ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/12 стр. 19-21
  • Зошто родителите не ме разбираат?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто родителите не ме разбираат?
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Што да правам кога моите родители се караат?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 2
  • Како подобро да ги запознаам моите родители?
    Разбудете се! 2009
  • Зошто постојано се расправаме?
    Разбудете се! 2010
  • Зошто постојано се караме?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 5/12 стр. 19-21

Младите прашуваат

Зошто родителите не ме разбираат?

РАЗМИСЛИ ЗА ОВАА ЗАМИСЛЕНА СИТУАЦИЈА.

Петок вечер е, 18 часот, а 17-годишниот Алек со трчање оди кон влезната врата. „Чао, се гледаме!“ извикува кон родителите, надевајќи се дека ќе заборават да му го постават неизбежното прашање.

Ама не е така.

„Кога ќе се вратиш?“ го прашува мајка му.

Алек веднаш застанува. „Хм... уф...“, почнува да д’тка, „не ме чекајте, важи?“ Ја отвора вратата и за малку успева да се шмугне. Но, тогаш татко му му вели: „Александар, враќај се ваму!“

Алек се стаписува и тогаш го слуша татко му како сериозно вели: „Го знаеш правилото. Во десет да си дома — и ни минутка подоцна!“

„Ама, тато“, воздивнува Алек и се свртува кон татко му, „знаеш ли колку ми е незгодно кога треба да им кажам на другарите дека морам толку рано да се вратам?“

Татко му не попушта. „Десет“, повторува, „и ни минутка подоцна“!

НАЈВЕРОЈАТНО и ти си се нашол во слична ситуација. Без разлика дали се работи за тоа кога ќе се вратиш дома, каква музика слушаш, со кого се дружиш или како се облекуваш, твоите родители имаат поставено строги правила од кои не отстапуваат ни за влакно. На пример:

„Откако се зедоа со мајка ми, очувот постави еден куп строги правила во врска со музиката што ја слушав. На крајот морав да ги фрлам сите CD-а што ги имав!“ (Брендон).a

„Мајка ми ми приговара затоа што немам пријатели. Но, кога ќе ја прашам дали може да се дружам со некого, веднаш вели ‚не‘ затоа што не ја познавала таа личност. Тоа ме вади од кожа!“ (Керол).

„Татко ми и маќеата не ми даваат да носам маица освен ако не ми е два броја поголема. А за татко ми се прекратки сите кратки панталони што се над колената!“ (Сара).

Што можеш да направиш ако ти и родителите не гледате исто на работите? Можеш ли да зборуваш за тоа со нив? „Моите родители обично не сакаат да слушаат“, вели Џоана (17). Ејми (15), пак, вели: „Кога гледам дека моите не ме разбираат, си молчам“.

Но, не се откажувај толку брзо! Можеби родителите се спремни да те сослушаат повеќе отколку што си мислиш.

Размисли за ова: Дури и Бог слуша кога луѓето му кажуваат што ги мачи. На пример, Јехова слушал кога Мојсеј се зазел за непослушните Израелци (2. Мојсеева 32:7-14; 5. Мојсеева 9:14, 19).

Можеби мислиш дека твоите родители не се толку разумни како Бог. А да бидеме искрени, има многу голема разлика меѓу тоа кога Мојсеј зборувал со Јехова за судбината на еден цел народ и кога ти зборуваш со мама или тато во врска со тоа дали може да се вратиш дома малку подоцна. Сепак, начелото е исто:

Ако имаш разумни причини за она што го бараш, тогаш оние што се над тебе — во овој случај твоите родители — можеби ќе бидат спремни да те сослушаат.

Тајната лежи во тоа како ќе ги изнесеш работите! Следниве чекори ќе ти помогнат да бидеш уште поуспешен во тоа:

  1. Утврди во што е проблемот. На линијата напиши во врска со што не можеш да најдеш заеднички јазик со родителите.

  2. Утврди како се чувствуваш поради тоа. На линијата напиши како се чувствуваш поради ставот на твоите родители — дали си повреден, тажен, засрамен, разочаран и слично. (Пример: Во замислената ситуација од почетокот на статијата, Алек кажува дека му е незгодно пред пријателите поради тоа што родителите очекуваат да си доаѓа рано.)

  3. Размислувај како родител. Замисли си да имаш дете на тинејџерски години што го има истиот проблем како оној што ти го наведе во Чекор бр. 1. Ако се ставиш во улога на родител, што би те загрижувало најмногу и зошто? (Пример: Во замислената ситуација, родителите на Алек можеби се плашат да не му се случи нешто.)

  4. Размисли повторно за проблемот. Одговори на овие прашања:

    Можеш ли да видиш оправдана основа за ставот на твоите родители?

    Што можеш да направиш за да не се секираат толку?

  5. Зборувај за проблемот со родителите и заедно смислете решенија. Ако ги направиш овие чекори — и ако ги земеш предвид предлозите во рамката „Совети за комуникација“ — тоа може да ти помогне позрело да комуницираш со своите родители. Кели има таков однос со татко ѝ и мајка ѝ. „Расправиите не водат никаде и ништо нема да постигнеш со нив“, вели таа. „Мојата тајна е во тоа отворено да зборувам со родителите. Речиси секогаш наоѓаме решение со кое сите сме задоволни.“

Статии од рубриката „Младите прашуваат“ има и во други броеви од списанието Разбудете се! кое можеш да го симнеш од веб-страницата www.jw.org

a Некои имиња во оваа статија се сменети.

СОВЕТИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА

„Со слушање ќе постигнеш многу повеќе отколку со викање. Ако слушаш кога твоите зборуваат и се трудиш да го сфатиш нивното гледиште, најверојатно и тие ќе го сторат истото“ (Ријана).

Прочитај Филипјаните 2:3, 4.

„Не одвраќај! Јас постојано го правев тоа сѐ додека не сфатив дека сум можела да избегнам кавга (и казна) да не ми беше јазикот толку брз!“ (Даниела).

Прочитај Изреки 17:27; 21:23.

„Почекај страстите да се смират, зашто тогаш родителите ќе бидат поспремни да те сослушаат“ (Колет).

Прочитај Изреки 25:11.

„Родителите сакаат да знаат дека ги почитуваш и дека навистина слушаш кога зборуваат. Затоа, пред да им кажеш како се чувствуваш, покажи им дека си чул и си разбрал сѐ што ти кажале“ (Емили).

Прочитај Изреки 23:22; Јаков 1:19.

ФАКТ

Не мора да се зборува за сите несогласувања. Во некои случаи, можеш ‚да ги задржиш зборовите во своето срце и да молчиш‘ (Псалм 4:4). Една девојка по име Беатрис вели: „Понекогаш ако размислам колку небитен ќе биде тој проблем утре, повеќе не правам голема работа од него. Едноставно го заборавам“.

ЗОШТО НЕ ГИ ПРАШАШ РОДИТЕЛИТЕ?

Како вие ги решававте несогласувањата со вашите родители? Кога би можеле да се вратите назад, дали би смениле нешто? Што?

ШТО ВЕЛАТ ДРУГИ МЛАДИ

Виндија — Се трудам да размислам пред да кажам нешто. Го земам предвид гледиштето на моите родители и се молам пред да кажам што и да било. Ако знам дека ќе предизвикам караница, молчам сѐ додека не бидам спремна да ги кажам работите на убав начин.

Рос — Кога гледам дека станувам вознемирен, се потсетувам дека би можел да си го упропастам целиот ден заради една кавга која воопшто и не мора да се случи. Тоа помага затоа што сега не се лутам толку брзо како кога бев помал.

Рамона — Сфатив дека секогаш е попаметно да сослушам што мислат моите родители за некоја работа. На крајот на краиштата, можеби нивното гледиште и не е толку различно од моето и работите не се толку страшни како што си мислам.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели