ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 5/15 стр. 12-13
  • Ал-Хваризми

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ал-Хваризми
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „ХЕРОЈ НА АРАПСКАТА МАТЕМАТИКА“
  • АРАПСКАТА МАТЕМАТИКА СЕ ШИРИ
  • Содржина
    Разбудете се! 2015
  • Како арапскиот станал јазикот на учените
    Разбудете се! 2012
  • Врвни средновековни астрономи
    Разбудете се! 2012
  • Еден Цар во потрага по мудрост
    Разбудете се! 2007
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 5/15 стр. 12-13
Споменик на Ал-Хваризми

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Ал-Хваризми

КОГА ја мерат својата тежина или кога ја пресметуваат сумата на она што го пазарувале, многу луѓе ги користат индо-арапските броеви. Зошто се нарекуваат индо-арапски? Се чини дека основата на денешниот нумерички систем, кој ги содржи броевите од нула до девет, потекнува од Индија и дека, благодарение на средновековните изучувачи кои пишувале на арапски, успеала да стигне во западните земји. Најистакнат меѓу овие изучувачи е Мухамед ибн-Муса ал-Хваризми. Тој е роден околу 780 год. од н.е. веројатно на територијата на денешен Узбекистан и е наречен „големиот херој на арапската математика“. Зошто се здобил со вакво признание?

„ХЕРОЈ НА АРАПСКАТА МАТЕМАТИКА“

Во една своја книга, Ал-Хваризми пишувал за практичната употреба на децималите и на поедноставен начин објаснил една метода за решавање на одредени математички проблеми која станала доста раширена (The Book of Restoring and Balancing). Зборот al-jabr кој се појавува во арапскиот наслов на оваа книга, Kitab al-jabr wa’l-muqabala, е корен на зборот алгебра. Есан Масуд, кој пишува на научни теми, вели дека алгебрата се смета за „најважната гранка од математиката која некогаш била откриена и која го поддржува секој аспект на науката“.a

За да се види колку е поедноставно да се користат арапски броеви, бројот 188 со римски цифри изгледа вака: CLXXXVIII

Еден автор на шега вели: „Многу генерации на средношколци сметаат дека [Ал-Хваризми] не морал да се мачи толку многу“. Како и да е, целта на Ал-Хваризми била да ги поедностави пресметките при тргувањето, при поделбата на наследството, при мерењето земјени површини итн.

Со векови подоцна, математичарите од западниот свет, меѓу кои биле Галилео и Фибоначи, многу го ценеле Ал-Хваризми поради тоа што детално објаснил како се користат равенките. Објаснувањата на Ал-Хваризми го отвориле патот за понатамошни истражувања на полето на алгебрата, аритметиката и тригонометријата. Со помош на тригонометријата, изучувачите од Блискиот Исток можеле да ги пресметаат аглите и страните на триаголниците и да вршат понатамошни истражувања во областа на астрономијата.b

Алгебрата е „најважната гранка од математиката која некогаш била откриена“

Оние што ги користеле сознанијата на Ал-Хваризми откриле нови начини како да се употребуваат децималите и како да се пресметува површина и волумен. Архитектите и градежниците од Блискиот Исток ги користеле овие напредни методи долго време пред нивните колеги од Западот, кои дознале за нив за време на крстоносните војни. Архитектите и градежниците од Западот, потпомогнати од образовани робови и имигранти кои биле муслимани, подоцна го примениле ова знаење во своите родни земји.

АРАПСКАТА МАТЕМАТИКА СЕ ШИРИ

Со текот на времето, книгите на Ал-Хваризми биле преведени на латински. Италијанскиот математичар Фибоначи (о. 1170-1250), кој уште бил познат и како Леонардо од Пиза, е заслужен за ширењето на индо-арапските броеви во западниот свет. Тој слушнал за арапските броеви за време на своите патувања во земјите околу Средоземното Море и потоа напишал книга за нив (Book of Calculation).

Биле потребни векови за објаснувањата на Ал-Хваризми да станат познати. Но, денес неговите методи и начини на пресметување наоѓаат голема примена во науката и технологијата, а особено во трговијата и индустријата.

a Во современата алгебра непознатите броеви се претставени со букви, како што се x или y. Еден пример е равенката x + 4 = 6. Ако од двете страни на равенката одземеме 4, ќе дознаеме дека x е еднакво на 2.

b Грчките астрономи биле првите што ги пресметувале страните и аглите на триаголниците. Изучувачите кои биле муслимани ја користеле тригонометријата за да одредат во кој правец се наоѓа Мека. Муслиманите сакаат да се молат свртени со лицето кон Мека. Исто така, според нивната традиција, мртвите треба да се погребуваат со лицето свртено кон Мека и месарите треба да бидат свртени во правец на Мека кога ги колат животните за храна.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Броевите што се користат денес за првпат се појавиле во Индија во својата првобитна форма уште во третиот век пр.н.е.

  • Изучувачите кои биле хиндуси подоцна му го пренеле своето познавање од математиката на калифот Ал-Мансур во Багдад.

  • Во една од своите книги Ал-Хваризми зборувал за децималните броеви (Calculation With Indian Numerals). Во неа, тој подетално разработил математички концепти од некои постари дела на грчки, хебрејски и индиски јазик.

Наследство од непроценлива вредност

„Кога станува збор за броевите и математиката, наследството [што го оставиле средновековните изучувачи од Блискиот Исток] е огромно и неоспорно“ (Science and Islam, од Есан Масуд).

„Броевите кои денес се користат во западните земји потекнуваат од различни извори. Сепак, колку што е познато, Индија е првата земја во која се користеле повеќето од овие броеви“ (Britannica Online Encyclopedia).

Во Европа, индо-арапските броеви „станале широко познати во 15 век“ (Encyclopedia of Society and Culture in the Medieval World).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели