ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 12/14 стр. 10-11
  • Мало телце, големи очи!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мало телце, големи очи!
  • Разбудете се! 2014
  • Сличен материјал
  • Цени ги своите прекрасни дарби
    Разбудете се! 2011
  • Музичари–скокачи од светот на инсектите
    Разбудете се! 1993
  • Штом верувам
    Пеј му од срце на Јехова
  • Да се подига бебе во дивината
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Разбудете се! 2014
g 12/14 стр. 10-11
Тарзиер

Мало телце, големи очи!

МНОЗИНА би рекле дека е слатко. За други, пак, е необично. Има долги, тенки нозе, меко крзно и големи светкави очи. Телото му е долго околу 12,5 сантиметри, а тежи околу 115 грама. Можеш ли да погодиш кое е ова животинче? Тоа е тарзиерот.

Да дознаеме нешто повеќе за тарзиерот што живее на Филипините. Очите, ушите, рацете, стапалата, нозете и опашката му се некако несразмерно големи во однос на неговото малечко тело. Но, ако малку подобро го анализираме, ќе видиме дека овие негови навидум чудни карактеристики се создадени со одредена цел.

СЛУХ: Тарзиерот има уши тенки како хартија кои може да ги витка, да ги одвиткува и да ги врти и со нив може да регистрира дури и најслаби звуци. Неговиот остар слух не само што му помага да ги избегне грабливците, како што се дивите мачки, туку и да го лоцира пленот. Откако ќе се стемни, тарзиерот ги насочува ушите кон звукот на штурците, термитите, бумбарите, птиците и жабите. Потоа ја врти и целата глава за да го здогледа со своите големи очи следниот можен оброк.

СТИСОК: Тарзиерот има раце совршено погодни за да се држи за тенките гранчиња. На врвовите на прстите има посебни перничиња со вдлабнатинки кои имаат функција како шарите на автомобилските гуми. Дури и кога спие, тарзиерот мора цврсто да се држи. Вдлабнатинките на долната страна од неговата долга опашка му помагаат да остане стабилен сѐ додека не се разбуди.

ВИД: Ниеден друг цицач нема толку големи очи во однос на телото. Всушност, окото на тарзиерот е поголемо од неговиот мозок! Очите му се статични — секогаш насочени нанапред. Дали ова му е хендикеп? Не, затоа што тоа е надоместено со нешто друго — тарзиерот има флексибилен врат кој му овозможува да ја врти главата за 180 степени во двата правца.

ПОДВИЖНОСТ: Благодарение на долгите нозе, тарзиерот има доволно сила да прескокне растојание и до 6 метри, што е над 40 пати повеќе од неговата должина! Кога лови, овој мал грабливец скока во темнината со раширени прсти и го зграпчува пленот со милиметарска прецизност.

Тарзиерот ретко преживува во заробеништво, меѓу другото затоа што има ненаситен апетит за живи инсекти и затоа што не сака да го допираат. Сепак, ова уникатно животинче со очи како филџани им е едно од омилените на Филипинците. Речиси секое делче на ова мило жителче на шумата е за восхит.

Тарзиерот — заштитен вид

Тарзиер седи на човечка дланка

Во 1997 год., владата на Филипините го прогласи филипинскиот тарзиер за „строго заштитен“ вид. Тоа значи дека е незаконски да се лови, да се уништува неговото природно живеалиште, па дури и да се чува како милениче. Тарзиерот е едно од омилените животни на Филипинците и претставува вистинска туристичка атракција.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели