се зема храната, на која железничка станица се испраќа, на која станица се прима, во која зграда и на кој спрат треба да стигне. Садовите испратени во иста област се издвојуваат и се редат на долги дрвени рамки кои може да соберат и до 48 садови. Кога возот ќе пристигне, рамките се товараат во посебен дел од возот веднаш до кабината на машиновозачот. Потоа, кога возот ќе дојде до некоја главна станица, дабите повторно се сортираат и се носат до соодветната станица, каде што повторно се редат за да се испорачаат до муштериите на велосипед или во количка.

Ваквите модели на транспорт не само што се ефикасни туку и евтини. Освен тоа, за дабавалите не е проблем ако има застој во сообраќајот бидејќи тие со своите велосипеди можат да поминат низ тесните улички или меѓу автомобилите. На тој начин, храната се доставува до соодветната канцеларија пред 12.30 часот. Потоа, во периодот меѓу 13.15 и 14.00 часот, откако и самиот ќе руча, трудољубивиот дабавала ги собира празните садови кои на крајот повторно се враќаат кај сопственикот, каде што некој од членовите на семејството ги мие и ги подготвува за наредниот ден. Целиот процес, од почеток до крај, е брз и ефикасен како штафетна трка.

Скромен но многу ценет занает

Извонредните услуги на дабавалите не поминуваат незабележано. Некои организации го анализираат нивниот систем на испорака со цел да ги применат истите принципи во својот бизнис. За дабавалите се направени и документарни филмови. Американскиот финансиски магазин Форбс‘ им додели Six Sigma сертификат за нивната беспрекорна репутација. Спомнати се и во Гинисовата книга на светски рекорди и во студии на случаи направени на Економскиот факултет при Харвардскиот универзитет во САД. Дабавалите биле посетени дури и од високи функционери, меѓу кои и еден член на британското кралско семејство кој бил толку импресиониран од нивната работа што поканил некои од нив на својата свадба во Англија.

Денес дабавалите користат компјутери и мобилни телефони за да примаат нарачки и да водат евиденција. Но, нивниот начин на испорака останува ист. Додека наближува времето за ручек, голем број гладни канцелариски работници во Мумбај може да очекуваат на бирото да им стигне топло, домашно зготвено јадење, и тоа точно навреме!

[Фуснота]

a Даба значи „сад“, а вала е назив на лицето што врши ваква услуга. Изговорот се разликува од место до место.

[Слика на страница 11]

Товарање „даби“ во воз за натамошна испорака

[Слика на страница 11]

„Дабата“ има посебни прегради на преклопување за полесно да се носи и транспортира

[Слика на страница 12]

Многу фирми учат од ефикасниот систем на испорака на „дабавалите“

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели