ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g 9/15 стр. 7
  • Блискиот Исток во фокус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Блискиот Исток во фокус
  • Разбудете се! 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Ханаански винари
  • Драстично зголемување на наталитетот
  • Пронајдени се ковани монети
  • Првото чудо на Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Првото Исусово чудо
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Наоѓање на вистината на необично место
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
  • Дали пијанството навистина е толку лошо?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Разбудете се! 2015
g 9/15 стр. 7
Луѓе на Блискиот Исток во чаршија

ПОГЛЕД ВО СВЕТОТ

Блискиот Исток во фокус

Блискиот Исток, кој бил дом на многу древни цивилизации, е богата археолошка ризница.

Ханаански винари

Три големи ќупови

Во 2013 год., во Израел археолозите откриле огромна винарска визба која била направена пред 3.700 години. Во визбата имало 40 големи ќупови кои можеле да соберат иста количина вино колку што собираат 3.000 денешни шишиња. Еден археолог кој ги испитувал трагите од вино во ќуповите заклучил дека Ханаанците биле многу добри винари. Тој изјавил: „Виното во секој ќуп било направено според ист рецепт“.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ? Според Библијата, во древниот Израел се произведувало ‚најдоброто вино‘ и се чувало во големи ќупови (Песна над песните 7:9; Еремија 13:12).

Драстично зголемување на наталитетот

Според еден извештај во весникот Гардијан, во Египет во 2012 год. се родени 560.000 новороденчиња повеќе отколку во 2010 год. Магед Осман од египетскиот центар за истражување на јавното мислење „Басера“ изјавил: „Тоа е највисокиот пораст на новороденчиња во целата египетска историја“. Некои стручњаци велат дека, ако наталитетот продолжи со ваков раст, земјата ќе се соочи со уште поголем недостиг на вода, храна и струја.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ? Според Библијата, Божјата намера е луѓето ‚да ја наполнат Земјата‘ со нивни потомци до соодветен степен и сите да имаат добри услови за живот (1. Мојсеева 1:28; Псалм 72:16).

Пронајдени се ковани монети

Во близина на еден автопат во Израел откриени се над 100 бронзени монети со натпис „четврта година“. Датата укажува на четвртата година од бунтот на Евреите против Римјаните (69-70 год. од н.е.) кој водел до уништувањето на Ерусалим. Пабло Бетцер, кој е раководител на ископувањето, изјавил: „Очигледно сопственикот сфатил дека земјата ќе биде поразена — можеби ја гледал римската војска која наближувала — и го скрил својот имот надевајќи се дека ќе си го земе подоцна“.

ДАЛИ СИ ЗНАЕЛ? Во 33 год. од н.е., Исус Христос прорекол дека Римјаните ќе го опсадат Ерусалим. Тој ги поттикнал христијаните да побегнат на безбедно во планините (Лука 21:20-24).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели