ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 1/06 стр. 10-12
  • Зошто се повредувам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто се повредувам?
  • Разбудете се! 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Различни карактеристики
  • „Начин за да се надмине стресот“
  • „Критични времиња“
  • Како да престанам да се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Ако ќерка ти намерно се повредува
    Разбудете се! 2013
  • Писма од читателите
    Разбудете се! 2006
  • Зошто намерно се повредувам?
    Младите прашуваат
Повеќе
Разбудете се! 2006
g 1/06 стр. 10-12

Младите прашуваат . . .

Зошто се повредувам?

„Толку лошо се исеков кај рачните зглобови што мораа да ме шијат. Му реков на докторот дека се исеков на сијалица, што и беше вистина — но не му спомнав дека тоа го направив намерно“ (Соња, 23).

„Моите родители забележаа дека имам исеченици, но ги видоа само оние што не беа толку сериозни и што личеа на гребаници . . . Понекогаш ќе видат некоја што не им е позната, па ќе измислам некој изговор . . . Не сакам да знаат што правам“ (Ана, 13).

„Намерно се повредувам уште од 11 години. Знаев колку многу Бог го цени човечкото тело, но дури и тоа не ме спречи“ (Мери, 20).

МОЖЕБИ и ти познаваш некој како Соња, Ана или Мери.a Можеби е некој твој соученик. Можеби се работи за брат ти или сестра ти. Можеби и ти го правиш тоа. Се проценува дека само во Соединетите Држави милиони луѓе — многу од нив млади — намерно си нанесуваат најразлични повреди, на пример, се сечат, се горат, се удираат или си ја гребат кожата.b

Зарем намерно се повредуваат? Порано мнозина би го поврзале ваквото однесување со некаква чудна мода или со некој култ. Меѓутоа, во поново време, сознанијата во врска со самоповредувањето — што вклучува засекување или самоосакатување — драстично се зголемија. Очигледно, се зголеми и бројот на лицата што признаваат дека имаат ваков проблем. „Сите лекари велат дека овој проблем станува сѐ поголем“, вели Мајкл Холандер, директор на еден медицински центар во Соединетите Држави.

Самоповредувањето ретко завршува фатално, но сепак е опасно. Да ја земеме, на пример, Бети. „Кога се повредувам, користам жилет“, вели таа. „Двапати лежев во болница. Еднаш мораа да ме однесат во ургентниот центар зашто се исеков многу длабоко.“ Како и многу други што страдаат од истата болест, Бети продолжила да се повредува и како возрасна. „Се повредувам од 15 години, а сега имам 30“, вели таа.

Дали ти си подлегнал на поривот да се повредуваш? Дали познаваш некој друг што му подлегнал на ваквиот порив? Ако да, не очајувај. Има помош. Во следниот број на Разбудете се! ќе зборуваме за тоа како може да им се помогне на оние што се повредуваат.c Но, најпрво би било добро да кажеме нешто за луѓето што го имаат ова растројство, и зошто се повредуваат.

Различни карактеристики

Тешко е лицата што намерно се повредуваат да се стават во една категорија. Некои потекнуваат од проблематични, а други од стабилни и среќни семејства. Голем број од нив не се добри ученици, но мнозина се одлични ученици. Обично не може скоро воопшто да се забележи дека имаат некаков проблем, зашто честопати и не може да се види однадвор дали некого го измачува некаков проблем. Библијата вели: „И во смеата срцето чувствува болка“ (Пословици 14:13).

Освен тоа, и степенот на повредувањето се разликува од човек до човек. На пример, едно истражување покажа дека има поединци што се повредуваат само еднаш годишно, додека други се повредуваат, во просек, двапати на ден. Интересно, бројот на мажи што се повредуваат е поголем отколку што се мислеше порано. Сепак, овој проблем најчесто се јавува кај девојките во тинејџерски години.

И покрај овие различни карактеристики, се чини дека некои лица што се повредуваат имаат заеднички црти. Во една енциклопедија за млади се вели: „Тинејџерите што намерно се повредуваат честопати се чувствуваат слаби, тешко им да им зборуваат за своите чувства на другите, се чувствуваат осамени или отфрлени, уплашени се и имаат ниска самопочит“.

Се разбира, некои можеби ќе речат дека овој опис одговара за секој млад човек што се соочува со стравовите и грижите што ги носи растењето. Но, внатрешната борба кај едно лице што намерно се повредува е особено силна. Бидејќи не може да ги искаже со зборови чувствата што го мачат и не може да му ги каже на некое доверливо лице, притисоците на училиште, на работа или несогласувањата дома може да му изгледаат непремостливи. Не гледа никакво решение и мисли дека нема никој со кого би можел да разговара. Напнатоста се чини неподнослива. На крајот, едноставно заклучува: Ако си нанесе физичка повреда, може да си ја олесни болката во душата, и мисли дека така ќе може да продолжи со животот — барем за некое време.

Зошто оној што немерно се повредува сака да си ја олесни душевната болка нанесувајќи си физичка болка? Да го објасниме тоа вака: размисли што се случува кога одиш во амбуланта да ти стават инјекција. Кога медицинската сестра ќе почне да ти ја става инјекцијата, ти се случува ли понекогаш да се штипнеш или да се притиснеш со ноктите, само за да си го одвлечеш вниманието од убодот на иглата? Нешто слично прави и лицето што намерно се повредува, но на многу поопасен начин. За него, тоа е начин да си го одвлече вниманието и да си ја олесни душевната болка. А душевната болка е толку голема што, во споредба со неа, физичката болка е попожелна. Можеби затоа една девојка што се повредува го објаснува тоа како „лек за моите стравови“.

„Начин за да се надмине стресот“

На оние што не знаат многу за оваа болест, ако некој намерно се повредува, можеби ќе им се чини дека сака да се убие. Но, обично не се работи за тоа. „Општо земено, овие луѓе се обидуваат да ѝ стават крај на болката, а не на својот живот“, пишува Сабрина Солин Вајл, уредник на едно списание за тинејџери. Затоа, во една книга се вели дека тој обид е „појас за спасување“, а не начин да му се стави крај на животот. Во неа оваа навика се нарекува и „начин за да се надмине стресот“. Каков стрес?

Се покажало дека многумина од оние кои намерно се повредуваат имаат доживеано некаква траума, како што е злоставување во детството или негрижа. Кај други, причина биле некои несогласувања со семејството или тоа што некој од родителите бил алкохоличар. Кај трети, пак, се работи за душевно пореметување.

Може да има и други проблеми. На пример, Сара била претерано самокритична, барајќи совршенство од себеси. Иако имала направено сериозни грешки и христијанските старешини ѝ помогнале, таа чувствувала претерана вина поради секојдневните ситни грешки. „Си мислев дека морам да бидам ‚строга‘ со себе“, вели Сара. „За мене, самоповредувањето едноставно беше еден вид самодисциплина. Во таа ‚самодисциплина‘ спаѓаше да си ја кубам косата, да се сечам по рацете, да се удирам и да си оставам големи модрици, а и да си одредувам казни како, на пример, да ги држам рацете под врела вода, да седам надвор на студот без палто или да не јадам ништо цел ден.“

Сара намерно се повредувала бидејќи чувствувала длабок презир кон себе. „Имаше моменти кога знаев дека Јехова ми простил за грешките“, вели таа, „но јас не сакав да ми прости. Сакав да страдам затоа што многу се мразев. Иако знаев дека Јехова никогаш не би измислил место за мачење како што е пеколот во христијанскиот свет, јас сакав да измисли еден таков пекол само за мене.“

„Критични времиња“

Некои можеби се чудат зошто за еден ваков загрижувачки проблем се знае дури од неодамна. Меѓутоа, оние што ја проучуваат Библијата знаат дека ова се ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1). Затоа, не се изненадени кога ќе чујат дека луѓето — вклучувајќи ги и младите — почнуваат да се однесуваат на начин што просто не може да се објасни.

Во Библијата се вели дека „угнетувањето ги прави мудрите — безумни“ (Проповедник 7:7). Предизвиците што ги носи созревањето — во некои случаи придружени со трагичните искуства во животот — може да бидат причина што ќе наведе некои да стекнат навика да се однесуваат на начин што е опасен за нив, како што е самоповредувањето. Ако еден млад човек се чувствува осамен и мисли дека нема никој со кого би можел да разговара, сакајќи да најде олеснување, може да почне намерно да се повредува. Но, дури и ако најде олеснување на таков начин, тоа ќе биде само краткотрајно. Порано или подоцна, проблемите пак ќе се вратат и тогаш пак ќе се повредува.

Во глобала, оние што намерно се повредуваат сакаат да престанат со таквото однесување, но тешко им оди. Како успеале некои да престанат да се повредуваат? За ова ќе се зборува во статијата „Младите прашуваат . . . Како да престанам да се повредувам?“ што ќе излезе во февруарскиот број на Разбудете се!

[Фусноти]

a Некои имиња во оваа статија се променети.

b Самоповредувањето не треба да се меша со пирсинг или со тетовирање. Тие главно повеќе се поврзани со мода отколку со некаков внатрешен порив. Види Разбудете се! од 8 ноември 2000, страници 27, 28.

c Во Левит 19:28 се вели: „Не врежувајте засеци на вашето тело за покојник“. Овој пагански обичај — очигледно наменет за да им се угоди на боговите за кои се верувало дека владеат над мртвите — се разликува од навиката на самоповредување за која се зборува во оваа статија.

ЗА РАЗМИСЛУВАЊЕ

◼ Зошто некои млади се повредуваат?

◼ Откако ја прочита оваа статија, можеш ли да размислиш кој е подобар начин да се справиш со вознемирувачки чувства?

[Истакната мисла на страница 11]

„И во смеата срцето чувствува болка“ (Пословици 14:13).

[Истакната мисла на страница 11]

„Општо земено, овие луѓе се обидуваат да ѝ стават крај на болката, а не на својот живот“

[Истакната мисла на страница 12]

Живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели