ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 10/06 стр. 28-29
  • Писма од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Писма од читателите
  • Разбудете се! 2006
  • Сличен материјал
  • Зошто се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Како да престанам да се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Ако ќерка ти намерно се повредува
    Разбудете се! 2013
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 10/06 стр. 28-29

Писма од читателите

Нова содржина и изглед на Разбудете се! Синоќа го дочитав Разбудете се! од јануари 2006. Навистина ми се допаѓа неговиот нов изглед! Сега Разбудете се! повеќе личи на списание за проучување, со дизајн кој го тера читателот на размислување. Од првата до последната страница се гледа дека Јехова ги води работите за да растеме духовно.

Б. Н., Канада

Имам 16 години. Новите обележја на Разбудете се! многу ќе ни помогнат во проучувањето на Библијата. Некои статии имаат неколку прашања кои му помагаат на читателот да размислува за она што го прочитал. Многу сакам да го користам Разбудете се! за моите училишни задачи. Се надевам ќе продолжите да ни давате вакви убави и корисни информации.

С. Н., Намибија

Верата ме крепи — живот со АЛС (јануари 2006) Откако ја прочитав приказната на Џејсон Стјуарт, сите мои проблеми ми се присторија неважни. Сфатив дека Јехова го цени она што го правиме за него според нашите околности. Ѝ се восхитувам на сопругата на Џејсон за самопожртвуваноста и за довербата што ја има во Јехова. Оваа приказна секогаш ќе ми остане во срцето и ќе ми помогне да се соочам со проблемите на кои ќе наидам во иднина.

С. Р. С., Перу

Откако ја прочитав приказната на Џејсон, се расплакав, не само затоа што бев трогната кога читав за неговите премрежиња, туку и затоа што, како Јеховин сведок, сум горда што имам таков духовен брат. Од оваа статија видов колку е важно да си подготвен за искушенијата, зашто „времето и непредвидените настани“ може да нѐ снајдат сите (Проповедник 9:11).

Т. А., Унгарија

Мајка ми почина од АЛС. Затоа, приказната на Џејсон ме допре до срце. Неговиот пример ме охрабри да продолжам да давам сѐ од себе во службата. Го молам Јехова и понатаму да им дава сила на овој брат и на неговата сопруга.

Л. С. Г., Парагвај

Тоа што додека бил здрав Џејсон го минувал времето во длабоко проучување, поради што имал духовна сила на која можел да се потпре кога му било потребно, ме натера да размислам. Станав уште порешен да бидам поревносен во проучувањето на Библијата.

Ј. М., Јапонија.

Младите прашуваат — зошто се повредувам? (јануари 2006) Како млада се борев со дрогата и алкохолот, но најтешкиот проблем со кој морав да се борам беше тоа што намерно се повредував себеси. Тоа беше постојана битка, но статиите како што е оваа ми дадоа сила да истрајам. Не можам да опишам со зборови колку сум ви благодарна.

Е. К., Соединетите Држави

Си нанесував повреди уште како тинејџерка. Сега имам 56 години. Престанав да се повредувам пред четири години, но понекогаш имам толку големи проблеми што ми доаѓа повторно да почнам. Оваа статија ме допре длабоко во срцето. Таа ќе им помогне на луѓето како мене повторно да најдат сила да се носат со секојдневните проблеми.

Името е изоставено, Холандија

Имам 17 години и многу сум ви благодарна за оваа статија. Имам проблем со самоповредувањето. Неодамна повторно се исеков. Потоа, отидов кај мајка ми и ја замолив да се помоли со мене. И покрај овој проблем, научив дека Јехова ме сака. Вашата статија е од голема помош, и му благодарам на Бог за тоа!

Н. М., Република Чешка

„Не е можно!“ Така реагирав кога ја видов оваа статија. Имам 18 години и си имам нанесувано повреди. Болката ми помага да ги потиснам чувствата. Многу често ми доаѓа да се измачувам, и не знам како да се борам со тие чувства. Многу се изненадив кога ја видов оваа статија. Солзи ми потекоа, и му се заблагодарив на Јехова во молитва. Само во Јеховината организација може да се најде ваква утеха!

А. П., Русија

Кога имав 14 години, почнав да си ја олеснувам душевната болка со тоа што се повредував. Еднаш дури морав да одам во болница поради тоа. Тоа што водев дневник многу ми помогна да си ги контролирам симптомите. Исто така, кога ми доаѓа да се повредам, му се јавувам на некој обѕирен пријател. Од особена помош ми е молитвата. А кога не се чувствувам достојна за да се молам, тогаш пријателите и христијанските старешини се молат со мене. Битката е тешка, но научив како да се борам и дека треба да ја прифатам сета помош што ми е на располагање за да не морам да се повредувам себеси.

Н. В., Германија

На сликата на првата страница од оваа статија е прикажана една девојка што си ја кубе косата, а во статијата е спомната „Сара“, која си ја кубела косата за да се казни себеси. Ќерка ми има една болест што се вика трихотиломанија, која се карактеризира со тоа што болниот си ја кубе косата. Оваа болест е поврзана со опсесивно-компулзивно нарушување. Поттикната е од внатрешен порив, а не од желбата болниот да си нанесе повреди. Кубењето на косата не е чекор што води до посериозни повреди.

М. Х., Соединетите Држави

„Разбудете се!“ одговара: Изразот трихотиломанија, измислен при крајот на 19 век, се однесува на нарушување во однесувањето кое се карактеризира со незапирлив порив болниот да си ја кубе косата. Како што сакавме умесно да прикажеме со сликата, некои си ја кубат косата за да си нанесат повреди. Меѓутоа, ова не значи дека секој што компулзивно си ја кубе косата наликува на оние што се повредуваат сами и што се спомнати во нашата статија. Како што истакнува нашата читателка, понекогаш таа навика е тесно поврзана со опсесивно-компулзивно нарушување.

Како и да е, некои стручњаци објаснуваат дека мотивот за трихотиломанија мора да се земе предвид за да може терапијата да се усклади според потребите на поединецот. Затоа, можеби е добро оние што имаат ваков проблем да се посоветуваат со стручно медицинско лице за да им биде поставена дијагноза и да им биде дадена соодветна терапија.

Како ќе одговориш? (јануари 2006) Многу се радувам поради оваа нова рубрика! Ние ги школуваме нашите внуци дома, и ова ќе биде одлично дополнување за нивното секојдневно читање на Библијата и на статиите од Разбудете се! што ги читаат како дел од нивните училишни задачи. Ви благодариме што толку многу се грижите за младите.

Б. Е., Соединетите Држави

Оваа рубрика е малку тешка, но кога ќе најдам некој одговор, многу сум среќен. Синоќа цела вечер ја читав оваа страница — многу беше интересно! Кога ќе пораснам, сакам да помагам да се прави ова списание за да можат и другите да учат за Јехова!

Д. Х., Соединетите Држави

Имам осум години. Моето семејство ја користи оваа страница додека проучуваме како семејство. Многу сакаме да истражуваме. Делот „Кој сум јас?“ понекогаш е тежок, но ние сакаме предизвици. Само продолжете така.

К. В., Соединетите Држави

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели