ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 8/13 стр. 4-5
  • Ако ќерка ти намерно се повредува

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ако ќерка ти намерно се повредува
  • Разбудете се! 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕДИЗВИК
  • Зошто се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Како да престанам да се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Разговарај со твојот тинејџер без да се расправате
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 8/13 стр. 4-5

СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Ако ќерка ти намерно се повредува

ПРЕДИЗВИК

Дознаваш дека ќерка ти намерно се повредува себеси. ‚Но, зошто?‘ се прашуваш. ‚Дали сака да се самоубие?‘

Веројатно не. Сепак, ако ќерка ти се самоповредува,a мора да ѝ се помогне. Како можеш да ѝ помогнеш? Прво, размисли која би можела да биде причината за таквото однесување.b

ЗОШТО СЕ СЛУЧУВА ТОА

Дали само затоа што е популарно меѓу младите? Точно е дека некои млади почнуваат да се повредуваат затоа што чуле дека и други го прават тоа. Дури и ако е така, самоповредувањето не е само обичен моден тренд. Зошто? Оној што се повредува себеси обично го прави тоа скришно и многу се срами од таа навика. „Не сакав никој да знае за она што го правев“, вели Селија (20).c „Многу добро ги криев лузните.“

Дали оној што се повредува само сака да привлече внимание? На некои можеби токму тоа им е целта. Но, оваа статија зборува за оние кои кријат дека се повредуваат и кои не ги користат лузните и модринките за да привлечат внимание. Сепак, една девојка која се повредувала себеси вели дека посакувала некој да ги забележи нејзините лузни и да се дознае за она што го прави, бидејќи на тој начин ќе можела порано да добие помош.

Тогаш, зошто намерно се повредуваат? Може да има многу причини за самоповредувањето, но вистинската причина зошто еден млад човек се повредува обично е емоционалната болка која тешко може да ја искаже со зборови. Во својата книга Cutting, Стивен Левенкрон, стручњак по ментално здравје, за оние кои намерно се повредуваат вели дека се „лица кои физичката болка ја користат како лек за емоционалната“.

Оние што се повредуваат себеси обично чувствуваат емоционална болка која тешко може да ја искажат со зборови

Што ако се обвинуваш себеси како родител? Наместо постојано да се обвинуваш дека ти си придонел ќерка ти да се самоповредува, размислувај како да ѝ помогнеш да престане со таа навика.

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ

Помогни ѝ на ќерка ти да ти се отвори. Од помош можат да бидат следниве предлози.

Пружи утеха. Ако ќерка ти ти каже дека се повредува себеси, обиди се да не изреагираш панично. Наместо тоа, зборувај мирно и пружи ѝ утеха. (Библиско начело: 1. Солуњаните 5:14.)

Прашувај без да осудуваш. На пример, би можел да кажеш: „Знам дека немаш секогаш убаво мислење за себе. Што е тоа што најмногу те нервира кај тебе?“ Би можел да прашаш: „Што можам јас да направам кога си вознемирена или депримирана?“ или „Што мислиш, што би можел да направам јас за да имаме подобра комуникација?“ Потоа ислушај ја без да ја прекинуваш. (Библиско начело: Јаков 1:19.)

Помогни ѝ да има реална слика за себе. Оние кои се повредуваат себеси обично се концентрираат на своите маани. Затоа, обиди се да ѝ помогнеш на ќерка ти да ги види своите позитивни страни. Би можел дури и да ѝ предложиш да си запише барем три работи што ѝ се допаѓаат кај неа. „Тоа што си ги запишав своите јаки страни ми помогна да сфатам дека всушност имам и добри особини“, вели една млада девојка која се вика Бријана.d

Поттикни ја да му се моли на Јехова Бог. Библијата вели: „Сите свои грижи фрлете ги на него, зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7). „Се терав да му ги искажам моите чувства на Јехова Бог, особено кога ми доаѓаше да се повредувам“, вели Лорена (17). „Тоа ми помогна уште повеќе да се трудам да прекинам со навиката.“ (Библиско начело: 1. Солуњаните 5:17.)

a Самоповредувањето е навика со која некој си нанесува штета на своето тело, сеедно дали со сечење, удирање или на некој друг начин.

b Иако во оваа статија зборуваме во женски род, начелата важат и за двата пола.

c Имињата во оваа статија се сменети.

d Самоповредувањето честопати е резултат на депресија или некое друго нарушување. Во таков случај можеби ќе биде потребно да се побара медицинска помош. Разбудете се! не се залага за некој посебен начин на лекување. Меѓутоа, христијаните треба да се уверат дека начинот на лекување што ќе го изберат не ги прекршува библиските начела.

КЛУЧНИ СТИХОВИ

  • „Тешете ги потиштените души“ (1. Солуњаните 5:14).

  • „Секој човек треба да биде брз на слушање, а бавен на зборување“ (Јаков 1:19).

  • „Молете се непрестајно“ (1. Солуњаните 5:17).

„Ѝ КАЖАВ НА МАЈКА МИ“

„Некое време откако престанав да се сечам, ѝ кажав на мајка ми за она што го правев. Мислев дека ќе ми вика, но напротив — таа ми даде поддршка. Всушност, ѝ беше жал што не ѝ кажав порано. Сакаше да направи сѐ за да ми биде подобро. Многу ми олесна кога ѝ кажав. Таа на секој начин ми покажуваше дека ме сака, а токму тоа беше она што најмногу ми требаше“ (Селија).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели