ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/13 стр. 16
  • Перјата на царскиот пингвин

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Перјата на царскиот пингвин
  • Разбудете се! 2013
  • Сличен материјал
  • Доаѓаат малите сини пингвини на парада!
    Разбудете се! 2003
  • Содржина
    Разбудете се! 2013
  • Пердуви — чудесна творба
    Разбудете се! 2007
  • Пердувите на бувот
    Разбудете се! 2009
Повеќе
Разбудете се! 2013
g 9/13 стр. 16
[Слика на страница 16]

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Перјата на царскиот пингвин

ЦАРСКИОТ пингвин може да плива во вода и да скокне на санта мраз со неверојатна брзина. Како го прави тоа?

[Слика на страница 16]

Пердув на царски пингвин

Размисли: Царскиот пингвин задржува воздух во своите перја. Ова не само што му служи како изолација од екстремно ниските температури туку и му овозможува да се движи два до три пати побрзо. Како? Претпоставката на морските биолози е дека тоа го постигнува така што испушта мали меурчиња воздух од под пердувите. Меурчињата го намалуваат триењето меѓу водата и перјата на пингвинот, со што тој добива поголемо забрзување.

Интересен е фактот дека инженерите веќе некое време вршат истражувања за да можат да направат побрзи бродови кои ќе испуштаат меурчиња со што ќе се намали триењето меѓу трупот на бродот и водата. Меѓутоа, тие признаваат дека понатамошните истражувања се под знак прашалник затоа што „би било многу тешко да се изработи порозна мембрана или мрежа која би била соодветна копија на сложената структура на перјата на пингвинот“.

Што мислиш? Дали перјата на царскиот пингвин настанале со еволуција или се дело на мудар Творец?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели