ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/12 стр. 13-15
  • Кога децата жалат по некој близок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кога децата жалат по некој близок
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Како верата ми помогна во трагедиите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Речиси неподнослива загуба
    Разбудете се! 2011
  • „Кога се молите, речете: ‚Татко‘“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Помогнете му на своето дете да преболи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 7/12 стр. 13-15

Кога децата жалат по некој близок

Многу е тешко да кажеш некому дека му починал некој близок. Но, замисли да треба да му го кажеш тоа на дете.

КОГА ќе почине некој од семејството или некој пријател, многу деца се чувствуваат збунето, па дури и уплашено. Не е лесно да му се помогне на дете што минува низ таков тежок период. Тоа е особено предизвик за родителите кои и самите жалат. Впрочем, тогаш и ним им треба емоционална поддршка.

Некои родители пробуваат да го утешат детето така што му велат дека починатиот ги напуштил или отишол некаде далеку. Меѓутоа, ваквите изјави всушност не се точни и наведуваат на погрешен заклучок. Тогаш, како да разговараш со детето за смртта?

Ренату и Изабел се нашле во ваква ситуација. Кога на три и пол години им починала ќеркичката Никол, морале да му помогнат на својот син, Фелипе, кој тогаш имал пет години, да се справи со загубата.

Разбудете се!: Како му ја објаснивте на Фелипе смртта на Никол?

Изабел: Се трудевме да бидеме искрени и целосно отворени со него. Го поттикнувавме слободно да ни поставува прашања и секогаш се трудевме да му ги одговориме на начин соодветен за неговата возраст. Никол почина од бактериска инфекција, па му рековме дека фати една лоша болест која лекарите не можеа да ја излечат.

Разбудете се!: Дали зборувавте со Фелипе за вашите верувања во врска со смртта?

Ренату: Ние сме Јеховини сведоци и знаевме дека нашите верувања за смртта, кои се темелат на Библијата, ќе го утешат Фелипе. Библијата е многу јасна — таа учи дека мртвите не се свесни за ништо (Проповедник 9:5). Мислевме дека ако разговараме за тоа со Фелипе, ќе ги растераме стравовите што може да се јават кај него — на пример да се плаши ноќе да остане сам.

Изабел: Библијата нѐ учи и дека оние што умреле ќе воскреснат во рај на Земјата. Ние веруваме во тоа, а сметавме дека тоа верување ќе му помогне и на Фелипе. Затоа зборувавме со него за она што го пишува во Библијата. Му раскажавме еден библиски настан — случајот кога Исус ја воскреснал 12-годишната ќерка на Јаир. Потоа му објаснивме дека и Никол ќе биде воскресната. Тоа го кажува Библијата (Марко 5:22-24, 35-42; Јован 5:28, 29).

Разбудете се!: Мислите ли дека Фелипе можеше да го разбере сето тоа?

Ренату: Да, мислиме дека нѐ разбра. Децата најлесно ќе ја прифатат смртта ако им дадете точно, едноставно, јасно и искрено објаснување. Нема потреба нешто да се крие. Смртта е реалност. За жал, сѐ уште е дел од нашиот живот. Затоа, родителите треба да им помогнат на своите деца да ја сфатат смртта. Подоцна, тоа му го објаснивме и на нашиот помал син Винициус.a

Разбудете се!: Дали го однесовте Фелипе на погребот?

Ренату: Откако размисливме и за добрите и за лошите страни, решивме да не го носиме. Децата на негова возраст многу силно ги доживуваат работите. Се разбира, некои родители може да решат да ги поведат и своите деца, а факт е дека секое дете е различно во поглед на тоа колку може да поднесе. Ако родителите го однесат детето на погребот, би било добро однапред да му кажат што точно ќе се случува.

Разбудете се!: Смртта на Никол сигурно многу ве погоди. Дали сакавте да скриете од син ви кога плачевте?

Изабел: Никогаш не се обидувавме да ги скриеме нашите чувства пред Фелипе. Штом Исус ‚почнал да рони солзи‘ кога умрел еден негов близок пријател, зошто ние да не плачеме? (Јован 11:35, 36). А и зошто Фелипе да не нѐ види како плачеме? Тоа што отворено ја изразувавме нашата тага му помогна да види дека не е погрешно да се плаче. Тоа е само начин да се изразат емоции. Сакавме Фелипе да биде свесен дека и тој може да ги изрази своите чувства, а не да ги потиснува.

Ренату: Кога едно семејство ќе го погоди трагедија, децата обично се чувствуваат несигурни. Затоа, ако ние како родители отворено и искрено ги изразуваме нашите чувства, и децата ќе бидат отворени. Откако внимателно ќе ги сослушаме што ги мачи, ќе можеме да ги утешиме и да им ги растераме стравовите.

Разбудете се!: Имавте ли поддршка од некого?

Ренату: Да, имавме огромна поддршка од членовите на нашето собрание. Бидејќи другите постојано нѐ посетуваа, ни се јавуваа по телефон и ни даваа картички, Фелипе можеше да види колку нѐ сакаат и се грижат за нас.

Изабел: Многу ни помогнаа и блиските роднини. По смртта на Никол, татко ми реши секое утро да доаѓа кај нас на појадок. Со тоа ни покажа дека нѐ сака и дека е тука за нас. А, тоа што дедо му беше покрај него, многу му помогна на Фелипе.

Ренату: Духовното охрабрување што го добивавме на христијанските состаноци беше од непроценлива вредност. Се трудевме да не ги пропуштаме состаноците, иако на моменти не можевме да ги запреме солзите. Состаноците ни враќаа многу спомени поврзани со Никол. Но, знаевме дека треба да останеме цврсти, посебно заради Фелипе.

[Фуснота]

a Нешто повеќе можеш да прочиташ во статијата „Помогнете му на своето дете да преболи“, на страници 18-20 во Стражарска кула од 1 јули 2008, и во брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш..., издадени од Јеховините сведоци.

[Рамка/слики на страница 14]

Следниве книги, издадени од Јеховините сведоци, можат да ги утешат оние на кои им починал некој близок.

ЗА ВОЗРАСНИ:

Што навистина учи Библијата?

Поглавје 6: Каде се мртвите?

Поглавје 7: Вистинска надеж за твоите најмили што умреле

ЗА НАЈМЛАДИТЕ:

Мојата книга со библиски приказни

Приказна 92: Исус подига мртви

ЗА ДЕЦА НА ШКОЛСКА ВОЗРАСТ:

Учи од Големиот Учител

Поглавје 34: Што ќе се случи ако умреме?

Поглавје 35: Можеме да се разбудиме од смртта!

Поглавје 36: Кои ќе бидат воскреснати? Каде ќе живеат?

ЗА ТИНЕЈЏЕРИ:

Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1

Поглавје 16: Дали е нормално вака да жалам?

[Рамка/слика на страница 15]

КАКО ДА ПОМОГНЕШ

● Поттикни го детето да поставува прашања. Дај му на знаење дека слободно може да разговара со тебе за смртта и за тоа што значи таа.

● Немој да користиш нејасни изјави — на пример, за починатиот не вели „нѐ напушти“ или „отиде далеку“.

● Објасни му ја смртта со јасни и едноставни зборови. Некои велат дека телото на починатиот престанало да работи и „дека не можеше да се поправи“.

● Кажи му на детето што ќе се случува на погребот; објасни му дека починатиот нема да може ни да види ни да чуе што се случува.

● Немој да ги криеш своите чувства. Така детето ќе види дека е природно да жали.

● Биди свесен дека нема „исправен“ начин како да се жали. Секое дете е различно, а различни се и околностите.

[Извор на слика]

Извор: www.kidshealth.org

[Слика на страница 15]

Фелипе, Ренату, Изабел и Винициус (долу)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели