ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/11 стр. 6-9
  • Можно ли е да има свет без тероризам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Можно ли е да има свет без тероризам?
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Книга што може да го смени срцето
  • Братство што се темели на љубов
  • Да се применуваат учењата на Исус
  • Вредноста на библиските учења
  • Сигурна надеж за подобра иднина
  • Зошто некои се решаваат на насилство
    Разбудете се! 2011
  • „Сакав само да си ја земам поштата“
    Разбудете се! 2011
  • Младите прашуваат — на што да го посветам мојот живот? (Дел 1)
    Нашата служба за Царството 2012
  • Најдов вистинска љубов и мир
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 6/11 стр. 6-9

Можно ли е да има свет без тероризам?

„ВО ПРАШАЊЕ се... умот и срцето.“ Ова бил заклучокот до кој дошле аналитичарите по 20 години изработка на профил на личност на таканаречените терористи.

Но, што може да им го смени срцето и умот на лицата што ги сметаат насилството и одмаздата за единствено решение?

Книга што може да го смени срцето

Во 1990-тите години, Хафени почнал да ги преиспитува своите религиозни верувања и решил да си набави Библија. Тој вели: „Најпрво почнав да ги читам евангелијата [библиските книги Матеј, Марко, Лука и Јован], во кои се зборува за животот на Исус. Веднаш ми се допадна Исус како личност и неговата љубезност и непристрасност кон луѓето. Срцето ми се исполни со радост“.

Хафени вели дека еден дел од Библијата вистински го освестил — Дела 10:34 и 35. Таму пишува: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“.

„Дојдов до заклучок“, вели Хафени, „дека самите луѓе се одговорни за племенските поделби, национализмот и расните предрасуди. Сфатив дека библиската порака може да ги поттикне луѓето да почнат поинаку да размислуваат и дека најважно во животот е да имаш добар однос со Бог. Ова е поважно отколку да војуваш во име на луѓето од некое конкретно племе, раса или боја на кожата.“

Хосеба, цитиран во претходната статија, бил водач на мала група командоси која планирала да крене во воздух една полициска станица. „Но, пред да го извршиме нападот“, објаснува Хосеба, „бев уапсен и поминав две години во затвор.“ Подоцна, неговата сопруга Луси почнала да ја проучува Библијата со Јеховините сведоци. По некое време, и Хосеба се приклучил на нивните дискусии.

Тој се присетува: „Колку повеќе го запознавав Исус, толку повеќе се трудев да го следам неговиот пример. Една од неговите изјави длабоко ме трогна: ‚Сите што ќе се фатат за меч, од меч ќе загинат‘. Знаев дека е така“ (Матеј 26:52). Хосеба признава: „Убиствата предизвикуваат само омраза и желба за одмазда од страна на семејството. Насилството носи само болка, а не подобар свет“. Хосеба почнал да го менува начинот на размислување.

И Хафени и Хосеба од лично искуство сфатиле дека библиските учења може да имаат силно влијание врз нечиј живот. Библијата вели дека „речта Божја е жива и делотворна“ и дека може „да ги процени мислите и намерите на срцето“ (Евреите 4:12). Божјата Реч им помогнала на многумина да ги сменат размислувањето и постапките. Но, постојат ли докази дека меѓу оние што се држат за библиските учења владее единство, без разлика каде живеат?

Братство што се темели на љубов

Кога Хафени почнал да оди на состаноците на Јеховините сведоци, многу го трогнало расното единство што го забележал. „Не ми се веруваше дека седам до белци“, вели тој. „Никогаш не ни помислував дека би можел некој белец да го наречам свој брат. Ова потполно ме убеди дека Сведоците мора да ја имаат вистинската религија бидејќи го имаа она по што отсекогаш копнеев — единство и љубов и покрај расните разлики.“

Исус рекол дека неговите вистински следбеници ќе се препознаваат по тоа што ќе ‚се сакаат еден со друг‘ (Јован 13:34, 35). Освен тоа, тој воопшто не сакал да се меша во политичките судири, и на своите ученици им рекол: „Не сте дел од светот“ (Јован 6:15; 15:19; Матеј 22:15-22). Љубовта и неутралноста биле и се одлики на вистинските христијани.

Да се применуваат учењата на Исус

Но, како може љубовта да опстане и покрај тероризмот кој сее раздор во светот? Кога политиката разгорува непријателство, честопати се случува од лојалност кон расата, нацијата, или етничката група луѓето, па дури и цели нации, да се свртат едни против други.

На пример, во 1914 год., етничката гордост го навела Гаврило Принцип да го убие австроунгарскиот престолонаследник, војводата Франц Фердинанд. Принцип бил член на организацијата „Црна рака“, која, како што се гледа од нејзиниот устав, своите цели претпочитала да ги оствари „со револуција, а не по мирољубив пат“. Со атентатот, таканаречените христијански нации се втурнале во војна, која водела до Првата светска војна и во која животот го загубиле милиони борци кои тврделе дека се следбеници на Исус, ‚Кнезот на Мирот‘ (Исаија 9:6).

По војната, еден угледен свештеник, Хари Емерсон Фоздик, јавно ги обвинил водачите на христијанските цркви дека не ги учат своите членови да го следат примерот на Исус. „Со радост ги пративме нашите синови во војна“, напишал тој. „Војниците ни станаа херои, наш идеал, па дури и во црквите закачивме воени знамиња.“ Фоздик заклучил: „Со половина уста го фалевме Кнезот на Мирот, а со другата половина ја величавме војната“.

Од друга страна, пак, според една социолошка студија од 1975 год., „Јеховините сведоци доследно се држеа за својот став на ненасилна ‚христијанска неутралност‘ во текот на двете светски војни и во подоцнежните судири за време на ‚Студената војна‘“. Иако Сведоците беа малтретирани и затворани, „никогаш не возвраќаа со насилство“. Заклучокот на студијата беше: „Учењата на Јеховините сведоци се темелат на убедувањето дека Библијата е Божја вдахновена реч“.

Вредноста на библиските учења

Еден поранешен премиер на Белгија ја добил од еден сосед книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, која зборува за животот на Исус. Она што го прочитал му оставило силен впечаток. Тој му напишал на својот сосед: „Очигледно е дека, кога луѓето повеќе би се интересирале за она што го пишува во евангелијата и кога би живееле според начелата на Исус Христос, светот би изгледал сосема поинаку“.

Понатаму додал: „Тогаш не би ни бил потребен Советот за безбедност, не би имало терористички напади [и] насилството би било искоренето“. Сепак, заклучил: „Сево ова е само еден убав сон“. Но, дали е само сон? Дури и денес, во свет кој е преполн со насилство, Библијата им помогнала на многу луѓе со најразлично потекло да го отфрлат насилството и да ја победат горката омраза што се насобира кога луѓето со децении гледаат нечовечно крвопролевање.

Како што беше кажано во првата статија, Андре за малку ќе загинел во експлозија на бомба во која животот го загубиле неколку негови пријатели. Бомбата била поставена од една милитантна група. По некое време го дознал и го применил библискиот совет дека треба ‚спремно да простуваме‘ (Колошаните 3:13). Подоцна, Хафени, кој неколку години по тој настан станал член на таа милитантна група, почнал да ги применува библиските начела и раскрстил со насилството (Псалм 11:5). Сега, и двајцата се Јеховини сведоци и работат заедно како преведувачи во канцеларијата на Сведоците во една африканска земја.

Сигурна надеж за подобра иднина

Милиони луѓе низ целиот свет можат од лично искуство да потврдат дека проучувањето на Библијата им дава сигурна надеж за подобра иднина. На пример, еднаш Андре му читал од Библијата на еден сосед дека ќе има праведен нов свет (Исаија 2:4; 11:6-9; 65:17, 21-25; 2. Петрово 3:13). Одеднаш, куќата ја опколиле војници со автоматско оружје во рацете и му наредиле на Андре да излезе за да го испрашаат. Откако дознале дека Андре поучува за Библијата и дека неговиот сосед многу го цени, војниците си заминале.

Андре тукушто објаснил дека Бог ќе се вмеша во она што се случува на Земјата, исто како што направил во времето на Ное, кога ‚земјата се наполнила со насилство‘ (1. Мојсеева 6:11). Бог го уништил тој свет во глобален потоп и им го спасил животот на мирољубивиот Ное и на неговото семејство. „Како што беше во деновите на Ное“, рекол Исус, „таква ќе биде и присутноста на Синот човечки“ (Матеј 24:37-39).

Исус, „Синот човечки“, е оној кого Бог го поставил како Владетел на небесната влада наречена Божје Царство, и наскоро тој ќе ги поведе во напад Божјите небесни сили за да го отстрани насилството од Земјата (Лука 4:43). Кога Исус ќе владее како Цар од небото, „ќе процвета праведникот и ќе има голем мир“. Тој ќе ги заштити своите поданици „од угнетување и од насилство“ (Псалм 72:7, 14).

Потоа, сите што ја сакаат праведноста и што ќе станат поданици на овој небесен Цар ќе видат како Земјата се претвора во рај во кој ќе владее мир (Лука 23:42, 43). Библијата ветува дека „планините и ридовите [ќе] му донесат мир на народот со правдата“ (Псалм 72:1-3).

Зарем не би сакал да живееш во свет со кој ќе владее таков цар? Да, во тој свет нема да има тероризам.

[Истакната мисла страница 7]

И Хафени и Хосеба од лично искуство сфатиле дека библиските учења може да имаат силно влијание врз нечиј живот

[Истакната мисла страница 9]

‚Кога луѓето би живееле според начелата на Исус Христос, светот би изгледал сосема поинаку. Тогаш не би ни бил потребен Советот за безбедност, не би имало терористички напади и насилството би било искоренето‘ (Еден поранешен премиер на Белгија)

[Слика на страница 8]

Применувањето на библиските начела им помогнало на Хафени и на Андре да се сакаат како браќа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели