ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 6 стр. 12-13
  • Слатката и необична риба-кловн

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Слатката и необична риба-кловн
  • Разбудете се! 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „НЕ МОЖАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ ТЕБЕ“
  • ПЛИВА ТАМУ КАДЕ ШТО РЕТКО КОЈ БИ СЕ ОСМЕЛИЛ
  • Чудото на Црвеното Море под брановите
    Разбудете се! 1995
  • Содржина
    Разбудете се! 2016
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Риби што пливаат во јата
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 6 стр. 12-13

Слатката и необична риба-кловн

Портокалова риба-кловн

Портокалова риба-кловн

РЕТКО која риба толку лесно ни го привлекува вниманието како рибата-кловн. Можеби нѐ освојува со своите јаки бои, поради кои нѐ потсетува на кловн. Или можеби сме изненадени од нејзиното необично место за живеење — меѓу пецкавите пипала на морската анемона. Ништо чудно што некои ја нарекуваат и анемонска риба.

Како и на многу холивудски ѕвезди, на рибата-кловн воопшто не ѝ пречи да ја фотографираат. А бидејќи ретко се оддалечува од својот дом и не е многу срамежлива, честопати знае да ги почести нуркачите со некоја убава поза.

Но ‚ она што е несекојдневно кај оваа риба е нејзиниот навидум ризичен начин на живеење. Да се живее среде отровните пипала на анемоната е како да се живее среде змиско легло. Сепак, рибата-кловн и анемоната што си ја избрала за свој дом не можат една без друга. Што ја прави оваа чудна врска возможна и успешна?

„НЕ МОЖАМ ДА ЖИВЕАМ БЕЗ ТЕБЕ“

Риба-кловн од видот amphiprion bicinctus

Риба-кловн од видот amphiprion bicinctus

Како и кај повеќето добри врски, рибата-кловн и анемоната успеваат да останат заедно бидејќи една на друга си го даваат она што им е потребно. Ваквата врска не само што е практична за рибата-кловн туку е и пресудна за живот. Морските биолози утврдиле дека таа не може да опстане во природни услови без својот домаќин, анемоната. Со оглед на тоа што не е добар пливач, без нејзината заштита би била оставена на милост и немилост на гладните предатори. Но, бидејќи анемоната ѝ служи како живеалиште и безбедно засолниште во време на опасност, рибата-кловн може да живее и до десет години.

За рибата-кловн, анемоната претставува и безбедно легло за нејзините јајца. Ги положува во нејзиното подножје, а потоа и двата родитела будно внимаваат на нив. По некое време, може да се види едно цело семејство рипчиња како пливаат околу истата анемона.

А што добива анемоната од оваа врска? Рибата-кловн ѝ служи како морски телохранител бидејќи ја брка рибата-пеперутка која се храни со пипалата на анемоната. Најмалку еден вид анемона не може да опстане ако со неа не живее риба-кловн. Во едно истражување, откако рибите-кловн биле отстранети од анемоните, рибите-пеперутки ги изеле сите анемони, и тоа за само 24 часа.

Се чини дека рибата-кловн дури и го обезбедува својот домаќин со енергија. Амонијакот што таа го исфрла го поттикнува растот на анемоната во која живее. А додека плива меѓу пипалата на анемоната, помага низ неа да циркулира вода богата со кислород.

ПЛИВА ТАМУ КАДЕ ШТО РЕТКО КОЈ БИ СЕ ОСМЕЛИЛ

Риба-кловн од видот amphiprion perideraion

Риба-кловн од видот amphiprion perideraion

Тајната на успехот на рибата-кловн е во нејзината кожа. Таа лачи слуз кој ја штити од пецкањето на анемоната. Благодарение на оваа хемиска обвивка, изгледа дека анемоната ја смета рибата-кловн за друга анемона. Како што изјавил еден морски биолог, рибата-кловн е „риба облечена во анемона“.

Според некои истражувања, кога си бира нов домаќин, рибата-кловн минува низ процес на адаптација. Било забележано дека, кога рибата-кловн за прв пат ќе ѝ пристапи на една анемона, повремено ја допира во текот на неколку часа. Ваквата серија кратки контакти ѝ овозможува на рибата-кловн да ја приспособи својата заштитна обвивка на отровот на новата анемона. Во текот на овој процес може да се случи анемоната малку и да ја пецне рибата-кловн со своите пипала. Но, на крајот стануваат добри пријатели.

Соработката меѓу овие толку различни суштества ни дава одлична поука за тимска работа. На многу полиња, луѓе од различни култури и потекло постигнуваат значителни резултати кога ќе ги соединат своите сили и средства. Исто како рибата-кловн, можеби и нам ни треба време да се привикнеме на соработката со други луѓе, но трудот секогаш вреди.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели