ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g95 8/1 стр. 16-18
  • Чудото на Црвеното Море под брановите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чудото на Црвеното Море под брановите
  • Разбудете се! 1995
  • Сличен материјал
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Слатката и необична риба-кловн
    Разбудете се! 2016
  • Рибата-папагал — машина за правење песок
    Разбудете се! 2015
  • Риболовот од птичја перспектива
    Разбудете се! 2011
Повеќе
Разбудете се! 1995
g95 8/1 стр. 16-18

Чудото на Црвеното Море под брановите

Луѓето велат дека убавината е само површна. Но вистинската убавина често пати лежи под површината — тоа не се однесува само на луѓето. Увидов дека тоа е точно и во случајот со Црвеното Море. Бесплодното крајбрежје не даваше никакво навестување за неверојатната убавина што го очекува среќниот пливач кој ќе гледа под површината на неговите води.

ЦРВЕНОТО Море има репутација на едно од најинтересните места во светот за испитување на чудата на коралниот гребен. Затоа бев желен од прва рака да видам дали е оправдана неговата слава.

Кога веќе еднаш самиот го видов подводниот свет, сакав подобро да го разберам. Морскиот биолог Арон Мироз, стручњак за морскиот живот на Црвеното Море, одговори на моите прашања.

Зошто водите на Црвеното Море се толку богати?

„Црвеното Море изгледа и делува како едно големо тесно грло, собирајќи многу риби од Индискиот Океан. Освен тоа, овде имаме огромно изобилство од корали. На гребенот често можат да се најдат дури и до 20 различни видови корали кои растат на само еден квадратен метар карпа. Растењето на коралите го поттикнува идеалната температура на водата, која варира само по неколку степени во текот на годината. Освен тоа, паѓањето на мали количества дожд во оваа област значи дека влегува малку талог во морето. Тоа, од друга страна, го намалува бројот на загадувачите, иако, за жал, морам да кажам дека во текот на изминатите 15 години, состојбата се влоши.“

Какви проблеми постојат во врска со зачувувањето на ова морско богатство?

„Кога се работи за релативно недопрено живеалиште, загадувањето е најголем проблем. Во Црвеното Море, контаминацијата доаѓа од три главни извори: фосфатите, мрестилиштата и канализацијата од крајбрежните градови. Популарноста на местата за нуркање исто така може да создаде проблеми. Невнимателните нуркачи можат лесно да го оштетат кршливиот корален гребен.“

Многу години го проучувате коралниот гребен на Црвеното Море. Кои работи сте ги сознале преку тоа?

„Откривме дека рибите имаат свој временски план за исхрана. Некои почнуваат со јадење во седум наутро, јадат три часа, имаат пауза, а потоа јадат уште три часа попладне. Некои, пак, јадат само навечер. Овие распореди се важни. Кога помалите риби постојано би биле под притисок од грабливците во текот на денот, тешко би се прехраниле. А и рибите, како луѓето, можат да бидат избирливи во поглед на храната. На гргечот со сини точки, на пример, омилено јадење му се рибите самовилски крлушки, кои се многу вообичаени во Црвеното Море. Нашите риби во аквариумот исто така имаат своја омилена храна — некои сакаат туна, а други сардина.

Би можеле да помислите дека за рибите сите луѓе се исти, но не е така. Рибите, па дури и некои без’рбетници, учат да ги препознаваат луѓето. Се сеќавам на еден октопод кој еднаш на шега доби шлаканица од еден член на нашиот персонал. Не му се допадна што доби шлаканица и затоа никогаш повторно не зеде храна од тој човек. Патем речено, сме откриле дека благите луѓе се најпогодни да работат со рибите, додека агресивните или нестрпливите луѓе ги прават нервозни.“

Она што остава впечаток кај еден нов нуркач е неверојатната разноликост на убавина и бои.

„Секако, шарените риби се импресивни. Но повеќето луѓе не сфаќаат дека некои риби ги користат своите бои како сигнали, исто како што ние ги користиме семафорите. На пример, кога црвениот гргеч е во лов, а не стражари над своето подрачје, тогаш добива потемна нијанса на црвена боја. Рибата кловн, од која се храни таа риба, може да препознае по бојата на црвениот гргеч кога таа ‚не е во лов‘. Во текот на овие безбедни периоди, рибата кловн може смело да го истера црвениот гргеч кој го напаѓа неговото подрачје.“

Без сомнение, извонредната убавина на Божјето творештво може да се открие на многу неверојатни места. Мојот живот беше збогатен со откривањето на еден мал примерок од оваа убавина. Таа кратка посета на подводното царство го продлабочи моето ценење за природните богатства што ги содржи нашата планета (Приложено).

[Слика на страница 17]

Рибата лав полека лебди и не е загрижена поради грабливците. Тие се држат на дистанца, бидејќи нејзините бодликави перки содржат отров

[Слика на страница 17]

Рибата кловн ретко се оддалечува од својот дом, кој се наоѓа меѓу пипките на некоја огромна анемона. Оваа риба е имуна на нивните прегратки затоа што му помага на домаќинот да биде чист

[Слика на страница 17]

Рибите пеперутки се јавуваат во разновидни бои. Нивните плоскати тела се веат лево-десно и ме потсетуваат на пеперутка

[Слика на страница 17]

Рибата пикасо со нејзините светли пруги што личеа на сјајно жолт кармин, ме потсетуваше на делото на еден апстрактен уметник

[Слика на страница 17]

Рибата царски ангел има разнобојна обвивка која ја менува бојата и дезенот во текот на растењето

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели