ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 7/12 стр. 28-29
  • Не заборавај да кажеш фала!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Не заборавај да кажеш фала!
  • Разбудете се! 2012
  • Сличен материјал
  • Во потрага по совршениот подарок
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Зошто да се заблагодаруваме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Имаш ли дух на давање?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Најголемиот дар од Бог — зошто е толку вреден?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
Повеќе
Разбудете се! 2012
g 7/12 стр. 28-29

Не заборавај да кажеш фала!

КОГА последен пат си добил картичка со која некој ти се заблагодарил за нешто? Кога последен пат си дал некому таква картичка?

Во овој свет на онлајн комуникација, рачно пишуваните пораки на благодарност се на работ на исчезнувањето. Сепак, да кажеш некому „фала“ преку картичка е посебен начин да му дадеш до знаење дека го цениш. Еве неколку предлози како можеш да го направиш тоа:

1. Напиши ја картичката рачно.

2. Користи го личното име на оној кому му ја пишуваш картичката.

3. Ако си добил подарок, спомни го конкретно и кажи како планираш да го користиш.

4. На крајот заблагодари се уште еднаш.

Една картичка може многу да му значи на оној кому му ја подаруваш.

Затоа, следниот пат кога некој ќе ти укаже гостопримство, ќе направи нешто убаво за тебе или ќе ти подари нешто, покажи му дека не го сметаш тоа за нешто само по себе разбирливо. Сети се да кажеш фала!

[Рамка/слики на страници 28 и 29]

Здраво тета Вера, #2

Многу фала за будилникот! #3 Веќе ми користи многу бидејќи, како што знаеш, не сум баш некој ранобудник. Ми беше мило што можевме да се видиме минатата седмица и се надевам дека патуваше добро. Едвај чекаме повторно да се видиме.

Фала уште еднаш што мислеше на мене и за убавиот подарок! #4

Твојот внук,

Марко

[Слика]

#1

[Рамка на страница 29]

ПРЕДЛОЗИ

● Ако некој ти подарил пари, укажи на подарокот индиректно. На пример, наместо да ја наведеш сумата, би можел да кажеш: „Ти благодарам за дарежливоста. Парите ќе ги искористам за...“

● Зборувај само за работи што се поврзани со подарокот и за твоето ценење. Не е соодветно во картичката да почнеш надолго и нашироко да раскажуваш како си поминал на одмор или што сѐ се случило кога си отишол на лекар.

● Не жали се во врска со подарокот. На пример, би било нељубезно да напишеш: „Фала за тостерот, ама нема каде да го ставам!“

[Рамка на страница 29]

Библијата нѐ поттикнува да бидеме благодарни (Лука 17:11-19). Нѐ советува ‚да му се молиме непрестајно‘ на Бог, а потоа додава: „За сѐ благодарете“ (1. Солуњаните 5:17, 18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели