ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g16 Бр. 5 стр. 10-11
  • Чудесниот елемент

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Чудесниот елемент
  • Разбудете се! 2016
  • Сличен материјал
  • Без нив не се може
    Разбудете се! 2009
  • Шуми — колку вредат нивните услуги?
    Разбудете се! 2004
  • Има ли некој молив?
    Разбудете се! 2007
  • Нашите чудесни црвени крвни клетки
    Разбудете се! 2006
Повеќе
Разбудете се! 2016
g16 Бр. 5 стр. 10-11

Чудесниот елемент

Атоми на јаглерод

„Ниту еден елемент не е толку неопходен за живот како јаглеродот“, пишува во една научна книга (Nature’s Building Blocks). Уникатните карактеристики на јаглеродот му овозможуваат да формира врски со други атоми на јаглерод, како и со многу други хемиски елементи, при што се создаваат милиони соединенија. Голем број такви соединенија постојано се откриваат или се добиваат по вештачки пат.

Како што покажуваат наведените примери, со соединување на јаглеродните атоми се формираат разни облици како, на пример, синџири, пирамиди, прстени, плочи и цевки. Јаглеродот навистина е чудесен елемент!

ДИЈАМАНТ

Дијамант

Атоми на јаглерод што формираат пирамиди, наречени тетраедри, и создаваат неверојатно цврста структура поради што дијамантот е најтврдата позната супстанција во природата. Совршениот дијамант, всушност, е само една молекула од јаглеродни атоми.

ГРАФИТ

Молив

Цврсто поврзани јаглеродни атоми распоредени во слоеви поврзани со слаба врска, кои можат да се лизгаат еден од друг како листови хартија наредени еден врз друг. Поради овие својства, графитот е добро средство за подмачкување, како и главна состојка на моливите.a

ГРАФЕН

Трага од молив

Единечен слој од јаглеродни атоми поставени во облик на мрежа, или решетка од шестаголници. Графенот се карактеризира со многупати поголема издржливост на истегнување од челикот. Трагата од молив може да содржи мала количина на графен во единечен слој или, пак, во повеќе слоеви.

ФУЛЕРЕН

Фулерен

Шупливи молекули на јаглерод кои се јавуваат во разни облици, меѓу кои и микроскопски топчиња и цевчиња наречени наноцевки. Тие се мерат во нанометри, или милијардити делови од метарот.

ЖИВИ ОРГАНИЗМИ

Живи клетки што содржат јаглерод

Јаглеродот е основен градежен елемент на многуте клетки од кои се состојат растенијата, животните и луѓето. Тој се наоѓа во јаглехидратите, мастите и аминокиселините.

„[Божјите] невидливи својства... се распознаваат по она што е создадено“ (Римјаните 1:20).

a Види ја статијата „Има ли некој молив?“ во изданието на Разбудете се! од јули 2007.

Ѕвезда

Јаглерод — производ на извонредно прецизни процеси во ѕвездите

Јаглеродот се создава со фузија на три јадра на хелиум, процес за кој научниците веруваат дека се одвива во внатрешноста на ѕвездите наречени црвени џинови. Меѓутоа, за да настане фузија, односно спојување на јадрата на хелиум, мора да бидат прецизно исполнети одредени услови. „Ако настане дури и минимална промена во физичките закони, не би постоела вселената, не би имало живот и, секако, не би постоеле луѓето“, напишал физичарот Пол Дејвис. На што се должи ваквата извонредна прецизност? Некои сметаат дека таа е сосема случајна. За други, таквата прецизност е доказ дека постои мудар Творец. Кој заклучок е логичен за тебе?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели