ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/12 стр. 19
  • Риби што пливаат во јата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Риби што пливаат во јата
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Риболовот од птичја перспектива
    Разбудете се! 2011
  • Чудото на Црвеното Море под брановите
    Разбудете се! 1995
  • Какво значење имаат за тебе мрежата и рибите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 9/12 стр. 19

Случајно или создадено?

Риби што пливаат во јата

Секоја година, во сообраќајни несреќи има над милион загинати и околу 50 милиони повредени. Од друга страна, милиони риби можат да пливаат заедно во јато речиси без да се допрат една со друга. Како го прават тоа и што можеме да научиме од нив за да се намали бројот на сообраќајни несреќи?

Размисли: Рибите што пливаат во јата ги добиваат информациите за своето опкружување преку очите и преку еден посебен сетилен орган наречен странична линија. Тие ги користат овие сетила за да ја одредат положбата на другите риби околу нив, а потоа реагираат во склад со добиените информации:

  1. За да се движат една покрај друга. Ја приспособуваат брзината на движење според рибите што пливаат покрај нив и држат растојание од нив.

  2. За да се приближат. Одат кон рибите што се на поголема оддалеченост.

  3. За да избегнат судир. Го менуваат правецот на движење за да не се удрат во другите риби.

На темел на овие три карактеристики на рибите што пливаат во јато, една јапонска компанија за производство на автомобили конструираше неколку мали роботи-автомобили кои можат да се движат во група без да се судрат. Наместо очи, роботите користат комуникациска технологија, а наместо странична линија, ласерски детектор што ја одредува оддалеченоста од другите возила. Компанијата смета дека оваа технологија ќе ѝ помогне да создаде автомобили „што нема да се судираат“ и кои ќе „придонесат за безбедност во сообраќајот и за возење со помалку стрес“.

„Со помош на најновата електронска технологија се трудиме да го копираме начинот на кој рибите пливаат во јато“, вели Тошијуки Андоу, главен инженер на проектот за изработка на роботи-автомобили. „Во нашиот моторизиран свет можеме многу да учиме од рибите што пливаат во јато.“

Што мислиш? Дали начинот на кој рибите пливаат во јато е производ на случајност или е дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели