ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/15 стр. 14-15
  • Рибата-папагал — машина за правење песок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рибата-папагал — машина за правење песок
  • Разбудете се! 2015
  • Сличен материјал
  • Пази се од труење со риба!
    Разбудете се! 2006
  • Содржина
    Разбудете се! 2015
  • Чудото на Црвеното Море под брановите
    Разбудете се! 1995
  • Риби што пливаат во јата
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 6/15 стр. 14-15
Рибата-папагал

Рибата-папагал — машина за правење песок

КАКО се прави песок? На повеќе начини. Но, можеби ќе се изненадиш кога ќе дознаеш дека има една риба која ги меле коралите и ги претвора во ситен песок. Таа е позната како риба-папагал.

Оваа риба живее во тропските води низ светот. Откако ќе голтне парче корал, ја одделува храната од него, а остатокот го исфрла во форма на песок. Таа го обработува коралот со помош на својата силна вилица која наликува на клун и со своите задни заби кои се многу цврсти. Рибата-папагал може да живее и до 20 години без да ѝ се оштетат забите.

Оваа риба неуморно ги џвака изумрените корали. На тој начин, се произведува повеќе песок отколку што се произведува со кој и да било друг природен процес. Некои истражувачи пресметале дека една риба-папагал произведува околу 100 килограми песок годишно.

Еден вид риба-папагал

Scarus niger

Оваа риба извршува уште една важна задача. Таа ги чисти коралите грицкајќи ги изумрените делови кои се обвиткани со алги и други растенија. Со ваквиот специфичен начин на исхрана, ги одржува коралните гребени во добра состојба. На местата каде што нема риби и други морски суштества кои се хранат со растенија, коралните гребени за кратко време обраснуваат со алги и морски треви. Во една книга за живиот свет околу морските гребени пишува: „Се смета дека денешните корални гребени не би биле во ваква состојба доколку не постоеја морски животни кои се хранат со трева и алги“ (Reef Life).

По сета напорна работа во текот на денот, на оваа риба ѝ е потребен добар одмор. Пред да заспие, повторно се случува нешто необично. Преку ноќта гребенот станува опасно место бидејќи околу него демнат многу грабливци. Рибата-папагал обично спие под работ на гребенот, но ова засолниште не може секогаш да ја заштити од гладните ајкули.

Затоа, некои видови од оваа риба сами си прават проѕирна вреќа за спиење. Тие лачат околу себе секрет кој им служи како заштитна обвивка. Научниците кои ги истражуваат морињата сметаат дека смрдливата обвивка ги штити од грабливци.

Рибата-папагал е една од највпечатливите риби кои ги населуваат коралните гребени. И женките и мажјаците имаат на себе најразлични живописни бои кои се менуваат додека растат. Интересно е тоа што овие риби можат да бидат многу питоми на места каде што нема прекумерен риболов. Поради ова, многу е лесно да се набљудуваат.

Тоа што можат одблизу да гледаат и да слушаат како рибата-папагал ги грицка коралите е незаборавно искуство за многу истражувачи. Додека овие риби парадираат во својата разнобојна и раскошна облека, ја одржуваат чистотата на гребените кои се живеалиште и на други морски суштества и создаваат прекрасна глетка на морското дно.

НЕКОИ ФАКТИ ЗА РИБАТА-ПАПАГАЛ

Овие риби (кои на научниците им се познати како Scaridae) се дел од големо семејство кое брои околу 80 различни видови. Тие ги населуваат коралните гребени во тропските предели. Името го добиле поради нивната уста која наликува на клунот на папагалите. Можат да бидат долги од 50 до 100 сантиметри.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели