ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 6/15 стр. 10-11
  • Галилео

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Галилео
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НАУКАТА И РЕЛИГИЈАТА
  • „Сепак се движи!“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Судирот на Галилео со црквата
    Разбудете се! 2003
  • Науката и религијата — почеток на конфликтот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Книга која е погрешно прикажана
    Книга за сите луѓе
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 6/15 стр. 10-11
Галилео

ПРОШЕТКА НИЗ ИСТОРИЈАТА

Галилео

Помеѓу 14 и 16 век, некои научници и филозофи во Европа почнале да доаѓаат до сознанија во врска со вселената кои не се совпаѓале со учењата на Католичката црква. Еден од нив бил Галилео Галилеј.

ПРЕД времето на Галилео, многу луѓе верувале дека Сонцето, планетите и ѕвездите кружат околу Земјата. Тоа верување било дел од догмата на Католичката црква.

Но, со својот телескоп, Галилео забележал докази кои биле во остра спротивност на општоприфатените научни ставови. На пример, набљудувајќи ги дамките кои се движеле по површината на Сонцето, тој заклучил дека Сонцето се врти околу својата оска. Ваквите набљудувања во голема мера го зголемиле човековото знаење за вселената, но го довеле Галилео во директен судир со Католичката црква.

НАУКАТА И РЕЛИГИЈАТА

Галилео ги објавува своите сознанија

Неколку децении претходно, полскиот астроном Никола Коперник изнел теорија дека Земјата кружи околу Сонцето. Галилео ги проучувал истражувањата на Коперник во врска со движењето на небесните тела и собрал докази кои ја поткрепувале таа теорија. На почетокот, се колебал да објави некои од своите сознанија затоа што се плашел дека ќе наиде на потсмев и презир. Но, Галилео не можел да ја сокрие возбудата од она што го видел со својот телескоп. Затоа, по некое време ги изнел своите сознанија пред јавноста. Некои научници не ги прифаќале неговите аргументи, а и свештениците почнале да зборуваат против него во своите проповеди.

Во 1616 год., кардиналот Белармино, кој бил „најистакнат теолог во тоа време“, му соопштил на Галилео дека Црквата издала нов декрет со кој ги отфрла идеите на Коперник. Тој му наредил на Галилео да се подложи на овој декрет. Како резултат на тоа, Галилео со години не го застапувал во јавноста гледиштето дека Земјата ротира околу Сонцето.

Во 1623 год., на власт дошол папата Урбан VIII, кој му бил пријател на Галилео. Затоа, во 1624 год. Галилео го замолил папата да го поништи декретот кој бил издаден во 1616 год. Наместо да го направи тоа, папата Урбан побарал од Галилео да ги објасни противречните теории на Коперник и Аристотел без да зазема нечија страна.

Галилео напишал книга во врска со овие теории (Dialogue on the Great World Systems). Но, иако папата му наредил да биде непристрасен, во неа било очигледно дека Галилео ги поддржува заклучоците на Коперник. За кратко време, непријателите на Галилео почнале да тврдат дека книгата го исмејува папата. Галилео бил обвинет за ерес и заплашен со мачење. Поради тоа бил принуден да ги отфрли идеите на Коперник. Во 1633 год., римската инквизиција го осудила на доживотен куќен притвор и ги забранила неговите дела. Галилео умрел на 8 јануари во 1642 год. во својот дом во Арчетри, во близина на Фиренца.

Папата Јован Павле II признал дека Католичката црква погрешно го осудила Галилео

Со векови, некои од делата на Галилео биле дел од списокот на книги кои католиците не смееле да ги читаат. Но, во 1979 год. Црквата повторно почнала да ги разгледува случаите кои ги водела римската инквизиција пред 300 години. Конечно, во 1992 год. папата Јован Павле II признал дека Католичката црква погрешно го осудила Галилео.

НЕКОИ ФАКТИ

  • Галилео Галилеј е роден во 1564 год. во градот Пиза (Италија), кој е познат по кривата кула. Предавал на универзитетот во Падова, а подоцна живеел и работел во Фиренца.

  • Иако не го измислил телескопот, Галилео ја зголемил неговата моќност и ефикасност.

  • Поради своите идеи за вселената, Галилео двапати бил повикан пред инквизицијата — католички суд кој ги казнувал оние што отстапиле од учењето на Црквата.

Дали Галилео бил мачен од инквизицијата?

Некои историчари претпоставуваат дека римската инквизиција физички го малтретирала Галилео. Во казната која му била изречена било наведено дека, за да се откријат вистинските намери на Галилео, морало да биде подложен на „ригорозно испрашување“. Во жаргонот на инквизицијата овој израз најчесто означувал „мачење“ или, во најмала рака, „закана за мачење“.

Експертите сметаат дека имало различни форми и степени на мачење. На пример, инквизиторите понекогаш му ги покажувале на осудениот предметите за мачење, го соблекувале или го врзувале, или, пак, го малтретирале со тоа што му нанесувале сѐ поголема физичка болка. Што точно претставувало ‚ригорозното испрашување‘ во случајот на Галилео останува мистерија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели