ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ijwyp статија 19
  • Зошто намерно се повредувам?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто намерно се повредувам?
  • Младите прашуваат
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Зошто некои млади намерно се повредуваат?
  • Како да ја победиш склоноста да се самоповредуваш?
  • Зошто се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Зошто се откажав од успешна кариера
    Разбудете се! 2010
  • Како да престанам да се повредувам?
    Разбудете се! 2006
  • Ако ќерка ти намерно се повредува
    Разбудете се! 2013
Повеќе
Младите прашуваат
ijwyp статија 19

МЛАДИТЕ ПРАШУВААТ

Зошто намерно се повредувам?

  • Што е самоповредување?

  • Зошто некои млади намерно се повредуваат?

  • Како да ја победиш склоноста да се самоповредуваш?

  • Интервју

  • Прашања за размислување

  • Утешни стихови од Библијата

Самоповредување е кога некој намерно си нанесува повреди. Оние што се склони да се самоповредуваат си нанесуваат болка така што си ја горат кожата, си ја кубат косата, си прават модринки, се гребат, се сечат со некој остар предмет или се повредуваат на некој друг начин.

Дали следниве тврдења се точни или неточни?

  1. Само девојките намерно се повредуваат.

  2. Оној што намерно се повредува така што се сече ја крши библиската заповед запишана во 3. Мојсеева 19:28: „Не сечете се по телото“.

Одговори:

  1. Неточно. Иако изгледа дека оваа појава е почеста кај девојките, има и момчиња што се самоповредуваат.

  2. Неточно. Заповедта запишана во 3. Мојсеева 19:28 се однесува на еден древен пагански обред, а не на склоноста некој да се самоповредува. Сепак, разумно е да заклучиме дека нашиот Творец, кој многу се грижи за нас, не сака да си нанесуваме болка (1. Коринќаните 6:12; 2. Коринќаните 7:1; 1. Јованово 4:8).

Зошто некои млади намерно се повредуваат?

Што мислиш, која од следниве изјави е точна?

Младите се самоповредуваат затоа што...

  1. А) сакаат да се ослободат од емоционалната болка.

  2. Б) сакаат да се самоубијат.

Точен одговор: А. Повеќето млади што се самоповредуваат не сакаат да извршат самоубиство. Тие едноставно сакаат да се ослободат од негативните чувства кои ги преплавиле.

Прочитај што велат некои девојки за својата склоност да се самоповредуваат.

Силија: „Тоа ми носеше големо олеснување.“

Тамара: „Тоа ми беше излез од проблемите. Полесно ми беше да ја издржам физичката болка отколку емоционалната.“

Кери: „Не можев да поднесам да бидам тажна. Тоа што се сечев, ми помагаше да не мислам на тагата.“

Џерин: „Секогаш кога ќе се сечев, престанував да размислувам за тоа што се случува околу мене и така бегав од реалноста. Тогаш ми беше многу полесно.“

Како да ја победиш склоноста да се самоповредуваш?

Многу е важно да му се молиш на Јехова Бог. Тоа може да ти биде од голема помош. Во Библијата пишува: „Сите свои грижи фрлете ги на [Бог], зашто тој се грижи за вас“ (1. Петрово 5:7).

Предлог: Почни со кратки молитви во кои можеби ќе му кажеш на Јехова „Те молам, помогни ми“. Со текот на времето, ќе можеш да му го отвориш срцето на „Богот на секоја утеха“ и да му кажеш како се чувствуваш (2. Коринќаните 1:3, 4).

Молитвата не е како „апче за смирување“. Таа е вистински разговор со нашиот небесен Татко, кој ни ветува: „Ќе ти помогнам. Ќе те потпрам со мојата праведна десница“ (Исаија 41:10).

На многумина што се самоповредувале им помогнало и тоа што им се довериле на родителите или на некој возрасен пријател. Прочитај како три девојки се справуваат со склоноста да се самоповредуваат.

Интервју

  • Дајана (21)

  • Кети (15)

  • Лорена (17)

Колку години имаше кога почна намерно да се повредуваш?

Лорена: Имав околу 14 години.

Дајана: Имав 18 години. Но, не го правев тоа редовно. Понекогаш, една до две седмици се сечев секој ден. А понекогаш, не го правев тоа цел месец.

Кети: Почнав да се сечам на 14 години. Одвреме-навреме повторно ми се случува да го направам тоа.

Зошто сакаше да се самоповредуваш?

Кети: Се мразев себеси. Мислев дека никој не сака да се дружи со мене.

Дајана: Понекогаш, од толку голема тага ме обземаше чувство на беспомошност, а тоа чувство со текот на времето ме фрлаше во длабок очај. Едноставно веќе не можев да издржам. Во мене како да се криеше ѕвер кој морав да го ослободам така што ќе се сечам.

Лорена: Ме обземаше многу силна тага, лутина или чувство на безвредност. Се чувствував мизерно и сакав да се ослободам од ужасните чувства. Понекогаш мислев дека ја заслужувам физичката болка.

Дали се чувствуваше подобро кога се самоповредуваше?

Дајана: Да. Чувствував големо олеснување, како да ми паѓаше тежок товар од грбот.

Кети: Тоа е слично како кога ќе се исплачеш. Исто како што некои луѓе се чувствуваат подобро откако ќе се исплачат, така и јас откако ќе се исечев се чувствував подобро.

Лорена: Кога ќе се повредев, имав чувство како да сум дупнала балон полн со негативни емоции. Но, наместо да пукне, полека ги испушта сите лоши чувства.

Се плашеше ли да кажеш некому што ти се случува?

Лорена: Да. Се плашев дека луѓето ќе мислат оти не сум нормална. Освен тоа, не сакав другите да ми чепкаат во приватноста.

Дајана: Другите отсекогаш мислеа дека сум стабилна личност, па затоа не сакав да ги разочарам. Мислев дека тоа што ќе побарам помош ќе биде пораз за мене.

Кети: Се плашев луѓето да не речат дека нешто не е во ред со мене. Тоа ќе ме дотолчеше. Освен тоа, мислев дека заслужувам да страдам.

Што ти помогна да престанеш да се самоповредуваш?

Лорена: Ѝ кажав сѐ на мајка ми. Побарав и стручна помош од лекар за да се справам со негативните чувства. Неколку пати подлегнав на искушението повторно да се повредувам, ама тоа што почнав подлабоко да ја проучувам Библијата многу ми помогна. Се трудам редовно да зборувам со луѓето за Божјата Реч. Одвреме-навреме се борам со чувства на безвредност. Но, кога ќе се појават, не им дозволувам да ме надвладеат.

Кети: Една моја пријателка која е Јеховин сведок и е десет години постара од мене, виде дека нешто не е во ред со мене. По некое време ѝ кажав што ме мачи. Се изненадив кога дознав дека и таа порано се борела со истиот проблем. Лесно ми беше да ѝ се доверам, затоа што ѝ таа минувала низ истите маки. Исто така, отидов и на лекар, кој ни помогна мене и на моите родители да сфатиме што ми се случува.

Дајана: Една вечер бев на гости кај брачен пар со кој бев блиска. Мажот сфати дека имам некаков проблем. На љубезен начин ме поттикна да им кажам во што е работата. Жена му нежно ме зеде во прегратки исто како што правеше мајка ми кога бев малечка. Почнав да плачам, а почна да плаче и таа. Не ми беше лесно да им кажам со каков проблем се борам, ама ни малку не се каам што го направив тоа.

Како ти помогна Библијата?

Дајана: Библијата ми помогна да сфатам дека сама нема да го решам мојот проблем. Ми требаше помош од Јехова Бог (Изреки 3:5, 6).

Кети: Тоа што ги читам Божјите зборови запишани во Библијата ми дава голема утеха (2. Тимотеј 3:16).

Лорена: Кога ќе прочитам некој стих што ме допира до срце, го запишувам во тефтерче за подоцна да размислувам за него (1. Тимотеј 4:15).

Кои стихови најмногу ти помогнаа?

Дајана: Во Изреки 18:1 пишува: „Оној што се изолира, оди по своите себични желби, се спротивставува на секоја мудрост“. Понекогаш ми е тешко да бидам во друштво на други луѓе, но овој стих ми помага да сфатам дека е опасно да се изолирам.

Кети: Многу ми значат зборовите од Матеј 10:29, 31. Таму Исус рекол дека ниту едно врапче не умира без Јехова да знае за тоа. Тој продолжил: „Не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња“. И ден-денес овие зборови ме потсетуваат колку вредам во очите на Јехова.

Лорена: Многу ми се допаѓа тоа што е запишано во Исаија 41:9, 10, каде што Јехова на својот народ му вели: „Не те отфрлив. Не плаши се, зашто јас сум со тебе... Јас ќе те зајакнам“. Овие зборови ми влеваат сила затоа што ми покажуваат дека Јехова ме сака и дека секогаш ќе биде крај мене.

Прашања за размислување

  • Кому би можела да се довериш за твојот проблем?a

  • Што би му кажала на Јехова Бог во молитва за она што те мачи?

  • Можеш ли да наведеш два начина на кои можеш да се ослободиш од стресот и грижите без да се самоповредуваш?

Утешни стихови од Библијата

Предлог: Кога ќе прочиташ некој библиски стих што ти покажува колку многу Јехова те сака или ти помага да стекнеш урамнотежено гледиште за себе и за своите пропусти, запиши си го некаде. Напиши си и зошто тој стих толку ти значи. Ако не знаеш од каде да почнеш, еве некои библиски стихови што им помогнале на Дајана, Кети и Лорена.

  • Римјаните 8:38, 39

    „Овие зборови ми покажуваат дека Јехова ме сака дури и кога мислам дека сум го допрела дното“ (Дајана).

  • Псалм 73:23

    „Овој стих ме уверува дека не сум оставена сама на себе, дека Јехова секогаш е со мене“ (Кети).

  • 1. Петрово 5:10

    „Проблемите нема секогаш да исчезнат за миг. Понекогаш ќе мора да стиснеме заби и да издржиме. Но, Јехова може да ни даде сила да истраеме“ (Лорена).

Еве уште неколку стихови што може да те утешат:

  • Псалм 34:18

  • Псалм 54:4

  • Псалм 55:22

  • Исаија 57:15

  • Матеј 11:28, 29

a Во оваа статија користиме женски род поради тоа што оваа појава е почеста кај девојките. Но, истите совети важат и за машките.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели