Речиси неподнослива загуба
Никол била здраво девојченце. Но, една вечер се пожалила дека ја боли главата и нејзините родители ја однеле во болница. Следната вечер, додека сѐ уште била на испитувања, Никол доживеала срцев удар. Подоцна било утврдено дека имала ретка бактериска инфекција која ѝ се проширила на белите дробови, бубрезите и срцето. Никол починала во рок од 48 часа, а имала само три години.
НАЈБОЛНОТО нешто за еден човек е кога ќе му почине некој кого многу го сакал. Понекогаш оваа загуба може да изгледа неподнослива. „Толку многу ми недостасува Никол!“ вели Изабел, нејзината мајка. „Ми недостигаат нејзините прегратки, нејзиниот мирис, нејзината нежност. Ми недостига начинот на кој секој ден ми даваше по еден цвет. Постојано ми е во мислите.“
Дали и тебе ти починал некој близок — дете, брачен другар, брат или сестра, родител или пријател? Што ќе ти помогне да ја поднесеш тагата?