ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/11 стр. 12-13
  • Риболовот од птичја перспектива

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Риболовот од птичја перспектива
  • Разбудете се! 2011
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ловење со мамки
  • Техника „фати и бегај“
  • Нуркање за да се обезбеди ручек
  • Ловење риба како тим
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Риби што пливаат во јата
    Разбудете се! 2012
  • Какво значење имаат за тебе мрежата и рибите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Животот во библиски времиња — работата на еден рибар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Разбудете се! 2011
g 9/11 стр. 12-13

Риболовот од птичја перспектива

РИБАРИТЕ — било да се луѓе или птици — треба да решат главно три проблеми: 1) да најдат риби, 2) да им се прикрадат и 3) да ги уловат.

Рибарите во древниот Египет обично ловеле риба со харпун. Тие ги користеле истите основни техники што ги користеле некои птици од фамилијата чапји долго време пред луѓето да им станат конкуренција.

Сивата чапја, птица што ја има во делтата на Нил во Египет, го користи својот остар клун како копје со кое ја прободува рибата. Таа може дури и во исто време да набоде две различни риби на клунот, а може да изеде преку половина килограм риба дневно. Може да се каже дека оваа чапја лови риба многу повешто од луѓето.

Општо земено,  чапјите се специјалисти за крадешкум да му се приближат на својот плен и да го фатат. Тие можат бавно да се движат низ плитката вода, а понекогаш дури и да стојат потполно неподвижно со клунот на готовс. Кога ќе се приближи некоја риба, чапјата ја нурнува главата во водата и ја фаќа со клунот. Нивниот успех главно се должи на стрпливоста.

Ловење со мамки

Според книгата Животот на птиците (The Life of Birds), зелената чапја во Јапонија изгледа ги имитира луѓето кои ги хранат со леб рибите во украсните езерца. Овие досетливи птици користат парчиња леб за да ја намамат рибата и да ја фатат.

И белата чапја што живее на Карибите користи леб за да ги намами рибите. Овие чапји можат да фатат риба дури и без да користат друга мамка освен своите жолти стапала. Додека стојат на една нога, со другата мавтаат во плитката вода за да го привлечат вниманието на љубопитните риби.

Техника „фати и бегај“

Птиците ловат риба на различни начини. Техниката на речниот орел може најдобро да се опише како „фати и бегај“. Тој лета над водата и внимателно набљудува дали некоја риба плива близу до површината. Кога ќе забележи риба, ги собира крилјата и нагло се спушта кон водата, приспособувајќи ја брзината по потреба, сѐ додека не ја фати со своите канџи. За оваа техника е потребен совршен тајминг и одличен вид.

Понекогаш, африканскиот орел сфаќа дека рибата што ја фатил е претешка за да ја држи во канџите. Таа може да тежи речиси три килограми! Што прави орелот тогаш? Природонаучниците забележале дека некои орли го решаваат проблемот така што пловат до брегот користејќи ги крилјата како весла!

Нуркање за да се обезбеди ручек

И ганетите ловат риба со нуркање, но тие влегуваат во водата под прав агол. Овие птици летаат во мали групи и бараат јата риби што пливаат близу до површината. Гледано одозгора, сребреникавите тела на рибите ја менуваат бојата на морето од темносина во светлозелена. Оваа зелена трага ги издава рибите и им е знак на ганетите да тргнат во напад.

Откако ќе го лоцираат јатото риби, ганетите се спуштаат како стрели и нурнуваат во водата со брзина од речиси 100 километри на час. Тоа е спектакл што може да се спореди со олимписките натпревари во скокови во вода. За кратко време и други јата птици ги забележуваат и брзо пристигнуваат на местото за да се придружат на гозбата.

За разлика од чапјите, ганетите не ја набодуваат рибата на клунот кога со главата влегуваат во водата. Поради брзината со која нурнуваат, одат до длабочина од неколку метри. Потоа, додека пливаат кон површината, ја фаќаат рибата и цела ја проголтуваат.

И вртимушките се умешни нуркачи, но тие летаат многу поблизу до водата и оттаму напаѓаат. Книгата Прирачник за птиците во светот (Handbook of the Birds of the World) објаснува дека, за разлика од ганетите кои нурнуваат во водата со молскавична брзина, вртимушките зависат од „вештината, грациозноста и подвижноста со која летаат“. Тие ја грабнуваат рибата од површината. Само понекогаш се случува накратко да влезат под вода за да уловат риба.

Ловење риба како тим

Со своите големи клунови пеликаните можеби изгледаат несмасно, но летаат и ловат многу вешто. Кафеавите пеликани обично ловат со нуркање, а може и да се послужат со рибата од мрежите што рибарите ги вадат. Но, пеликаните се ненадминливи кога станува збор за тимско рибарење.

Пеликаните се птици што живеат во заедница. Нивна впечатлива карактеристика е тоа што соработуваат при ловењето риба. Обично, јато од десетина птици слетува на водата и оформува полукруг. Пливајќи полека, тие ги тераат рибите кон поплитките води. Во еден момент, сите истовремено ги шират крилјата и ги нурнуваат главите во водата, полнејќи ги клуновите со риба.

Се разбира, исто како луѓето, и птиците често остануваат без улов. Но, општо земено, луѓето им се слаба конкуренција.

[Слика на страница 12]

Африкански орел

[Извор на слика]

Photolibrary

[Слика на страница 12]

Сива чапја

[Слика на страница 13]

Ганети

[Слика на страница 13]

Вртимушка

[Слика на страница 13]

Австралиски пеликани

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели