ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/11 стр. 3-4
  • „Сакав само да си ја земам поштата“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Сакав само да си ја земам поштата“
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Глобален проблем
  • Можно ли е да има свет без тероризам?
    Разбудете се! 2011
  • Соочување со заканата од тероризам
    Разбудете се! 2001
  • Зошто некои се решаваат на насилство
    Разбудете се! 2011
  • Тероризам — наскоро ќе му дојде крајот!
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2011
g 6/11 стр. 3-4

„Сакав само да си ја земам поштата“

„НИКОГАШ нема да го заборавам тој понеделник“, вели Андре, белец од Јужноафриканската Република кој живее во Намибија. „Тоа утро поштата беше преполна со луѓе. Забележав дека на подот имаше оставено една торба. Си ја зедов поштата и излегов. Не возев ни три минути кога слушнав заглушувачка експлозија. Подоцна дознав дека бомбата експлодирала на само неколку чекори од местото каде што стоев.“

„Сакав само да си ја земам поштата“, вели Андре. „Но ми беше голем шок кога сфатив дека во експлозијата беа разнесени невини луѓе, од кои мнозина ги познавав. Сѐ уште се стресувам кога ќе се сетам на тој настан, иако се случи пред 25 години. Понекогаш ми се враќаат слики од масакрот и јасно ми е дека за влакно ѝ избегав на смртта.“

Глобален проблем

Иако можеби никогаш нема да доживееш вакво нешто, веројатно си чул дека слични настани се случуваат низ целиот свет. Сѐ повеќе луѓе се решаваат на насилство, најчесто наречено терористички напад, за да ги постигнат своите цели. (Види ја рамката „Кои се терористите?“ на следната страница.)

Еден новинар дошол до сознание дека во 1997 год., „само во четири земји континуирано имало напади од бомбаши-самоубијци“. Но, во 2008 год., истиот новинар напишал дека „повеќе од триесет земји на сите континенти, со исклучок на Австралија и Антарктикот, ги почувствувале ужасните последици од самоубиствените бомбашки напади“. Тој заклучил дека такви напади „вршат сѐ повеќе организации, и дека секоја година гинат сѐ поголем број луѓе“ (Глобализација на мачеништвото — The Globalization of Martyrdom).

Да се вратиме на нападот што беше спомнат на почетокот. Припадниците на групата што ја презела одговорноста за експлозијата се изјаснувале како борци за слобода. Тие се бореле за независност од владата што тогаш ја водела државата. Но, што ги тера луѓето да прават такви работи за да ги остварат своите цели? Да го разгледаме примерот на Хафени.

Хафени е роден во Замбија и израснал по бегалски кампови во околните земји. Тој вели: „Бев бесен поради бруталниот и неправеден начин на кој се постапуваше со моето семејство и со другите“. Затоа се приклучил на милитантната група во која биле и неговите родители.

Навраќајќи се на тоа време, Хафени вели: „Најжално од сѐ беше колкава емоционална болка нанесуваше животот како бегалец. Деца беа одвојувани од своите мајки, татковци, браќа и сестри. Повозрасните одеа да војуваат. Многумина од нив никогаш не се вратија. Јас никогаш го немам видено татко ми, дури ни на слика. Знам само дека загинал во борба. До ден-денес носам емоционални лузни“.

Очигледно, причините за тероризмот се многу сложени. Ако подобро ги разбереме, ќе сфатиме што треба да се постигне за да се стави крај на насилството.

[Рамка/слика на страница 4]

КОИ СЕ ТЕРОРИСТИТЕ?

Истражувачот Марк Јиргенсмајер објаснува: „Дали некој ќе го употреби зборот ‚тероризам‘ за да опише некој насилен чин зависи од тоа дали смета дека насилството било оправдано. Употребата на овој израз во голема мера зависи од тоа како некој го гледа светот: ако го гледа како мирно место, насилството може да се протолкува како тероризам. А ако го гледа како боиште, насилството може да се смета за оправдано“.

Значи, зборот „тероризам“ често има политичко значење. Припадниците на многу групи се сметаат себеси за борци за слобода, а не за терористи. Според една писателка, тероризмот вклучува 1) напади врз цивилно население и 2) примена на насилство за да се привлече внимание, односно да се влее страв. Според тоа, милитантите — сеедно дали се работи за револуционерни групи или за граѓанска власт — честопати може да се послужат со терористички тактики и методи.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели